Станува интересно!
Свеста не може да биде зголемена или намалена. Тоа се само зборови кадешто специфични морални нормативи се "поголеми" и луѓето кои ги поседуваат имаат "поголема свест" додека тие кои не ги поседуваат имаат "помала свест".
Практично гледано, не постои големина на свест.
Ако свеста е некаква способност за перцепирање на нештата во светот, а ти си увидел некои работи, кои претходно не си можел(не не си знаел, него не си можел), тоа не значи дека дошло до некакво подигање на свеста?
Ако мојата метода е да бидам "идиот" за да напредувам а твојата е да бидеш емпатична, не постои правило кое ќе определи кој од нас е во право.
Сите критериуми и параметри кои ќе ги земаме имаат грешка во нив. Како ќе процениш чии морални вредности се правилни? Според нивото на болка кое го предизвикуваат, според слободата која ја даваат или? Што и да одговориш, можам да најдам примери кои ќе бидат контрадикторни на твоето правило.
За да успее овакво општество, ти треба совест и самодисциплина. Ако секој си е авторитет на самиот себе и биде
свесен дека како ќе постапува према околината, така и околината ќе се однесува кон него, нема да има многу поблеми. Според ова, да, поправилно ќе биде она кое ќе предизвикува помала болка, или нема да ја предизвикува воопшто... И она кое нема да биде закана за ничија слобода.
Идеме вака. Да замислиме дека јас сум стручњак во полето на економијата, а ти не си... Кој е подобро да одлучува како ќе течат финансиите во нашата фамилија, доколку условно јас и ти сме сопруг и сопруга?
Доколку јас одлучувам, тоа значи дека "по договор" јас ја превземам контролата врз ресурсите на нашата фамилија бидејќи знаеме дека подобро ќе ги управувам и е воедно истото што се случува во денешното демократско општество.
Ако те прашам дали се согласуваш со мене за тоа како ќе ги потрошиме ресурсите, што и да одговориш не е релевантно затоа што јас сум поголем стручњак од тебе, нели?
Ако не се согласиш со мене а јас морам да те послушам, твојата одлука ќе воведе до економски пад и пропаст на целото семејство и ти ќе ја превземеш моќта на одлучување иако не си во право..
Ако не морам да те послушам и мојата одлука е секогаш одлучната бидејќи сум стручњак, економската ситуација во семејството ќе остане добра?
Прашањето моја мила Анфем е, дали правилноста на одлуката е резултат на тоа што мнозинството од луѓето сметаат дека е правилно или квалитетот на самата одлука?
Група селани кои не знаат ништо за макро економијата, не се едуцирани на економски план и работат 40 години на нива (што не тврдам дека е лошо пошто тоа е од полез за агрокултурата) и пролетери не можат да донесуваат комплексни решенија за комплексни економски, општествени и друг вид на проблеми.
Ако си професионалец во некое поле, зошто би прашувал лаици за тоа како треба да си ја работиш работата? Ти си се устручил во тој поглед, гледаме дека добро ти оди, така да нема потреба да се консултираш со нестручњаци. Ако имаш прашања, разговараш со други експери во тоа поле.
Поставуваш ултиматум дека друг ќе го гледа. Што ако никој не го гледа? Не можеме со сигурност да знаеме дека во една комуна некој ќе има време за тоа?
10 души сме. Ја правам 5 деца и ги оставам сите на улица. Сите правите свои деца и истовремено работите дур ги гледате децата. Никој нема време да посвои некое од моите деца? Чаре за децата?
Што би било, кога би било...
Ќе изградиме објект, каде ќе ги згрижиме тие деца, ќе ги храниме и образоваме заедно со останатите.
Голем процент од луѓето не можат да гледаат деца пошто немаат време, ресурси и желба за гледање на децата. Патем, распределбата на ресурсите ќе биде ограничена и во анархистичко општество. Не може секој да има право на сите ресурси. Математички, не е возможно тоа. Ако има 100 моркови на планетата Земја, јас сакам 100 моркови, а ти сакаш 100 моркови исто така, дали ќе ги поделиме по 50? Што ако јас сакам да земам поголем дел, затоа што моите потреби се поголеми според мене?
Во слободно општество никој не може да ме запре да земам колку што сакам моркови, така? Ако некој ме ограничи, тогаш има распределба на ресурси, кадешто ќе постојат договори, поделби на земишта ии.....капитализам во проста форма.
Види, колку поголем број на луѓе има, поголем број на конфликти се раѓаат поради судир на интереси. Ти зборуваш за систем на размена, кадешто работиш за леб, му кречиш на некого дома за утре да земеш домати од него. Тој истиот систем на размена е примитивна форма на капитализам. Наместо да даваш овца за леб, имаш универзална валута на банкноти кои исто како и боновите во комунизмот кој ви е омилен, ги заменуваш за доброто кое ти треба. Се што праиш, е следново...ми опишуваш капитализам...комплетен капитализам, само во примитивна форма.
Капитализмот не е поврзан како економски систем со државното уредување.
Имаш капитализам и во анархија. Капитализмот е поврзан со слободниот пазар и приватизацијата на земјиштата наспроти тоа државата да има сопственост на земјиштето.
Во комунизам и уште полошо фашизам, државата е сопственик на целото земјиште, твоето, моето и сите останати.
Во капитализам, ти си сопственик на твоето земјиште, а не државата.
Еве ти еден текст во врска со размената на добра, гледам дека си измешал некои работи:
„Економија на подароци е вид економски систем при кој материјалните добра (и услуги) се произведуваат и обезбедуваат од еден човек или група луѓе на друг човек или група, без да се очекува некаква отплата сега или во иднина. Решението кога, на кого, во колкаво количество и што точно да се подари зависи само од подарувачот. Овој вид на економија, самостојно или во комбинација со други стопански практики (како Бартер економијата), е прифатена од многу анархисти како основно средство за остварување на стопанскиот живот во едно слободно општество.
Економијата на подароци има некои суштински разлики со другите стопански системи.
Во планираната економија стоките и услугите се произведуваат и дистрибутираат по нечиј распоред. Обично крајниот корисник плаќа за она што го добил. Планско стопанство имавме во земјите од социјалистичкиот блок. Овој економски систем сеуште е застапен во земји како Куба и Северна Кореја. Сѐ додека во планираната економија крајниот корисник ги добива благата бесплатно, тоа не е економија на подароци (барем не во чиста форма), затоа што стоките се делат по распоред (купонски систем). Така работите се даваат по некакво задолжение, не од желба.
При пазарната економија крајниот корисник ја добива стоката/услугата само ако може да плати за неа со некакво универзално платежно средство (пари). Пазарната економија е стопански систем искористен во капиталистичките држави.
Во Бартер економијата (размената), за разлика од економијата на подароци, еден човек или група обезбедува нешто на друг или други само доколку се добие нешто за возврат. Таму важи максимата „Услуга за услуга“. Многу пати разменетите материјални блага или услуги не се еднакви по вредност, но тоа не им е битно на разменувачите. Најважно е да се добие нешто за возврат. Меѓу луѓето е раширена оваа практика „ќе ти помогнам да си ја изораш нивата, ако ти ми помогнеш во реновирањето на куќата“ и не е важно која од двете активности е потешка. Имено, поради оваа особина на Бартер економијата, некои анархисти ја оценуваат како битен дел од стопанскиот живот на слободното општество.
Економијата на подарување и Бартер економијата не се водечки во современиот свет, за разлика од пазарната и планската економија. За сметка на тоа, тие се присутни во секојдневниот живот на многу луѓе низ светот, па дури и помагаат да се надмине дел од штетата нанесена од „официјално признатите“ економски системи. Благодарение на дадената меѓусебна помош, многу луѓе низ светот буквално успеваат да преживеат во современиот предаторски свет. Некои теоретичари ја оценуваат економијата на подарувањето како толку многу позитивна што дури тврдат дека ако дојде до нејзино пошироко распространување (тие ги користат зборовите „култура на подарување“), ќе биде уништена светската сиромаштија. Можеби се во право, но едвај позитивниот ефект од економијата на подарување може да заврши без да се отстрани негативниот ефект од концентрацијата на богатсвото во рацете на неколкумина, карактеристична последица од пазарната економија.
Неколку примери од денешниот свет, кои во пракса претставуваат економија на подароци:
- Издршката на децата од страна на родителите во едно семејство (често пати продолжува и после полнолетсво).
- Пишувањето и распространувањето на софтвер со отворен код.
-Елекстронското распространување на весници и секаква друга информација (добар пример е Википедија).
- Неповратното крводарителство.
-Бесплатните курсеви и семинари.
Во подалечното минато, за разлика од денес, токму економијата на подароци ја имала водечката улога. Таа го придружувала општеството уште од зората на создавање на човештвото. Племето од камено доба можеби ловело и собирало плодови како една голема група, помали групи, или индивидуално, но се хранеле заедно. Така некој ако немал среќа да улови нешто тој ден, не останувал гладен. Во книгата „Меѓусебната помош како фактор на еволуцијата“ од Кропоткин се опишани традициите на многу племиња од Африка, Азија и Океанија, кои во голема мера се базирани на економијата и подароците. Книгата е напишана пред повеќе од еден век, но според едно современо истражување, овие традиции сеуште постојат на некои острови во Тихиот океан. Дури се верува дека кај Бугарите и други „одамна цивилизирани“ народи сеуште постои споменот за некогаш применуваната економија на подароци. Не е прифатливо нешто кое ни е подарено – да го продадеме. Можеме повторно да го подариме на некој друг, но не е во ред да го вратиме назад во пазарната економија за да земеме пари за него.
Се разбира, економијата на подароци има свои недостатоци. Критиките упатени кон неа ги има многу. Некои од нив се точни, други се само досаѓање од страна на апологетите на „официјалните“ економски системи.
Извесниот Милтон Фридман тврдел дека таквата форма на економска организација ќе доведе до се понамалена иницијатива и желба за производство, откако човек очекува сè што му е потребно да го добие како подарок од некој друг. Но некои примери од реалниот живот го покажуваат токму спротивното, на пример Википедија. Колку повеќе информација се натрупува во оваа слободна енциклопедија, толку повеќе луѓе се вклучуваат во подобрувањето и нејзиното проширување. Односно со натрупувањето на информација, корисниците не ја губат иницијативата и не се задоволуваат само со нејзиното користење.
Други критичари го истакнуваат фактот дека луѓето се склони да се разделат првенствено со непотребните нешта! Веројатно е така, но сигурно е подбро да го подариш непотребниот предмет отколку да го оставиш да гние во подрумот.
Го имаме лошиот пример на големите супермаркети во таканаречениот развиен свет. Тие секојдневно фрлаат тонови храна во ѓубре, затоа што не успеале да го продадат, наместо да организираат некаква мрежа за распределување на вишокот храна меѓу оние кои имаат потреба, а светот е полн со такви. Иницијативите како „Храна, не оружје“ се обидуваат колку што можат да го поправат ова трошење.
Некои луѓе сепак се согласуваат дека во минатото економијата на подароци играла битна улога, која се повеќе се намалувала низ вековите. Дури тврдат дека брзиот прогрес на човештвото се должи на развојот на пазарните принципи и ако ја вратиме економијата на подароци, тоа ќе биде чекор назад. Но историјата покажува дека два концепта од минатото повторно наоѓаат примена во сегашноста. Да се присетиме дека демократијата и републиката се познати во античка Елада и Рим многу години пред широкото распространување на монархиите од средниот век. Овие две форми на управување исчезнуваат целосно за подолг временски период. Некој средновековен мислител би можел да каже дека нивното враќање ќе биде чекор назад. И нормално дека би погрешил, затоа што во современиот свет најшироко распространета форма на управување е демократијата (иако во голема мера е сеуште далеку од најдобрата форма – директна демократија).
Како заклучок може повторно да се каже дека економијата на подароци може да биде (повторно) широко распространета, не за сметка на прогресот, туку благодарение на него. Повеќе детали можат да бидат најдени во статиите и книгите на Георги Константинов, посветени на роботската револуција. Современото ниво на науката и технологијата дозволува машините да произведуваат повеќе, поквалитетно и побрзо, со сè помалку човечки труд. Според капиталистичкиот принцип, ако хиперпродукцијата не можеме да ја продадеме, подобро да ја заклучиме во складовите, ако треба и засекогаш. Но зошто треба да го правиме тоа, не можеме ли да ја... подариме?“
Што би била анархијата? Уредување кадешто никој нема сопственост над ништо?
Настрана од тоа, има илјадници форми на анархизам, од кои една е анархо-капитализмот, настрана од анархо пацифизмот/феминизмот/натуризмот и каталион други поделби. Ни во рамките на самите анархисти, не сите анархисти сметаат дека капитализмот е лош сам по себе. Ти, Шкорпион и други анархисти тука, застапувате специфични школи на анархизмот како универзално Манифесто на сите анархисти, иако тоа не е така.
Анархо - капитализмот е оксиморон! Анархо - капиталистите немаат врска со останатите анархисти. Сега измислиле и анархо-национализам. Зарем и тоа ќе го вклопиме како дел од оваа идеологија? Не може, се дави од контрадикторност.
Останатите се на некој начин пат до целта. Некој смета дека ќе дојде до анархија преку еманципирање на жените, некој - преку подигање на свеста кај работниците, итн. Јас сум за анархизам без придавки.
--- надополнето: 6 декември 2013 во 09:23 ---
Роџер, или останатите кои се интересираат на оваа тема,
еве ви одговори на многу од вашите прашања. Одговорите се лесни и разбирливи, таман како за лаици. Има доста материјал за читање, ама кој сака да се информира, ќе прочита.