Едно ке кажам најлошо што може да му се случи на некого, јас искрено не успеав да се справам со ваквиот проблем, скоро 6 години патам, сега до таа скала сум што не можам да поднесам дури најмала нервоза,Тешко ми е многу да се концентрирам особено сакам сега да учам француски ама никако не оди, еден саат учење и одма ке почне да боцка главата особено секогаш едностранично или левата или десната страна на главата,главата станува топла на едната страна ко шпорет, понекогаш во иство време имам и болка во увото мислам дека ке пукне поцрвенува, исто и овде или левото или десното уво, па ако не боли увото ке имам вкочување на едната страна на лицето, некогаш и рамото исто или на левата рака или на десната,или нозете пак или левата или десната ама никогаш не се случува да имам вкочување на двете страни или болки на главата на двете страни, секогаш едната, и секогаш и ова ми се случува кога сакам да се концетрирам да учам нешто, да памтам нешто, може и во случај кога некој стварно ке ме извади од так. Јас проблеми со срцето, со дишењето немам сега, имав кога прв пат ми се појави мислев дека ке добијам срцев инфракт во секој момент, секој ден со истиот страв живеев, сега последните 2 години имам проблеми секогаш со главата и се плашам можеби веќе не е прашање анксиозноста,туку да не се овие симпотми на нешто сериозно.