Анархија

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Хмм, и ние сме според нечиј образ нели? До каде стигнавме? До таму до каде шти ни дозволува тој кој не создал?

Еднаквоста ја објаснив неколку пати низ претходните постови. Пак ли?

Треба сите да имате можност да играте фудбал на терен(бидејќи највеќе споменуваше примери со фудбал).
Сите да имате копачки, сите да имате иста шанса да се покажете. Останатото е дело на мајка природа.

Го посочив и преку клучниот момент на секој вид на планетава - стремеж за зачувавање на видот и размножување, а тоа подразбира изнаоѓање идеален алфа мажјак за парење, или женка за раѓање.

Тогаш во изборот ќе биде вклучена само мајка природа, и психофизичките карактеристики на единките, а не и вештачки креираните погодности и стимулатори од страна.
Уште да кажеше која е крајната цел.......кое фајде од натпреварот?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Треба сите да имате можност да играте фудбал на терен(бидејќи највеќе споменуваше примери со фудбал).
Сите да имате копачки, сите да имате иста шанса да се покажете. Останатото е дело на мајка природа.
Тоа дека знам дека си љубител на фудбалот (јас ич не сум), малку попластично да објаснам. Тоа е во ред сите да имаат можност, но не можат сите да бидат Роналдо, нели? И во поглед на тоа кој колку потенцијал, желба, страст.... има. Значи не може доколку на интелектуален и физички план не сме еднакви, не може да има еднаквост.. Еве под претпоставка и да може да постои еднаквост на „пристапот до ресурсите“ (иако реков веке некои ќе бидат повеќе „еднакви“ од другите). Тогаш желбата да сите изгледаат како Бред Пит или да играат фудбал како Роналдо.... што правиме тогаш?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Уште да кажеше која е крајната цел.......кое фајде од натпреварот?
Истото фајде ако вечер играме баскет. Задоволство.
--- надополнето: 26 април 2012 во 13:29 ---
Тоа дека знам дека си љубител на фудбалот (јас ич не сум), малку попластично да објаснам. Тоа е во ред сите да имаат можност, но не можат сите да бидат Роналдо, нели? И во поглед на тоа кој колку потенцијал, желба, страст.... има. Значи не може доколку на интелектуален и физички план не сме еднакви, не може да има еднаквост.. Еве под претпоставка и да може да постои еднаквост „пристапот до ресурсите“ (иако реков веке некои ќе бидат повеќе „еднакви“ од другите). Тогаш желбата да сите изгледаат како Бред Пит или да играат фудбал како Роналдо.... што правиме тогаш?
Не сме де еднакви. Арно ама сме имале еднаква шанса да ја достигнеме истата цел. Поразот на оној ко не ја достигнал не влијае никако врз неговиот живот освен мала повреда на егото и веројатно неколкучасовна фрустрација.

Јас не знам дали тогаш ќе бидат истите желби како и денес.

Па и денес ако сакаш да личиш на некого иди на пластична операција. ТОгаш ќе биде до перфекција таа гранка усовршена.

Оригиналноста на човекот е неговата карактеристика.

Ова се многу детални , ситни прашања кои најверојатно не би ни му паднале н а ум некому, некогаш и некаде.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Уф .... што не сакам да цепкам постови....ама морам
Истото фајде ако вечер играме баскет. Задоволство.
Да бе баш така, ќе го викнам Новицки да си одиграме еден на еден кај мене у двор, чисто за забава.
Не сме де еднакви.
ОК
Арно ама сме имале еднаква шанса да ја достигнеме истата цел.
Потполно неточно. Почни од родители и генетски фактор, од воспитување, афинитети, способности ни случајно не сме имале исти шанси.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Уф .... што не сакам да цепкам постови....ама морам

Да бе баш така, ќе го викнам Новицки да си одиграме еден на еден кај мене у двор, чисто за забава.

ОК

Потполно неточно. Почни од родители и генетски фактор, од воспитување, афинитети, способности ни случајно не сме имале исти шанси.
Нема да го викнеш Новицки кај тебе, оти знаеш дека е поквалитетн од тебе.

У болдот ја промашуеш поентата.
Да не случајно знаеш за што си генетски предодреден па однапред да си го планираш животот?

Јок. Еднаставно имаш иста желба и иста шанса како и сите, и еднаков пристап до се што може да ти помогне во твојата желба и цел. Ако не успееш, сосема во ред.
Тоа е само налик на денешниот спортски пораз при практикување рекретивен спорт.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да не случајно знаеш за што си генетски предодреден па однапред да си го планираш животот?
Знам за што не сум и не се ни обидувам во тој правец да си ја барам кариерата.
Мислам порано, сега на пола век (буквално) друга работа.....
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Вештице, истото го студираме. Веројатно и во слични услови ќе работиме.
Јас го запишав тоа што ми е предизвик, а не тоа што ќе ми донесе материјални богатства. И воопшто не ми е тешко што да речеме, докторите ќе заработуваат повеќе од мене. Напротив!
Капитализмот е добар, кога има добри закони кои се почитуваат. Јас ја наведов Шведска, зошто за неа знам нешто, што ми се допаднало.
Македонија е тиња, а не целиот капитализам како замисла. Зошто сите овде се лева рака десен џеб. А не затоа што капитализмот не може да функционира добро.

Јас не начекав некој да ми објасни како ќе се разрешуваат конфликтите, настанати поради сосема нормалните индивидуални разлики.
Кокосите се пример, а чистото филозофирање не води никаде. Практичните проблеми и нивното решавање се реалноста, а не утопистичкото сонување.
Па добро ја ко што сфатив ти рече дека за парите си одела, зошто нели пофалби не биле доволно. Но нема везе, ете погрешно сме се разбрале, така ќе го кажеме.
„Капитализмот е добар“ е оксиморонска реченица. Обидот за добро спореведен капитализам пропадна.
Прво земјите што се спомнуваат како добри примери, имаат социјалистичко здравство и образование. Ете ти практичен пример за решавање на проблеми, ама не е капиталистички. Ај ти дај ми капитилистичко добро решение.
Второ за Шведска, Данска, Франција и не знам уште кои да имаат добар стандарт, тоа го прават на сметка на земји од трет свет каде луѓето пропаѓаат. Ова веќе е навлегување во политика, но факт е дека државите и не се така изолирани една од друга.
Една од тие земји, сме и ние, зошто и ние се водиме како third world country. Листата на вакви земји не е мала. Има зошто Македонија е тиња, ете Атеист кој го форсира Орвел знае дека една од причините за делење на светот на помали делови како држави е борба за експлоатација на луѓе.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785

Секако, јас убаво нагласив - приватна сопственост и можност за правење богатство - но регулирано со силни социјални (пред се) закони.
Да ми било за парите, немало психологија да студирам, и самата знаеш :) Посебно не во Македонија :)

Затоа јас убаво реков - приватниот сектор треба и мора да постои, покрај технолошкиот развој, огромна мотивација се и парите - и така треба да биде. Човекот ќе се напентари на кокосот до горе, за да јаде, а не затоа што се чувствува убаво додека се пентари.
Хирургот ќе биде помотивиран за работа, покрај успехот и спасувањето животи, и од општественото и материјалното признание.
Детето е најсреќно кога за успехот, покрај пофалбата од родителот/учителот, ќе добие и материјален сувенир како награда.

Е кога сме тука - како би ги воспитувале децата без наметнување на авторитет? Како учителот ќе биде извор на знаење и како децата ќе се насочат кон него - ако не смее да биде авторитативен и ако не смее да биде лидер?
--- надополнето: 26 април 2012 во 14:18 ---
Пума кој вели дека ќе има буквална еднаквост????

Се работи за еднаков пристап кон ресурсите, оние материјалните.

Кој вели дека тогаш ќе има потреба од хирург? Неговата работа ќе ја заврши добро испрограмиран робот, на пример.

Кој вели дека ќе треба чистачка?

Зборувам за момент кога човештвото ќе сфати дека оваа дарба - разумот, свеста, интилигенцијата конечно ќе ја насочи кон просперитет и кон обезбедување хедонизам, она за кое што е создаден нели дури и според Библијата.:P

Сето ова анархија, комунизам и слично се само пионерски фази во отпорот кон капитализмот, кој со својот апарат држава го кочи просперитето и слободата на хомоспаиенсот.

Ти поставуваш цело време прашања од твој аспект.

Но, одговори ми што ти смета да во овој момент и чистачката и ти одите на пример на одмор во Ница?
Одговор - додека чистачката во овој момент ќе заврши со чистење прашина, ќе оди дома и ќе се оптегне пред телевизор, едино ручек ќе направи и количината на стрес во нејзиниот живот е значително помала од мојата. Јас ќе одам на факултет полунаспана, зошто ноќеска сум довршувала проект или сум учела, интелектуално ќе вложувам труд цел ден, ќе дојдам дома, ќе одморам кратко, и повторно имам обврски према факултетот. И да, стресот е каде каде поголем кај мене.

И јас заслужувам одмор во Ница, за разлика од неа. Ако таа ја заслужува Ница, јас заслужувам Хаваи. Итн.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Авторитет кој доброволно ќе се прифати како вредност од другите а не авторитет наметнат со сила, има разлика, анархизмот во суштина е отпор без лидер!
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Секако, јас убаво нагласив - приватна сопственост и можност за правење богатство - но регулирано со силни социјални (пред се) закони.
Да ми било за парите, немало психологија да студирам, и самата знаеш :) Посебно не во Македонија :)

Затоа јас убаво реков - приватниот сектор треба и мора да постои, покрај технолошкиот развој, огромна мотивација се и парите - и така треба да биде. Човекот ќе се напентари на кокосот до горе, за да јаде, а не затоа што се чувствува убаво додека се пентари.
Хирургот ќе биде помотивиран за работа, покрај успехот и спасувањето животи, и од општественото и материјалното признание.
Детето е најсреќно кога за успехот, покрај пофалбата од родителот/учителот, ќе добие и материјален сувенир како награда.

Е кога сме тука - како би ги воспитувале децата без наметнување на авторитет? Како учителот ќе биде извор на знаење и како децата ќе се насочат кон него - ако не смее да биде авторитативен и ако не смее да биде лидер?
Супер ми објасни, ај сега кажи од каде тоа дека мора така да биде?
Еве ја на хирургов прво кокоси би му дала за да му се задоволат сите предходни стадиуми од пирамидата на Маслов, и би му кажала ако сакаш самоактуелизација, а сите се стремиме кон самоактуелизација нели, човекот се стреми кон развој, оди биди хирург. Луѓето ќе те сакаат, автоматски имаш углед, почитување, ама сите имаме кокоси. Углед не мора да се поврзе со пари, награда не мора да се поврзе со пари. Наградата за дете е чоколадо, тоа е храна!
Ај сега пак кажи ми, зошто мора така да биде?

А детето природно го гледа возрасниот како авторитет, тоа му е инстинкт. Проблемот е кога наставникот наместо критичко мислење и сомневање во авторитети, му пропагира безусловна послушност. Кога класната ве подржала во бунт против администрацијата во школо? И тоа за нешто што е очигледно. Или родителите? Тоа е научено однесување, затоа сега седиме во амфитеатри кои прокиснуваат а утре ќе работиме во мизерни услови.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Полека се доближуваме до поентата.

Значи зборуваме за свет во кој интелектот нема да биде како денечниов и нема да се размислува на грабежи, на подли работи, на уништувања, оти сите ресурси ќе бидат достапни секому.

Секако тоа нема да биде буквална еднаквост.

Но по примерот на Пума, со денешно време, ако сите можеме да возиме јахта и имаме пристап до неа, физичката и умствената спремност и способност ќе допринесе дали ќе вртиш крукчиња околу Солунскиот залив или ќе можеш да дојдеш до Хрватско приморје:P

Значи технологијат и нејзиниот напредок секако ќе доведе до смена на менталната матрица, според мене на подобро.

Вештачката интилигенција, роботиката и нанотехнологијата ако се искористат правилно и за вистински цели може да го наорават човекот буквално БОГ во земскиот живот, класичен хедонист кој ќе ужива во плодовите на неговиот интелект.

Конкуренцијата ќе биде во желбата за освојување на нови полиња во знаењето, па и надвор од планетава. Ќе нема потреба од некои бедни животински карактеристики кои не отсликуваат денеска. Ќе рудиментираат тие карактеристики.

Мислам дека отприлика доловувам што би требало да биде иднината на човештвото. Можеби е погрешна темава за вакво нешто, али нема везе.
Комплетно се согласувам со тебе, само што анархијата нема да биде тој идеален систем.
Еднаш кога технологијата ќе го замени човекот (роботи во домаќинствата, роботи во индустријата - тоа е веќе реалност и сл.) во многу области, и ќе обезбеди ресурси достапни за сите, моќта на одредени луѓе нагло ќе се намали, што е и логично.
Сепак мора да постои конкуренција, како двигател на развојот. Мора да постои напредок, а државите се најдобар пример за конкуренција. Финтата е што не мора да бидат управувани од мала група на луѓе, нели технологијата ќе го премости сето тоа (таква технологија постои и денес).
Мора да постои некој кој ќе донесува одлуки, макар тој некој да се менува на многу брзо време или да е неможно да носи одлука без согласност со мнозинството, да има ограничена моќ итн.

Не мора сите да имаме јахти, повеќе крстосувачи се доволни. :)
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
И уште чекам добро капиталистичко решение, по можност нешто што не вклучува кокоси и слични нуспојави во дискусијава.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Комплетно се согласувам со тебе, само што анархијата нема да биде тој идеален систем.
Еднаш кога технологијата ќе го замени човекот (роботи во домаќинствата, роботи во индустријата - тоа е веќе реалност и сл.) во многу области, и ќе обезбеди ресурси достапни за сите, моќта на одредени луѓе нагло ќе се намали, што е и логично.
Сепак мора да постои конкуренција, како двигател на развојот. Мора да постои напредок, а државите се најдобар пример за конкуренција. Финтата е што не мора да бидат управувани од мала група на луѓе, нели технологијата ќе го премости сето тоа (таква технологија постои и денес).
Мора да постои некој кој ќе донесува одлуки, макар тој некој да се менува на многу брзо време или да е неможно да носи одлука без согласност со мнозинството, да има ограничена моќ итн.

Не мора сите да имаме јахти, повеќе крстосувачи се доволни. :)
У принцип тука сме некаде во дефинирање на контури на еден иден систем во кој би требало да има хедонизам за хомосапиенсот.

Се слагам дека мора некој да донесува одлуки, но тој некој треба да биде преќутно избран од сите и д аима авторитет и верба во него.

Нешто слично како во бракот, на крај крупните одлуки ги носи едниот или другиот во зависност која област е зафатена, а другиот автоматски има потполна верба во неговата одлука дека ќе биде добра за заедницата.

Токму болдот е суштината на еднаквоста.
--- надополнето: 26 април 2012 во 14:48 ---
Комплетно се согласувам со тебе, само што анархијата нема да биде тој идеален систем.
Види јас никаде не напоменав дека Анархијата е идеалниот систем. Секаде споменувам дека Анархистите се пионерите кои се залагаат за она што го дискутираме.

Јес да темава е анархија, ама отидовме и подалеку малку.

Вредноста на Анархијата е што знаат да ги препознаат недостатоците на сегашниов систем, и покажуваат знаци на отпор, какви такви. Заслужуваат барем почит.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Вредноста на Анархијата е што знаат да ги препознаат недостатоците на сегашниов систем, и покажуваат знаци на отпор, какви такви. Заслужуваат барем почит.
А што ако тој систем - анархија е полош од капитализмот? Зошто не си го поставуваш тоа прашање? Не е само анархијата алтернатива на капитализмот.

И не само алтернативците на капитализмот ги препознаваат неговите недостатоци, туку тоа го прават и капиталистите, на тој начин подобрувајќи го својот систем. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom