Пред неколку години ми се јави проблем со несоница и го решив со пиење 1-2 чаши пиво пред легнување. Ем витамин бе, ем ја избегнував вечерата, ем заспивав.
@PurplePuma
Никако не се споредувај со тоа што си можела и правела порано. Тоа уште толку фрустрира и троши многу енергија. Потрошив многу време споредувајќи се каква бев пред десет години, се додека еден професор не ми укажа дека треба да престанам со тоа, затоа што не сум истата и најверојатно не ни треба да бидам.
Секој мора да си најде извор да се полни. За некој тоа е спортот, за некој молитвата, за некој медитација етц...
Многу советувам физичка активност. Ние не сме само душа или само тело. Ние сме едно.
Јас многу сакам да пешачам или да возам точак. После еден саат одење или возење се чувствувам како ресетирана.
Пеењето е исто многу ослободува или ако планинарењето. Одиш во планина и се изнавикаш едно убаво, се’ што е лошо да излезе од тебе.
Танцувањето - румба, самба, оро, зумба, што и да е. Впрочем, како нашите предци издржале 5 века турско?
Јога- може да ја практицираат и стари и млади, болни здрави. Особено е полезна за да се смири умот. Најважно е кичмениот столб да е исправен. Може да се седи или да се лежи на тврда подлога (не на тросед). Се концентрираш на дишењето: вдишувам издишувам. Тоа е еден од начините мислите да не летаат лево десно.
И за крај, еден писател и психијатар вели: Кога се случуваат такви ситуации, тоа е знак дека се трудите со сите сили да правите нешто што не сте, дека сте заборавиле дека вие сте љубовта на вашиот живот. Не вашите деца, не вашите родители, не вашата работа, туку вие. Without you, there is no love, no life.
пс: Пуме, те спомнав, иако не се однесува сето на тебе.