Американците предупредуваат: Ни претстои нова вирусна закана – Фокин грип?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.728
Вака-така, изгледа цело животинско царсто ќе се изреди како носител на некој опасен, смртоносен вирус.
Потоа на ред се луѓето. Можеме да очекуваме во блиска иднина:
- Сириска настинка
- Ирански грип
- Руска кашлица
- Пакистанска чума и други болести кои се закана за целото човештво, и за кои можеби нема да се најде соодветна вакцина, па ќе бидат потребни други, порадикални мерки.
Па и тоа не е ништо ново. Пред еден век имаше шпански грип кој се покажа бааѓи успешен, така да овај птичјиот можеше вода да му носи по број на жртви. Се проценува дека тогаш за време на пандемијата како последица на грипот умреа помеѓу 50 и 100 милиони луѓе, или за една година загинаја повеќе луѓе од грипот отколку за 4 години во првата светска војна, или статистички некаде околу 3% од целата популација на земјата. Рачунајте дека тогаш ем бевме некаде нецели 2 милијарди луѓе , ем не се стигнуваше за еден ден од едниот до другиот крај на светот.
Сега тоа го користат фармацевските компании и сеат страв и паника помеѓу луѓето, а сите знаеме дека сравот лозје чува, ама недај боже да не стрефи некој сличен на него грип, ке ни се еби мамата.
 
B

Black Guard

Гостин
Како бе све од кај американциве почиња, се они први наоѓаат!?

Искрено после свинскиов грип веќе се мислам дека е пропаганда на фармацевскиот бизнис!

Се земаат примероци од вирусот,дел се подложуваат на мутагени фактори а дел само се опсервираат за извесен период суперкомпјутер прави модел на нивната промена и дали може да инфицира човек.

Оваа метода ја користат зав тешки и9нфекции,али кај нас ја нема компјутер скам,софтвер и цел научен тим.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Ај ќе пробам да објаснам, пошто гледам дека нивото на неинформираност во однос на грипот е too damn high. Знам дека ќе биде лошо примено, ама сепак да се обидам. Нема повеќе видови на грип. Има еден вирус кој предизвикува грип и тоа е вирусот на инфлуенца што сите добро го знаеме. Е, тој вирусима повеќе типови и под-типови (H нешто N нешто не им е ставено од памет и за забава) и сите тие имаат способност да мутираат. Не е тоа од сега и не е од американците смислено. И секоја година, во однос на тоа кој тип на грип се очекува да биде актуелен (што се прави два пати во годината, со препораки за двете хемисфери на земјата кои ги прават научници кои со месеци работат на тоа!) се прават вакцини кои се наменети за загрозените групи, а тоа се обично стари луѓе со хронични болести и лица кои се изложени на болеста, ко на пример луѓето што работат во инфективна клиника. За овие луѓе вакцините се бесплатни. Секој што не спаѓа во овие групи, доколку сака дополнително да се вакцинира ќе си доплати. Никој не го приморува на тоа.
Грипот отсекогаш постоел и бил опасно заболување, само што денес сакаме се да им препишеме на оние богати копилиња што се на власт. Тие се криви за сите наши несреќи. Тие се виновни и за вирусите и бактериите и за се. Податоци за грипот има што датираат уште во римско време. Ваљда и они ги мутирале у лабараторија. Само тогаш не им давале имиња како птичји или фокин. Знаеле дека ако видат многу умрени пилиња, треба да ги избегаваат и да не ги јадат затоа што не е во ред нешто со нив. И уште побитно, немале мас-медиуми до кои секој ќе има пристап, за секоја будала да може да се сили и да вади теории на заговор против се, па да успее да го испере мозокот на масата до тој степен, да се сврти против луѓето кои се грижат за нејзиното добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom