Споредуваш држави и нас кои глумиме држава.
И тука така дојде, ти ја отвораат вратата на 18 години и ти викаат, оди заврши нешто колку да имаш пусулче, а за тоа време почекај да ти излезе бугарскиот и фати магла надвор, тука нема леб.[DOUBLEPOST=1539445562][/DOUBLEPOST]
Имам школски кој не заврши факултет, на 20 години му излезе пасошот и замина надвор, јас останав да се акам по факултет демек инженер ќе се правам, дечкото го сретнав пред 2 месеци со џип од 20 000 евра на Швајцарски табли, јас толку пари уште 5 години во Македонија нема како бруто плата да ги свртам низ рака, а не пак да ги одвојам и да ги фрлам на кола. Да останеше со средно во Македонија, ќе немаше пари да купи и да одржава Југо 45ка, а не како сега Порше Кајен С.