Може некој да објасни што е проблемот со галиите во Вардар и толку е фамата за да се рушат ?
Не политички ме интересира од еколошки аспект дали и кој е проблемот ?
Не е од еколошки аспект проблемот. Постои закон за речни текови и истиот пропишува правила за регулирање на коритата на реките, односно нивна проточност, која се пресметува по метар квадратен од пресекот на коритото. Објектите што мора да се изведат, како што се мостовите, треба да имаат пропусност за да не го свртат текот на илјадагодишна вода и да го поплават градот. Интересно е што пресметката за таа иљадагодишна вода знаел некој и во турско време да ја израчуна, па лаковите на камени мост на пример, се тука некаде по проточност. Вардар во поплавата од 62ра се излевал претежно во делот на градски парк. Како и да е, мислам дека поголем проблем се мостовите кои безвезе ги напикаа еден до друг. Галииве се полесни за рушење и повеќе ги користи пијандурава за политички циркус, отколку реално што прави нешто. Не знам дали се процедурите за давање дозвола запазени, ама би требало да се, пошо додека беа умрениве во опозиција, паторот ги скрои сите закони за дивеење да се по мерка на тој што решил да дивее и сега гомнариве не сакаат ништо да сменат за да може они да праат срања. Реално, овие јазбини лежат во гомна што течат, а не река и еколошкиот аспект нема врска - тоа е дека сме скотови и немаме колектор за отпадни води и фрламе ѓубре во реките. Сигурен сум дека бизнисите во нив беа тотално нерентабилни и овие ќе ја тужат државата и ќе ја добијат, ама на ниедни вести нема да излезе тоа.