Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Странците ќе разговараат со победници, никој па ни кале не сака лузери! Заврши куртонот работа, толку му е, да дојде до гонење со прст нема да мрднат да го спасат, не е чудо и да го подтурнат надоле.
Како ништо досега сум убеден дека Заев че си лежи, од повеќе причини и тоа кои одговараат на секого освен него нормално.

Screenshot_20211018-004508_Chrome.jpg

Soon ;)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
За Заев не знам, веројатно и за него и за Димитров има основа за кривично гонење по однос на промената на името по неуспешниот референдум, но тоа би се случило само доколку Левица станат власт. Е сега да сум на место на Филипче не би спиел толку мирно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Па баш зошто е со Мицкоски. Да беа вчера во коалиција, и јас, и ти, а сигурен сум и Мицкоски лично ќе беше убеден дека ја свртел заради Димитар. Ќе можеше да биде новиот Циле. Со тоа што веќе ги има проучено грешките на Циле, и знаеше што ќе го чека. Мислам дека проценката и нему беше дека Мицкоски не може да ја сврти.
Па Циле може да биде на парламентарни избори. Тоа е првата цел, но Циле и подобар од Циле не се станува со сегашни два пратеници и потенцијални 4-5 градоначалници. Само добар резултат до десетина пратеници на наредни избори го става во таа позиција.

А кој што сака нека каже за Циле и ДА, ама тие се едина партија досега што била вистинска трета опција, од која зависеше една влада тие две години дури траеја.

Иако мене ми се чини дека тоа не крајната цел на Димче. Станување ДА се знае на крај како завршува, како и таа бивша партија, ќе те изеде поголемиот коалиционен партнер со сите средства, ќе те ги компромитира министрите, ќе ти ги купи пратениците и на крај ќе ти ја уништи и преземе базата.

Не, овој стварно ја сака таа пасокизација на СДСМ, он сака да биде Сириза, веќе во Грција не постои друга лева партија со таа моќ како Сириза, Пасок никогаш не се врати повеќе, тоа он го сака, само многу ќе биде тешко во исто време да привлекува гласачи со националистичка идеологија а истовремено да сака да го земе местото на Сојузот на комунисти кој е формиран и постои на сосем поинакви постулати.
 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
За Заев не знам, веројатно и за него и за Димитров има основа за кривично гонење по однос на промената на името по неуспешниот референдум, но тоа би се случило само доколку Левица станат власт. Е сега да сум на место на Филипче не би спиел толку мирно.
Не фантазирајте со тие утопии левичарски дека некој ќе поништи таков договор инсталиран и планиран од многу јаки сили, дека фејсбук партија ќе го поништи ќе бара правда и демократија во свет каде што не постои такво нешто.
Заев ќе си лежи, ама нема сигурно за преспанскиот договор, прљав е како Вардар нема ли што да му најдат да го пикнат едно 15 години. Прв ден по парламентарните избори отиде он на службен пат.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Сакам да му го слушам испаничениот зарипнат глас на Саше Политико како хистерично ги тера симпатизерите на СДС да шират позитивна енергија и дека се ќе биде во ред, со тоа споените буткици од што е усвињен. Племе му ебам вепарско мувлосано.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Како ништо досега сум убеден дека Заев че си лежи, од повеќе причини и тоа кои одговараат на секого освен него нормално.

Soon ;)
Јас сум сигурен дека ќе го решат по кратка постапка. Јас да сум на негово место не би одел многу по странски конференции во следните неколку месеци. Он работата си ја заврши, додека е жив ќе биде буквално клинот околу кој ќе се обединуваат сите анти-ЕУ и анти-НАТО а он ќе биде нивниот претставник тука. На кратко потрошен, бескорисен а сепак има доста капитал кој по неговата смрт би бил по кратка постапка поделен.

А да заврши во затвор ќе биде апсолутно најлошата опција за Калето. Нема да дозволат да се создаде перцепција дека и нивниот најголем слуга може во затвор да заврши.

Да пребега во друга држава исто така не верувам дека кој би сакал со него да си има работа.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Јас сум сигурен дека ќе го решат по кратка постапка. Јас да сум на негово место не би одел многу по странски конференции во следните неколку месеци. Он работата си ја заврши, додека е жив ќе биде буквално клинот околу кој ќе се обединуваат сите анти-ЕУ и анти-НАТО а он ќе биде нивниот претставник тука. На кратко потрошен, бескорисен а сепак има доста капитал кој по неговата смрт би бил по кратка постапка поделен.

А да заврши во затвор ќе биде апсолутно најлошата опција за Калето. Нема да дозволат да се создаде перцепција дека и нивниот најголем слуга може во затвор да заврши.

Да пребега во друга држава исто така не верувам дека кој би сакал со него да си има работа.
Тек почнаа со бизниси и комбинации. Пола трева у Европа ќе се произведува од нив. Ако ова го немаат испланирано предходно, лошо им се пише.

Исто се маваа у гради како ВМРО пред 2016. И ете, ги попарија. Мислам дека не се свесни ако паднат сега што ќе им се дешава. Буквално секој документ што го имаат штракнато е нелегален. Криминали на секој чекор имаат.

Да не си им у кожа.
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
318
Поени од реакции
1.002
Овие избори со право ќе бидат ИСТОРИСКИ прв од таков тип локални, по многу нешта, дефинитивно после вчера многу работи нема да бидат исти.

ВМРО ДПМНЕ конечно се консолидираше и ќе добие ултрамотивирано членство кое ќе гази на терен и ја победи апатијата, нивните потврди кадри се прошетаа во општините низ прв круг како Кисела Вода и Бутел, оние кои се прозападните исто со Тимчо се прошета во Аеродром, ги добија сите важни општини, во втор круг секаде освен Битола ќе се сигурни победници што како партија што како поддржувачи на кандидат.
Мицко без да има ниту грам заслуга во успехот успееа да му се наместат коцките да остане лидер, факторот среќа ептен му се насмеа овој пат.

СДС не знаат кај терат, готови се, очај , пиштење, го губат Скопје сигурно, изгубија секаде како кучиња, во Струмица на цела кампања и фрлени пари и купени гласови со ДПМНЕ кое не беше активно на терен едвај 3500 а вкупно кога ќе земеш ко власт трите листи едвај 1 500 гласа имат повеќе од опзициските листи ( Стига Е го ставам како опозиција), без излез на некој партии кои ќе имаа добри резултати, почеток на долгоочекуваниот јак, болен и сигурен распад на партијата, после ова ако успеаат да преживеат и да опстанат, нема што повеќе да коментирам, но сепак ова е според мене почеток на бришење на оваа партија.

Левица е апсолутниот победник, додека сите на избори трчат на кратки стази Апасиев трча маратон , а коцките му се редат како што тој сака, растур систем направија во Скопје и повеќе општини низ државата, младите гласачи се нивни што значи се поголем прилив на гласови од ден на ден, во моментот можеби се тркат за 10 пратеници на наредни избори, Димче успеа во целта, прво да се кине со ДПМНЕ и да добие понационални гласови за потоа да му се намести шанса да се бие со СДС, а на овие парам парче ќе направи , целта негова Левица да биде главната конкуренција на ДПМНЕ (а и сега веќе е во внатрешната борба на опозицијата) се поблиску му е до остварување ако не сега, за 5-10 години со вакво темпо ќе биде втората главна партија во државата.

ЛДП/ДОМ коалицијата се во најтесно, излегоа и остварија за нив одличен резултат и сега се во лов во матно, ако одат пак со СДСМ нема да добијат многу, ако одат сами може со промовирање на добри кандидати да влезат сами со 1-2 пратеника но и тоа не им е сигурно бидејќи едно е локални а друго е парламентарни избори, а ако се одважат може тоа централно гласачко тело кое се фура на интелектуала да го привлечат кај себе, ептен се во зезната ситуација нивните чекори ќе треба добро да се пратат, се во државна коалиција но нивните кандидати јавно се поблиски до опозицијата отколку до нивниот коалиционен парнтер, барем за Скопје.

Независните листи сите успеаа да влезат во совет и да остварат добри резултати, посебно оние од зелениот фронт, така да тука се гледа се поголема едукација на гласачкото тело, на локални избори јаки локални иницијативи се најбитни, кои ќе бодат јако и ќе се сконцетрирани 24/7 на градење на подобра општина и поубаво место за живеење.Ако овие иницијативи вака продожат да расти нема да биде чудо ако не наредниве, на тие по нив сигурно и да освојат некоја општина.

На крајот само ние десничарите може да сме разочарани како опозиционери, ДПМНЕ се стабилизираше но е далеку од тоа што посакуваме со што сеуште немаме алтернативна опција да го дадеме гласот од идеолошки побуди, така да на наредни избори ќе треба да се бира меѓу давање глас на ДПМНЕ или апстинирање, во најлош случај некој поединци за Левица што е изопачено за мене како десничар некој да гласа за крајналевица, ама Македонија е тоа така да и тоа е опција во игра.
Се создават услови и десницата да почне со некој движења па да основа и партија, да направи уште поголем дар-мар на политичкава сцена кај нас.


Опизицискиот фронт после ова кренува во силна офанзива, власта е на климави нозе и сигурно тешко да издржи стабилно до летото, така да овој период догодина сигурно не чекат избори во кој ако нештата продолжат во овој правец СДС ќе биде прегазен како шлепер жаба.
Овие избори покажаа дека народот му е преку к д ДПМНЕ и СДС, тоа што ДПМНЕ освои општини пред се во Скопје во прв круг е повеќе резултат на тоа што СДС катастрофално владееше, локално и државно, а не дека луѓето мислат дека имаат добри кандидати или нешто ќе се промени.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Тек почнаа со бизниси и комбинации. Пола трева у Европа ќе се произведува од нив. Ако ова го немаат испланирано предходно, лошо им се пише.

Исто се маваа у гради како ВМРО пред 2016. И ете, ги попарија. Мислам дека не се свесни ако паднат сега што ќе им се дешава. Буквално секој документ што го имаат штракнато е нелегален. Криминали на секој чекор имаат.

Да не си им у кожа.
Да и тоа е огромен бизнис кој не верувам дека ќе го остават на кланот Заеви туку така. Не може личноста која претставува олицетворението на предавството и главниот претставник на Америка и ЕУ да го остават во следните 1-2 декади да стане најголемиот картел за дрога. И вака на Америка сликата тоне, така за 2-3 години ќе имаат 30-35%. Немаат они инвестирано тука стотици милиони евра за Македонија да стане центар на анти-Американско расположение.

Далеку поверојатно е дека ќе го закопаат заедно со еден од браќата а после синџирот бизниси дека ќе си го разделат. Он во моментов е бескорисен пензински фонд кој оди. Доста голема група на Американски функционери имаат можност да си се пензионираат ако него го снема, а и да си ја тргнат главоболката од неговото постоење.

Слично како трјковски, да продолжеше да живее он ќе претставуваше олицетворението на капитулацијата од 2001.
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
290
Овие избори покажаа дека народот му е преку к д ДПМНЕ и СДС, тоа што ДПМНЕ освои општини пред се во Скопје во прв круг е повеќе резултат на тоа што СДС катастрофално владееше, локално и државно, а не дека луѓето мислат дека имаат добри кандидати или нешто ќе се промени.
Реално, имаше вмро некои добри кандидати.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Него како искочија гатањата на агенцијата Рејтинг на велики Никола Никец Спасов? Што кажува оваа морална громада за вчерашниот резултат?

Зошто немаат пишано ништо ни он, ни Васиљ, ни Тричко, ни Видана. Што е работава, се ли е ок? Suicide watch да се алармира за нив треба ли?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.934
Поени од реакции
14.968
со оној Стефан од конзервативците, на такви срања не се пали овој народ
Стефан е ептен навлезен во ВМРО. Први се ухлебани околу Тимчо и ќе го фураат тоа крило во партијата. Покрај него има неколку млади дечки кои држат меме страни по инстаграмов (со по 10к+ фоловерс), а и медиумите на љупче златев се во таа екипа. Сега го имаат аеродром како бастион, имаат доста кеш кој влага преку конзервативните нго и преку медимите на стаорецот. Пола админи на меме страни се на платен список таму. На Тимчо огромна грешка ќе му биде ако се наслони на стефан, љупче и таквите. Стефан е преварант со тапија и гледа да искешира, исто и фаците ко љупче. Ако сака да прогресира во кариерата, мора да истера поштен мандат во аеродром, во спротивно за 4 години левица ќе има мнозинство во советот.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Вкупно гласови на советнички листи на досега пребројани според веб-сајтот на ДИК:

ВМРО-ДПМНЕ 281.033
СДСМ 232.930
ДУИ 103.790
АА/А 55.599
Левица 47.149
БЕСА 25.347
ЛДП/ДОМ 24.007

* Уште малку гласови остануваат да се бројат во Аеродром, Велес, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Куманово, Прилеп, Радовиш, Ресен, Центар и Чаир. Другите се 100%

/од Твитер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom