Анксиозност

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.445
Ima li nekoj idea za tableti so valerijana?
Moraat da bidat tableti ne kapsuli za da gi krsam, ne goltam nikakvi kapsuli toa e edna od najstarite fobii, otkako znam za sebe.
Има капки од екстракт од валеријана. Има и чаеви за смирување, разни мешавини од валеријана, маточина, кантарион...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Има капки од екстракт од валеријана. Има и чаеви за смирување, разни мешавини од валеријана, маточина, кантарион...
Па купив некоја тинктура од валеријана, само како што прочитав во упатството, не треба бар 4 саати пред активност да се пие, а мене на работа ми треба 100% концентрација. Во суштина затоа и ништо до сега немам пиено, не сакам да зевам на работа :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.445
Па купив некоја тинктура од валеријана, само како што прочитав во упатството, не треба бар 4 саати пред активност да се пие, а мене на работа ми треба 100% концентрација. Во суштина затоа и ништо до сега немам пиено, не сакам да зевам на работа :)
Нема толкаво седативно дејство па да попрачува во некаква работа. Веројатно зависи и од дозата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Anksioznosta pravi da izgubi covek oset sto e navistina strasno. Bidejki ima momenti koga se plasis od raboti koi ne se strasni, so tekot na vremeto, kako sto se podobruva sostojbata, pocnuvas da se plasis od raboti od koi 80% od lugeto se plasat. Nema covek sto ne se plasi od zabar i toa e mnogu normalno. :)
Мене ми е најстрашно што јас не се плашев од забар, ама ич.
Пред 3 ипол години, мојот забар се прецени иако на снимката се гледаше дека забот е со синус зараснат, и сепак одлучи со клешти да го вади. Успеа само да го скрши, па завршив со максилофасцијален хирург и орален хирург, 4 ипол саати операција.
Од тогаш едвај нозеве ми одат накај ординацијата, иако знам дека емотивната реакција не е во склад со реалната ситуација :) Ама што да се прави, што се мора, се мора, само што секое одење на забар си влече некое време психички последици :)[DOUBLEPOST=1425510818][/DOUBLEPOST]
Нема толкаво седативно дејство па да попрачува во некаква работа. Веројатно зависи и од дозата.
Па 20 капки ми рече докторкава, еднаш само, сабајле да сум пиела.
Искрено, еднаш ме фати заб на работа, немав Кетонал па докторот ми даде Дорета, а таа содржи трамадол. Едвај будна стигнав дома, да не зборам дека спиев од попладнето до следниот ден за на работа :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.445
Па 20 капки ми рече докторкава, еднаш само, сабајле да сум пиела.
Искрено, еднаш ме фати заб на работа, немав Кетонал па докторот ми даде Дорета, а таа содржи трамадол. Едвај будна стигнав дома, да не зборам дека спиев од попладнето до следниот ден за на работа :)
Е браво бе! Ги даваат како да делат бомбони.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Е браво бе! Ги даваат како да делат бомбони.
My bad што не проверив што пијам пред да се напијам.
При таа болка не се ни сетив дека моиве доктори живеат на хемикалии за да преживеат страотии секојдневни :)
Утредента му кажав дека во живот ништо не сум се напила за смирување/спиење, и ме гледаше и ми се чудеше :) :) :) Во нашево општество изгледа седативите се нешто како суплемент.

Искрено, немам ништо против нив, ама бидејќи татко ми после мозочниот удар мора да пие Диазепам, гледам како делува на него, и некако risky ми е да испијам нешто што ќе ме комира.
Посебно што на работа немам реално време ни да јадам, а не да одмарам мозок.[DOUBLEPOST=1425512285][/DOUBLEPOST]Мене ми е проблемот што изгледа мојот мозок не ја разбира разликата меѓу тоа кога треба да биде активен и да работи максимално и кога треба да одмара, па наместо 8, 16 саати работи 200 на саат.
На крајот сум преморена, а не можам да заспијам, кога пробувам да правам нешто релаксирачко, чувствувам вина ради некоја недовршена обврска, и така се во круг, за на крај да почнам да се испотресувам...

И најтешко ми е што сум перфекционист, никако не можам да се снајдам во несовршениов свет со несовршени луѓе, не можам да не се замарам што некој не работи како што треба, ако треба ќе работам за тројца само да биде се беспрекорно на крајот.

И знам дека најлошо себе си правам така, ама тоа е една лоша навика, од времето кога решив да бидам амбициозна повеќе него што имам услови да се остварам :)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302
...мелатонин 3мг навечер. Искрено немам баш некое големо очекување од мелатонинот, мене секако ми се спие само не можам да се ,деконцентрирам, па ме интересира дал некој има некое искуство или џабе ќе се хормонизирам?...
Добар е мелатонинот и ефективен ако си во темна просторија, многу битно. Го земаш, легнуваш и прекинуваш со активности. Евентуално лоу брајтнес на телефонот и читај/гледај нешто лесно колку да се занимаваш, а не да го тупиш мозокот. Изгледа како да не делува, а за 30ина минути си во кома. За мене беше месија од апче против нарколепсија. Штета шо не го открив порано.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816

Леле не! Јас земав само неколку пати мелатонин и после со недели не можев да си го средам спиењето.
Проблемот е што кога го земаш вештачки, организмот се лаже и помалку го произведува.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Леле не! Јас земав само неколку пати мелатонин и после со недели не можев да си го средам спиењето.
Проблемот е што кога го земаш вештачки, организмот се лаже и помалку го произведува.
Мојот организам очигледно не го произведува доволно, можеби затоа што единствена светлина што ја гледам е монитор, а и не спијам во темница... :notworthy:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302
Леле не! Јас земав само неколку пати мелатонин и после со недели не можев да си го средам спиењето...
После не си можела да го средиш? Значи претходно ти било средено? И зошто си зела мелатонин? Ми немаш логика.

Мојот организам очигледно не го произведува доволно, можеби затоа што единствена светлина што ја гледам е монитор, а и не спијам во темница... :notworthy:
Ако се и штедливи сијалици не очекувај подобрување. Смрт за мелатонинот.
И подеси го мониторот на "потопла" слика.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
После не си можела да го средиш? Значи претходно ти било средено? И зошто си зела мелатонин? Ми немаш логика.
Како на дете треба да ти објаснам сега? Сите си имаат периодчиња кога поради некоја причина не им оди спиењето.
Јас имав такви неколку дена и пробав да земам мелатонин и после едвај се оправив.
Тоа обично се дава повеќе на постари луѓе што имаат проблеми со шеќерот.

Мојот организам очигледно не го произведува доволно, можеби затоа што единствена светлина што ја гледам е монитор, а и не спијам во темница... :notworthy:
А да си пробаш со вежбање? Нешто што ќе добро ќе те измори и ќе ти ја разбистри главата , ама сепак не нешто премногу тешко, зашто тоа може да биде уште постресно за организмот.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Пред неколку години ми се јави проблем со несоница и го решив со пиење 1-2 чаши пиво пред легнување. Ем витамин бе, ем ја избегнував вечерата, ем заспивав.

@PurplePuma
Никако не се споредувај со тоа што си можела и правела порано. Тоа уште толку фрустрира и троши многу енергија. Потрошив многу време споредувајќи се каква бев пред десет години, се додека еден професор не ми укажа дека треба да престанам со тоа, затоа што не сум истата и најверојатно не ни треба да бидам.
Секој мора да си најде извор да се полни. За некој тоа е спортот, за некој молитвата, за некој медитација етц...

Многу советувам физичка активност. Ние не сме само душа или само тело. Ние сме едно.
Јас многу сакам да пешачам или да возам точак. После еден саат одење или возење се чувствувам како ресетирана.
Пеењето е исто многу ослободува или ако планинарењето. Одиш во планина и се изнавикаш едно убаво, се’ што е лошо да излезе од тебе.
Танцувањето - румба, самба, оро, зумба, што и да е. Впрочем, како нашите предци издржале 5 века турско?
Јога- може да ја практицираат и стари и млади, болни здрави. Особено е полезна за да се смири умот. Најважно е кичмениот столб да е исправен. Може да се седи или да се лежи на тврда подлога (не на тросед). Се концентрираш на дишењето: вдишувам издишувам. Тоа е еден од начините мислите да не летаат лево десно.

И за крај, еден писател и психијатар вели: Кога се случуваат такви ситуации, тоа е знак дека се трудите со сите сили да правите нешто што не сте, дека сте заборавиле дека вие сте љубовта на вашиот живот. Не вашите деца, не вашите родители, не вашата работа, туку вие. Without you, there is no love, no life.

пс: Пуме, те спомнав, иако не се однесува сето на тебе.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.445
Одиш во планина и се изнавикаш едно убаво, се’ што е лошо да излезе од тебе.
Или ако не можеш да си дозволиш да одиш на планина, и партнерот ќе заврши работа. :icon_lol:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Или ако не можеш да си дозволиш да одиш на планина, и партнерот ќе заврши работа. :icon_lol:
Така е. Заборавив да спомнам и тоа дека сексот има многу благотворно дејство. Како што пишува во една книга: сексот без љубов е исто така полезен. :))))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom