Анкети-бегате или одговарате?

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Дали до сега ве фатила некоја? Дали одговарате или бегате како од ѓавол?
Незнам јас никогаш не сум ги сфатил тие што бегаат од камери,анкети...дали се плашат јавно да го искажат нивното мислење :toe: ме интересира што мислите вие за ова...
 
M

marsovka

Гостин
ако е анонимна одговарам и тоа искрено ако не си подлажувам како и повеќето
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Никогаш не сум бегала, кога и да ме начекале, иако не било често, сум одговарала. Немам проблем со тоа, си застанувам, си го кажувам моето мислење и си одам. Без разлика дали е весник, некоја агенција, телевизија и слично. Немам срам од такви работи, за чудо, баш ми е интересно.:)
 
Х

Ханзо

Гостин
Јас не бегам, ама избегнувам, зашто ако ме стигнат бетер од Пато сум. :pos:
 
Член од
4 април 2008
Мислења
45
Поени од реакции
2
Jas nikogas ne odgovaram.Sekogas begam ne sakam da bidam vo javnost toa mi smeta.:pipi:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Бегам :pos: Односно, не бегам, туку едноставно си се тргам на страна... Не ми е пријатно :) Глупо се осеќам... И нејќам после муабети Еј абе те видов на телевизија :) Не дека нејќам да си го искажам мислењето :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Леј еднаш коа ме фатија : дали ќе славиш Св. Валентајн или Св. Трифун. Ја треснав Валентајн...и ми вика шо ќе и купиш на саканата...Од памет се вадам не знам шо да зборам..викам сеа одам да одберам нешто :pos2:

Се барав утредента на јутјуб али добро не излезе у јавност...изглеа го исекле :pos2:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Ако не ги забележам навреме да ги избегнам, одговарам...:toe:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.874
Поени од реакции
22.940
Никогаш не сум бегал секогаш одговарам:toe:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не бегам ни јас ама досега ме немаат фатено со камера.Обично дома ми идат или по телефон.
 
N

n/a

Гостин
Бројни се злоупотребите на анкетите во Македонија.
Конкретен случај.
Пред некој ден ми се јавуе другар на кој што сум му кум.
И вика... а бе се јавија од `општина`.
И прашуваат за кој ќе гласаме,и ми наведуваат 5-6 имиња на луѓе што прв пат ги слушам.

Терај у курац таа стока друже,му викам.
И тоа најдрско што можеш.
Не се од општина,него од партија.
Им дал некој тел. по централа и прашуваат и бојат црвени и плави куќи.
Нема потреба да те бои некој скот.
Терај у курац.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Леј еднаш коа ме фатија : дали ќе славиш Св. Валентајн или Св. Трифун. Ја треснав Валентајн...и ми вика шо ќе и купиш на саканата...Од памет се вадам не знам шо да зборам..викам сеа одам да одберам нешто :pos2:

Се барав утредента на јутјуб али добро не излезе у јавност...изглеа го исекле :pos2:

Еј таман да речам дека никогаш не ме фатиле на анкета, ме потсети дека и мене истово ме прашаа лани. Само мојава анкета накај Трифун затера :) Ме прашуваа зошто се слави св. Трифун и како ќе го прославам. Не истрескав некоја глупост, ама не се видов на телевизија после :/

Инаку, за анкетите општо, не верувам дека некој не сака да си го искаже своето мислење во јавноста, или дека се срами од своето мислење. Работата е што во некои анкети поставуваат прашања за нешта што никогаш не ти паднале на памет да ги размислуваш. И можеш да се збуниш, или да изгледаш смешно. Плус, може да те сечат, да те повтараат по 2-3 пати и да делуваш уште посмешно. Како на К-15, брутални се со монтажата. :) Никогаш не знаеш што ќе те прашаат. Затоа повеќето луѓе бегаат.

Мене на друга анкета не ме начекале, ама што знам, би застанала веројатно...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Да,да 3 пати ме имало на ТВ до сега, два пати на А1 еднаш на канал 5. Ама во блика иднина не сакам да им одговарам на прашања...дури кога ќе станам премиер, тогаш може.:wink:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Значи досега ниту еднаш не се десило да ме застанат и да ме прашаат нешто,а баш сакам...нема шанси да побегнам,напротив ќе си одговорам.За мене тоа е жив простотилук да ме бркаат наоколу со камера...застани одговори ако знаеш...ако не...не сум информирана се извинувам и чао пријатно :helou:
 
Член од
12 август 2008
Мислења
501
Поени од реакции
30
Не бегам дури и да не ми прават мене анкета се шаврам пред камера да ме има и мене у кадар :vozbud::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom