- Член од
- 30 март 2010
- Мислења
- 1.441
- Поени од реакции
- 400
Тројцата Македонци се на списокот од 12 играчи за кои новинарите кои известуваа за ЕП, можат да гласаат за најдобрата петорка на првенството.
За прв пат во историјата македонски кошаркар има можност да се најде во идеалниот состав на еден шампионат од највисок ранг. Сега, не еден туку тројца Македонци имаат можност да бидат во најдобрата петорка на ЕП во Литванија.
Перо Антиќ, Бо Мекејлеб и Владо Илиевски се најдоа на списокот од 12 играчи кои конкурираат за најдобриот состав, а за кој може да гласаат спортските новинари кои известуваа за континенталниот собир.
За очекување е Мекејлеб сигурно да се најде во најдобрата петорка, кој е една од ѕвездите на овој шампионат и еден од најдобрите поентери. Американецот со македонски пасош е во игра и за најпрестижната индивидуална награда на првенството во Литванија, титулата за најкорисен, МВП-играч на континенталниот шампионат.
На список на играчи што најмногу покажаа на ЕП во Литванија, покрај македонската тројка се уште и Николас Батум, Жоаким Ноа, Паркер (Франција), Витали Фризон, Андреј Кириленко, Тимофеј Мозгов (Русија), Пау Гасол, Марк Гасол и Наваро (Шпанија).
Превземено од: www.kurir.mk