Апатија

С

Сатори

Гостин
Здраво кајгана
Ме интересираат неколку аспекти поврзани со психолошката состојба апатија
1.Дали постои апатија во нашево општество ?
2.Доколку постои која е причината за нејзиното постоење ?
Не ние сме изолирани во меур од сапуница и чекаме да дојде добрата вила и да го пукне.Нормално дека има апатија во нашето општество и во секое друго затоа што ниту еден систем не е совршен или базиран врз вредности кои што на сите им лежат во психолошкиот калап.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
1. Постои:toe:
2. Причини за неа има многу. Мислам дека лошата економска ситуација е најбитна. Немањето пари значи немоќ и несигурност, а тие водат кон апатичност, оти се нема сила да се промени животот кој се живее. Всушност апатијата е еден вид компромис со животот, чување на главата во песок (или во гомна?) и чекање на подобра шанса.
Транзицијата се пресмета со честа и достоинството, па и моралните вредности се руинираа. Тие се диктирани од животните околности - ако не носат некакви придобивки, углед и статус - не се вредности. Значи моралот е препуштен на еден ограничен, немоќен број ЛУЃЕ. Се стекнува впечаток дека цела една општествена пирамида е срушена и дека се треба отпочеток да се градат некои односи за што малку кој има сила и време. И така апатијата зема замав.
На нашата апатија гледам како на принуден одмор во едно стечајно општество. Значи се зависи од стечајни(те)от управни(ци)к.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Здраво кајгана
Ме интересираат неколку аспекти поврзани со психолошката состојба апатија
1.Дали постои апатија во нашево општество ?
2.Доколку постои која е причината за нејзиното постоење ?
Знаеш во некои ситуации , на човекот т.е. на нашиот мозок му е потребна енормна релаксација , па апатијата доаѓа сама по себе , имено сакањето да се избега од секојдневните проблеми доведува до распаѓање сопствената сатисфакција кон некои нешта , па ако земеме во предвид дека личноста која запаѓа во апатија самата влегува во нејзе , тогаш логично е свесно да продолжи/излезе од истата.

Причината е се разбира емоционална , неможе да постои друга причина , само барање на среќа во самите себе и притоа попаѓање во дупката која сами ке си ја ископаме. :toe:
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
А дали може да објасни некој што е тоа Апатија? :kesa:
апатија е емоција
човек во апатија мисли дека се е безнадежно и бил веројатно многу тажен пред да падне во апатија
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Ова е тешка ментална состојба и има луѓе кои што страдаат од оваа болест и неможат да се излечат, кај некои ова е смао привремена состојба ама кај други тоа е нешто дел од нив од карактерот на човекот од свеста и тие што знаат ваков тип на луѓе знаат што зборувам, не е лесно да комуницираш со нив, а тешко е да живееш со такви луѓе.
Не мислиш дека поредокот ни е таков, да повеќето се на еден начин апатични личности? Или ако повеќе го сакаш изразот... Програмирани!
Така, не им е грижа за нештата што се случуваат околу нив а уште помалце интерес да покажат. Она што треба да му се случи ке му се сулучи... И едноставно не се замара...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
1) постои ама тешко дека ќе најдеш апатичен човек(ако најдеш-прати го кај мене да праам дипломска на него:))
2) немање способност за чувствување на било какви емоции или „емоционално слепило“
Настанува поради повреда на ретикуларната формација, односно сивата маса на мозокот.
Затоа е прилично тешко да најдеш човек кој има повреда или да му е отстранета цела сива маса :?.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Апатијата е рамнодушност, незаинтересираност за светот околу нас, но и незаинтересираност и за самиот себе, пасивизам, немање чувстава или потиснување на истите. Она што може да допринесе до апатијата е незадоволството, досадата, страв и несигурност од нешто ново и непознато за нас.
Мислам дека апатијата е тешка психичка состојба на човекот која може да биде предизвикана од различни фактори, еве сега во овој период мислам дека апатијата во нашата земја конкретно е предизвиката од сиромаштијата, од немањето доволно средства за егзистенција, од стравот за изолација која секојдневно ни ја презентираат политичарите доколку не станеме членки на Еу и Нато...
Сосема си во право. И да додадам апатијата се создава исто така со губење на идентитетот на личноста. Кога ке се изгуби личниот идентитет, тогаш се губи и колективниот идентитет, што со себе повлекува и колективна апатија. И токму затоа никој не се интетресира или да се обиде да ги менува работите онолку колку што може да ги промени.:smir:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Апатијата постои.

Поради политичките, општествените и економските прилики во оваа држава.
Народот се надева на големите глави дека ќе ни ја подобрат животната положба, наместо да тргне променувајќи се самите себеси, па општеството. Голем фактор е и мислењето " може и полошо да биде" така овој народ го прави пасивен и апатичен. Се прашувам кога му било подобро...
 
S

smart ass

Гостин
за жал оптимистичките дебилни реклами на владата за знаењето,етиката...не вродија со плод следна мерка би била антидепресанти:pos2:

strasno...kade god da se zavrtis...samo apatija....
тоа се вика безперспективност безнадежност

Апатијата постои.

Поради политичките, општествените и економските прилики во оваа држава.
Народот се надева на големите глави дека ќе ни ја подобрат животната положба, наместо да тргне променувајќи се самите себеси, па општеството. Голем фактор е и мислењето " може и полошо да биде" така овој народ го прави пасивен и апатичен. Се прашувам кога му било подобро...
интересно што сум приметил кај населениево најлесен начин да започнеш разговор е да речеш се испокрадоа,нема пари,работа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom