Здраво на сите (било која помош од секој член е добродојдена)
Треба да одам на 5 годишнина од матура ,многу се плашам да отидам, што да правам дали да одам или пак е најдобро да не отидам ?!
Значи вака , вчера дознав преку фејсбук дека ќе се одржува 5 години од матура од завршување во средно,учев во Скопје,не сакам да именувам каде точно . Значи ќе бидат најголем број од луѓето со кои учев заедно . Тој период од средно ми е најтежок во животот , најмногу страдав од повлеченост или кажано анксиозност . Немав пријатели, јас со душа чекав да заврши средното, немам воопшто убави спомени, не ми се допаѓаа децата од клас, и свечено ветив дека нема да ги видам никогаш повеќе, после матурата на маса сите заедно.
немам желба, ниту потреба од тие луѓе .
Значи со никого после 5 години немам контакт со никого од средно ,ама баш ИЧ така да кажам . Ако отидам ,се размислувам дека навистина лошо ќе ми биде ,прекинав факултет , скоро сите што ги следам на фејсбук,завршиле факултет и си нашле некоја работа , јас ни факултет ни работа , ни девојка ... Едноставно страв ми е од критика , да не ме осудат . Кога учев ,доста бев на критика на исмев поради тоа што бев повлечен ,едноставно таков бев ,и ме изолираа доста , а пред средно исто така лошо работи ми се случуваа во основно ,бев физички малтретиран а и верувам дека тоа е последицата зошто во средно бев повлечен и не сакав ама баш со никој да се дружам , ШТО ДА ПРАВАМ ?! дали да одам ,дали ќе бидам пак озборуван,дали ќе оставам негативен впечаток кај нив ,како да славам со нив , кога тогаш не ни ги запознав,не знам ни кој се ни што се ,какви личности се ,дали можеби се добри некои од нив .... не знам не знам .. многу лошо се чуствувам