Иницијатива средното музичко училиште во Битола да се вика Тоше Проески
Битола, 17 октомври (МИА) - Група помлади и возрасни граѓани од Битола денеска соопштија дека ќе поведат иницијатива, средното музичко училиште во овој град да го носи името на Тоше Проески.
Тоше Проески своето средно образование го заврши во битолското музичко училиште како најдобар во генерацијата 1995/99 година кога и матурира. Учеше соло-пеење кај професорот Пеце Митревски.
Иницијаторите денеска воедно поставија пано-табла во школскиот двор со натпис Средно музичко училиште Тоше Проески - Битола.
ИЗВОР (МИА)...