- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.514
- Поени од реакции
- 37.352
... по неколку пишувања на ЛП и со дозвола на членот, би споделила едно искуство што ете поради една банална работа можеше да се искомплицира и од ништо да стане нешто...Бев многу болен да кажам почеток на Март и имав кашлица цел месец..Помина се тоа ама еве кашлицата ми се врати едно 3 недели како да имам нешто во грло па мора мало искашлување да се симне надоле па пак се качува нагоре итн итн да го исчистам грлото.Отидов направив крвна слика и бриз ми земаа од нос и грло и испаднаа негативни на патогени бактерии...Крвната слика ми рече матичната ми била океј само малце холестеролот 0и сум немал инфекција и ми даде лоратадин да не е на некоја алергиска база...Второ мислење ако може Прегледај го приврзокот 255148
... совети околу замастена јетра, па диета, па ослабување ќе држеше за подобрување на јетрени парамети, холестерол и триглицериди... но што со тие пациенти кои ги имаат истиве резултати, а се слаби неухранети? што ќе им кажеме дека имаат замастена јетра и да држат диета... и да не јадат то и то?
пореметување на липидниот статус не зависи секогаш од внесената исхрана тоа е сосема мал процент, покачени вредности секогаш и најчесто е поради пореметен внатрешен метаболизам на мастите...
...членот Мр.Дени, поради пандемијава и ширење рапидно на коронавирус и потреба на секој да има силен имунитет барем да се справи со болеста ако дојде до контакт и се зарази го натера ( а бил нели настинат) да зема барем „природен антибиотик“ познатиот добар стар антибиотик- лук по 2, 3 парчиња ги голтал дневно...
арно ама што ако е природен антибиотик лукот, во поголеми секојдневни дози делува на дигестијата, па ја зголемува кај тие што им е нормална, за разлика од тие што имаат поспор метаболизам и мрзливи црева и запек лукот би дошол како лек, ама не кај сите, па не и кај Мр. Дени!
... и така со денови кај членот се појавиле стомачни проблеми, болки или нешто што идело надоле нагоре кај грлото, па можеби и потешко дишење и ете ти беља со помисла дека тоа е тоа симптом на инфекција со коронавирус....
... Мр.Дени веднаш се јавил кај матичната објаснувајќи ја ситуацијата по телефон, па таа највероватно не се посомневала на коронавирус, оти немал контакти и матичната му препорачала таблети пантопразол - Нолпаза (што Мр.Дени не ни спомна тука мислејќи дека не е важно), туку само препораката н аантиалергикот Лоратадин од што мислеле дека „кнедлата“ во грло е од алергиска природа!
... после три дена терапија Мр.Дени не се чуствувал ништо поарно, па побарал лабораториско испитување каде резултатите се овие приложените што насочуваат на замастена јетра, покачен холестерол итн!
... е сега, ако се види несакано дејство на пантопразолот на покачување на липиден статус (холестерол, триглицериди) и препорака да најмалку недела дена се паузира со лекот па потоа се прават такви анализи, ете ја грешката каде членот му се јавуваат високи вредности во ова лабораториско испитување токму од пантопразолот што му било препорачано поради болки под дијафрагма, а сето тоа од едно секојдневно банално земање главици лук поради страв од коронавирус и подобрување на имунитетот на природен начин!
Мр.Дени, си прекина со таблетите, си прекина со земање на цели парчиња лук (ама едно мало скришум уз ручек) и нема никакви тегоби и си е топ!
(@chef_cook слично можеби и кај тебе!)
Последно уредено: