Анархија

А

Антоние

Гостин
А што е со економијата бе?

Каква ли економска школа замислуваат апологетиците од темава дека ќе функционира во општество каде што нема ни државна интервенција ни слободен пазар?



А за што е пример Животинска фарма? На што ти личат тебе случувањата? На капитализам?
Сакаа да воспостават нешто измеѓу анархизам и социјализам, али иронијата беше шо воспоставија фашизам.

Мислам дека сакаа анархо-социјализам. Кутри прасенца.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.080
Поени од реакции
25.396
http://www.historycooperative.org/journals/whc/4.3/hansen.html
http://flag.blackened.net/revolt/mexico/ezln/womlaw.html
http://www.thirdworldtraveler.com/Latin_America/MexicosDirtyWar_Zapatistas.html

Тие услови се резултат на 500 годишното благотворно дејство на шпанската и мексиканската држава врз таа популација. Не знам дали им граделе врби од четврт милион евра или што се случувало но после половина милениум убавини рајата тргнала да ја отстрани државата како тумор. Којзнае колку треба да им било убаво да тргнат само со лесно пешадиско оружје врз професионалната мексиканска армија. А којзнае и зошто не се враќаат повторно во прегратките на државата...

Она што направиле за 18 години под такви услови (блокада, бомбардирања, масакри на цивили од страна на паравојските платени од државата, ги убиваат за нивно добро) е далеку повеќе од она кое го направила државата за 500.
На линковите видов само како тие биле страшно репресирани, затоа што се непожелно малцинство во Мексико. Исто како да ги слушам аргументите на косовските и македонските Албанци за политиката на југословенската и српската власт. Затоа ќе ја повлечам истата паралела и истата споредба:

Ти не негираше ниедна бројка од тие во постот на Петар, туку даде оправдување за нив со набројување на тоа што го направила/прави државата против нив. Иста таква ситуација имавме и на Косово. И на Косово имаше отпор, ама за разлика на овој од Чиапас, косовскиот реши да создаде држава. Е сега, таа држава се сретнува со истите проблеми како Чиапас (обид од држава да ја опструира) ама сепак во овие 12 години изгради или започна со изградба на автопати, училишта, болници, институции.

Штом Косово (кое е капиталистичка држава и тоа е нели, лошо) успеа да направи таков значителен напредот, тогаш регионот Чиапас во кој владее совршената анархија треба да има направено барем дупло повеќе. Дај некоја сликичка или некој линк од автопатите, зградите, училиштата, болниците и слични објекти кои ќе им користат на сите што се изградени во Чиапас и да споредиме. Само немој повторно со линкови за историја и правдања дека тоа го нема поради проблемите што им ги создава државата. Бидејќи тоа не е оправдување, туку доказ дека анархистичките општества не се способни да се одбранат од надворешен напад и ја покажува реалната потреба од организирани државни институции.

П.С. Истото прашање и за тебе.
Инаку зошто останатите 1.930.000 жители на Копенхаген никако не можат да ги видат прекрасните придобивки од анархизмот на дури 1000 луѓе и не почнат да го практикуваат? Или и тие се заслепени од капиталистичките блогови, форуми и медиуми?​
Само ќе го дополнам, зошто и останатите 107 милиони жители на Мексико не можат да ги видат придобивките на анархијата и не почнат да ја практицираат?
 
A

AnFem

Гостин
Само ќе го дополнам, зошто и останатите 107 милиони жители на Мексико не можат да ги видат придобивките на анархијата и не почнат да ја практицираат?
Зошто ова прашање му го поставуваш на анархист? Одговорите на твоето прашање лежат во тебе и во 70% од оние кои реплицирале на темава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.080
Поени од реакции
25.396
Зошто ова прашање му го поставуваш на анархист? Одговорите на твоето прашање лежат во тебе и во 70% од оние кои реплицирале на темава.
Јас и останатите на темава со исти ставови неколку пати бевме обвинети од другите 30% на темава дека не сме едуцирани што е тоа анархија. Фер став, бидејќи ние многу потешко можеме да дојдеме во контакт со анархиски организирана заедница.

Затоа прашувам, зошто ситуацијата е слична и во општества каде анархијата им е во соседство, на дофат. Тука тезата за не едуцираност не може да пројде, бидејќи нема ни потреба да се едуцираат. Доволно е жителите на Копенхаген да отидат до анархистичкиот кварт и останатите жители на Мексико до Чиапас и ќе ги видат на дело придобивките од анархијата. Ако е стварно толку добро, анархијата во старт ќе добие приврзаници и ќе почне анархистичките региони да се шират. Ама тоа не се случува. Најверојатно, одговорот би бил затоа што не им се допаднало тоа што го виделе, подобро им е во капитализам. Ме интересира и мислењето на анархист за овој феномен.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
На линковите видов само како тие биле страшно репресирани, затоа што се непожелно малцинство во Мексико. Исто како да ги слушам аргументите на косовските и македонските Албанци за политиката на југословенската и српската власт. Затоа ќе ја повлечам истата паралела и истата споредба:

Ти не негираше ниедна бројка од тие во постот на Петар, туку даде оправдување за нив со набројување на тоа што го направила/прави државата против нив. Иста таква ситуација имавме и на Косово. И на Косово имаше отпор, ама за разлика на овој од Чиапас, косовскиот реши да создаде држава. Е сега, таа држава се сретнува со истите проблеми како Чиапас (обид од држава да ја опструира) ама сепак во овие 12 години изгради или започна со изградба на автопати, училишта, болници, институции.

Штом Косово (кое е капиталистичка држава и тоа е нели, лошо) успеа да направи таков значителен напредот, тогаш регионот Чиапас во кој владее совршената анархија треба да има направено барем дупло повеќе. Дај некоја сликичка или некој линк од автопатите, зградите, училиштата, болниците и слични објекти кои ќе им користат на сите што се изградени во Чиапас и да споредиме. Само немој повторно со линкови за историја и правдања дека тоа го нема поради проблемите што им ги создава државата. Бидејќи тоа не е оправдување, туку доказ дека анархистичките општества не се способни да се одбранат од надворешен напад и ја покажува реалната потреба од организирани државни институции.

П.С. Истото прашање и за тебе.
Инаку зошто останатите 1.930.000 жители на Копенхаген никако не можат да ги видат прекрасните придобивки од анархизмот на дури 1000 луѓе и не почнат да го практикуваат? Или и тие се заслепени од капиталистичките блогови, форуми и медиуми?​
Само ќе го дополнам, зошто и останатите 107 милиони жители на Мексико не можат да ги видат придобивките на анархијата и не почнат да ја практицираат?
За Кристијаниа не знам ништо надвор од она што видов на вики.

Ако сакаше ќе видеше и друго на линковите.
Рајата е репресирана. Можеби за тебе масакри,тортура и затварања се нешто позитивно па успеа да направиш споредба. Нема апсолутно никаква основа за споредба за Косово.
Косово беше меѓународен протекторат кој се прогласи за држава. Како го споредуваш отцепувањето на Косово од друга држава со помош на најмоќниот воен сојуз во светот со напуштање на државата на луѓето во Чиапас без ничија помош и пушки од втора светска, ти си знаеш. Од друга страна можеби си во право. Се градат болници, познати како “жолти соби“ каде се вршени (а можеби и сеуште се вршат) масакри на луѓе со цел да се продадат нивни органи. Понуда и побарувачка. Покрај тоа што служи како главен центар на дистрибуција на дрога низ Европа и секој можен вид криминал и насилство цветаат, со повремени масакри на “оние другите“ треба да се забележи дека таа држава немаше да преживее месец дена ако не беа во игра некои други интереси. Нешто како држење на живот со помош на апарати. Тотална нефункционалност и корупција која не може да опстане без постојано вештачко држење во живот.

Настрана тоа, можеби ќе ти биде драго да знаеш дека придонес кон благосостојбата на одредени структури кои од тој протекторат/држава се инфилтрираа на територија на твојата држава и убиваа твои сонародници имаш и ти. Ако не се лажам меѓу раководните структури на тие инфилтратори имало и ментално болни лица. Но ете, привлечени од можноста да живеат на државен буџет и поучени од нечии искуства си нашле пат до истото. Тоа што дел од твојот живот ќе биде потрошен во финансирање на тие лица чија држава од каде почна инфилтрацијата беше признаена од твојата како таква (под водство на твојата партија) и државното оправдување на масакри на цивили (амнестија) е сепак морално-етичко прашање во кое подобро да не навлегуваме...

Гледам неверојатна сличност меѓу Косово и Чиапас. Дури ми е тешко и да ги разликувам....
Можеби Косово за тебе е симбол на напредок, уште и значителен (!?) но и онака се е до перцепција...

Бројките веројатно доаѓаат од извори на мексиканската држава и како такви големо прашање е која е нивната релевантност. Но дека постојат големи проблеми тоа е факт. Тие проблеми како што веќе е кажано се последица на 500 годишно владеење на државата и 100 години капитализам. Не она што го прави денес против нив туку се резултат на наведеното владеење во период од половина милениум. Никој не рече дека е совршено или нешто слично. Тоа што не ја сакаат државата назад и што по цена на смрт се бранеа од неа е доволен показател.

http://www.worldpoliticsreview.com/articles/6682/the-zapatistas-retreat-from-the-post-modern-glare?page=2
http://www.schoolsforchiapas.org/english/projects/schools-of-hope/school-construction.html
http://www.schoolsforchiapas.org/english/projects/ecological-agricultural-education/neem-bamboo-and-fruit-trees.html
http://www.schoolsforchiapas.org/english/projects/ecological-agricultural-education/Zapatistas_plant_reforestation_trees_in_Chiapas_Mexico.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Zapatista_coffee_cooperatives

Криминалот посебно насилниот е скоро искоренет, првпат жените имаат некаква права, и покрај тешкотиите се гради во склад со скромните можности на терен и она што го собираат солидарни организации по светот. И во сојузната држава Оахака имало востание во 2006. но тоа е задушено брзо, поучени од искуствата преемптивно биле распоредени големи единици, со стандардни процедури (мачење, “исчезнување“, ликвидации на новинари и слично).
--- надополнето: 28 април 2012 во 16:03 ---
А за што е пример Животинска фарма? На што ти личат тебе случувањата? На капитализам?
Животинска фарма е алегорија која ги опишува развојот на бољшевизмот од наводната идеја за еднаквост и правда до она кое се случи во реалноста и како таква била забранета во земјите каде на власт била комунистичка партија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.080
Поени од реакции
25.396
Апсолутна истата приказна што ја прочитав за Чиапас ќе ја слушеш и од косовските Албанци. Јас не ја оспорувам ниту едната, ниту другата. Лицемерно е едната да ја земеш здраво за готово, а другата да ја негираш.

Тоа што Косово доби помош од најмоќната воена организација е уште еден доказ дека организираните структури се повеќе од потребни. Затоа што, кога имаш држава можеш да се пазариш. Зошто Чиапас не се испазари со некого?

За убиствата на недолжни, погоре пиша дека и во Чиапас ги има. Не ми беше поентата да ја свртам темата кон Косово, ама ајде. Косово го зедов за пример, затоа што е прилично нова и држава со многу проблеми. Во право си за се што наброја како дисфункционалност на државниот апарат на Косово. Ама и со таков лош државен апарат Косово успева да се избори за своите интереси и да си обезбеди политичка заштита за да не се распадне. Да не беше државниот апарат и да владееше анархија сега немаше да постојат косовски Албанци.

Напредокот на Косово е очигледен за секој што го посетил Косово барем 2 пати во последниве 5 години. Доколку не си бил, џабе ќе се убедуваме и разубедуваме. По ова што го видов на сликите од линковите можам да тврдам дека Косово е рај на земјата за Чиапас.
 
A

AnFem

Гостин
Ти реков дека одговорот лежи во тебе ;)

Јас и останатите на темава со исти ставови неколку пати бевме обвинети од другите 30% на темава дека не сме едуцирани што е тоа анархија. Фер став, бидејќи ние многу потешко можеме да дојдеме во контакт со анархиски организирана заедница.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Апсолутна истата приказна што ја прочитав за Чиапас ќе ја слушеш и од косовските Албанци. Јас не ја оспорувам ниту едната, ниту другата. Лицемерно е едната да ја земеш здраво за готово, а другата да ја негираш.

Тоа што Косово доби помош од најмоќната воена организација е уште еден доказ дека организираните структури се повеќе од потребни. Затоа што, кога имаш држава можеш да се пазариш. Зошто Чиапас не се испазари со некого?

За убиствата на недолжни, погоре пиша дека и во Чиапас ги има. Не ми беше поентата да ја свртам темата кон Косово, ама ајде. Косово го зедов за пример, затоа што е прилично нова и држава со многу проблеми. Во право си за се што наброја како дисфункционалност на државниот апарат на Косово. Ама и со таков лош државен апарат Косово успева да се избори за своите интереси и да си обезбеди политичка заштита за да не се распадне. Да не беше државниот апарат и да владееше анархија сега немаше да постојат косовски Албанци.

Напредокот на Косово е очигледен за секој што го посетил Косово барем 2 пати во последниве 5 години. Доколку не си бил, џабе ќе се убедуваме и разубедуваме. По ова што го видов на сликите од линковите можам да тврдам дека Косово е рај на земјата за Чиапас.
Нема никакви допирни точки, во тоа е проблемот.
Зошто да се пазарат кога успеаа и без тоа. Ќе видиме со Косово што ќе биде ако се сменат одредени приоритети на меѓународната сцена, a.k.a life support unit. Да не навлегувам околу тоа дали “државните структури косовски“ наводно обезбедиле подршка од Нато со нивната дипломатска генијалност, алтруизам и борби за демократија...или било нешто сосема друго.
Јас сум слушал и други муабети околу “рајот“ косовски но во ред. Смрт на неколку десетици иљади луѓе повеќе или помалку...


Знаеш што е интересно? Оние атеисти анархисти на темите во религија се повкуваат на логика, разум и како религијата нема основ, а тука влегуваат во цртан филм со фрази како-реалноста сега е таква ама во иднина ќе биде инаку. Саше Фактор Х комотно да им позавиди на пророштвата.

И христијани влегувале во такви цртани филмови...
http://en.wikipedia.org/wiki/Leo_Tolstoy
http://en.wikipedia.org/wiki/Christian_anarchism

Толстој, Бердјаев, Торо...нешто као државата била од лукавиот и такви муабети.
А тек Исус да читаш што проповедал, постојано бил уфилман...правдини, еднаквости...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
24 март 2010
Мислења
15.080
Поени од реакции
25.396
Смрт на неколку десетици иљади луѓе повеќе или помалку...
Смрт на неколку десетици илјади е подобрата опција отколку смрт или асимилирање на сите 1500000. Некогаш изборот се сведува на помалото од двете зла. Висок степен на криминал на почетокот имало и во САД, па тоа не ги спречило да напредуваат.

Инаку, по сликите гледам колку на Чиапас не и е потребна надворешна поддршка и колку успеале сами. Катастрофална образование и уште полошо здравство. Ама битно живееат по стариот код на Маите и никој не ги тормози. Ќе умрат среќни, иако можеби од болест што шпанскиот колонизатор ја лечи со пеницилин.

Само веќе почнавме да вртиме во круг. Дискусијата ќе нема напредок се додека не дадете логичко објаснување зошто анархистичките средини не се шират. Надвор од тоа, другите луѓе се глупи и не можат да ги препознаат придобивките.
Ти реков дека одговорот лежи во тебе ;)
Многу лош обид за cherry picking, со оглед на тоа што оригиналниот одговор е само два поста над твојот. ;)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Животинска фарма е алегорија која ги опишува развојот на бољшевизмот од наводната идеја за еднаквост и правда до она кое се случи во реалноста и како таква била забранета во земјите каде на власт била комунистичка партија.
Дали? Не сум знаел дека во бившата ни држава не биле комунистите на власт. Очигледно не биле, бидејќи јас „Животинска фарма“ и „1984та“ ги почитав во далечната 1984 та год, (која случајност а..:) ) на „мајчиниот ни “ јазик, српско-хрватски. Па дури и анимираниот се појави некоја година подоцна. Инаку да ќе се сложам дека го опишува комунизмот (не бољшевизмот), а се започнува со принципите на анархизмот (дури и Маркс не бил толку оригинален, принципите на комунизмот се „позајмени“ од анархизмот)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Смрт на неколку десетици илјади е подобрата опција отколку смрт или асимилирање на сите 1500000. Некогаш изборот се сведува на помалото од двете зла. Висок степен на криминал на почетокот имало и во САД, па тоа не ги спречило да напредуваат.

Инаку, по сликите гледам колку на Чиапас не и е потребна надворешна поддршка и колку успеале сами. Катастрофална образование и уште полошо здравство. Ама битно живееат по стариот код на Маите и никој не ги тормози. Ќе умрат среќни, иако можеби од болест што шпанскиот колонизатор ја лечи со пеницилин.

Само веќе почнавме да вртиме во круг. Дискусијата ќе нема напредок се додека не дадете логичко објаснување зошто анархистичките средини не се шират. Надвор од тоа, другите луѓе се глупи и не можат да ги препознаат придобивките.

Многу лош обид за cherry picking, со оглед на тоа што оригиналниот одговор е само два поста над твојот. ;)
Токму во болдот ти се содржи и одговорот на се друго.

Ако го погледнеш развојот на САД, и гледаш што се случувало пред 100 и кусур години, да си можел веројатно ќе си го запрел тој "напредок". Но после толку време, достигнале степен каков што го имаат денес. Значи имале време да се подобрат, усовршат итн...

Да му оставиме време и на анархизмот, односно анархистичките комуни, неколку генерации, па ќе заклучиме, то ест ќе заклучат идните генерации дали било добро или не.
Однапред осуда на нешто како што и самиот кажа не го познаваш доволно добро, во најмала рака е дилетантски.
Јас сум секојпат да му се остави простор, па времето ќе покаже дали е добро или не.

Велиш избор помеѓу две зла. Впрочем тоа во МАкедонија се прави веќе 20 години, секојпат избираме помало зло, кое на крајот пак е зло.

Ако ти се најдеш меѓу 10 000 загинати, тогаш тури му пепел. Ако се најдеш меѓу асимилираните еден милион и кусур, тогаш пак си тука.
Убаво е на хартија, и помало зло е секако 10 000 мртви, ама откако ќе заврши изборот на злото и ти и твоите блиски не сте меѓу нив. Во спротивно, ....
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Да му оставиме време и на анархизмот, односно анархистичките комуни, неколку генерации, па ќе заклучиме, то ест ќе заклучат идните генерации дали било добро или не.
Однапред осуда на нешто како што и самиот кажа не го познаваш доволно добро, во најмала рака е дилетантски.
Јас сум секојпат да му се остави простор, па времето ќе покаже дали е добро или не.
Колку време бе Мики? 50, 100, 150 години? Колку е доволно да се види? Па и нека е 150, веќе поминаа, првите такви колонии датираат од средината на 19ти век, и се се на микро ниво. Не е новост анархизмот.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Колку време бе Мики? 50, 100, 150 години? Колку е доволно да се види? Па и нека е 150, веќе поминаа, првите такви колонии датираат од средината на 19ти век, и се се на микро ниво. Не е новост анархизмот.

Не знам колку време. Ќе видиме. Ако не е добро, самото ќе исчезне.

Кога спомнуваш 19 ти век, веројатно алудираш на Париската комуна.
Идејата била одлична, но за тоа време без оружје и многу крв веројатно била осудена однапред на пропаст.

Сега е веќе друго. Демократија демек е, и никому не сметаат ваквите комуни, па да видиме како отсега за 100-150 години ќе се развијат.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не знам колку време. Ќе видиме. Ако не е добро, самото ќе исчезне.

Кога спомнуваш 19 ти век, веројатно алудираш на Париската комуна.
Идејата била одлична, но за тоа време без оружје и многу крв веројатно била осудена однапред на пропаст.

Сега е веќе друго. Демократија демек е, и никому не сметаат ваквите комуни, па да видиме како отсега за 100-150 години ќе се развијат.
Не бе друже, каква париска комуна. Зборувам за анархистички комуни. И точно тоа ти кажувам дека исчезнуваат или се локализираат. Првата колку ми е познато, (можеби има и постара, не сум сигурен) е во Америка некаде 1850та, отприлика, и ден денес постои. Во Израел има и ден денес (попознати како кибуци) преку 200, кои датираат од почетокот на минатиот век. Значи се веќе видени 160 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom