Американците предупредуваат: Ни претстои нова вирусна закана – Фокин грип?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
По птичјиот и свинскиот грип, американските научници предупредуваат за уште една опасност, односно вирусот H3N8 или фокин грип кој може да биде следната вирусна опасност. Фокиниот грип е изолиран сој на вирус кој го пренесуваат фоките.

attachment.php

Податоците се аларманти предупредуваат научниците кои наишле на 162 мртви фоки на еден брег. Биле направени лабораториски анализи на 5 фоки и сите биле инфицирани од новиот тип на вирус H3N8.

Сеуште не е потврден начинот на кој вирусот се пренесува и размножува, но се знае дека освен на фоките може да се пренесе и на други цицачи, односно се претпоставува дека може да се пренесе и на човекот. Според досегашните истражувања на научниците потврдено е дека овој вирус е способен да напаѓа специфичен протеин кој се наоѓа во човековите бели дробови.

Научниците се сомневаат дека можно е птиците да го имаат пренесено мутираниот тип на вирусот во периодот кога владееше опасноста од птичјиот грип. Како и да е, се работи за опасен тип на вирус и комбинација која сеуште не сме ја виделе – вали д-р Ен Москона професор на Корнел- Медицинскиот колеџ во Њујорк, а воедно и шеф на истражувачката екипа.

Има причини за загриженост, додава таа и неопходни се навремени превентивни мерки. Научниците тврдат дека со ваков тип на вирус човекот сеуште се нема сретнато и додава дека доколку не се превземе нешто можно е наскоро тој да однесе многу животи. Сепак дали ќе се повтори сценариото со птичјиот и свинскиот грип или овој пат проблемот навремено ќе биде надминат, останува да видиме.

Извор

Како бе све од кај американциве почиња, се они први наоѓаат!?

Искрено после свинскиов грип веќе се мислам дека е пропаганда на фармацевскиот бизнис!
 
Што не ќе направат фармацеуските компании за да ја зголемат продажбата на лекови. Не само што измислуваат нови и „ многу опасни, лесно преносливи и смртоносни болесити “, туку се занимавале и со поткупување на доктори.
Американското Министерство за правда ја тужело компанијата Фајзер за поткупување на доктори во Србија, Јавува Танјуг:
http://www.tanjug.rs/novosti1/54265/kompanija-fajzer-potkupljivala-doktore-u-srbiji.htm
 
Тоа веќе нормално е. Познато ни е. А и премногу луѓе има на Земјата и со гриповите го намалуваат населението. И птичјиот и свинскиот не беа опасни, па лом направија.
 
Сега по "чудо" фармацевтскиве компании ќе пронајдат некоја вакцина за да ги спасат луѓето, СЗО ќе наложи сите земји да купат оти има "опасност" од пандемија. На крај од целава работа тие ќе стават милијарди во џеб, а еуфоријава за смртоносниот грип ќе изчезне како прдеш на ветер.
 
Сега ќе ни излезе министерот за здравство и заедно со соработниците на плоштад ќе јадат фокино месо и ќе не уверуваат дека фокините продукти се безбедни.
 
Како бе све од кај американциве почиња, се они први наоѓаат!?

Искрено после свинскиов грип веќе се мислам дека е пропаганда на фармацевскиот бизнис!
нема што да ти се чини... така е
 
И да не заборавиме пензионерите први ќе бидат да ги пробаат новите вакцини
Taman pobrzo ke gi pratat na grobista a so toa i da go rasteretat fondot sto im dava penzii.
--- надополнето: 8 август 2012 во 12:20 ---
Zatoa gledajte vo sonce,stignete do 45 minuti i do krajot na zivotot nema da imate nikakvi zdravstveni problemi kolku i da izmisluvaat novi virusi vo laboratoriite.
 
Како бе све од кај американциве почиња, се они први наоѓаат!?

Искрено после свинскиов грип веќе се мислам дека е пропаганда на фармацевскиот бизнис!
You don't say ? Милиардерски бизниси се во прашања што очекуваш..
 
У превод: ново лабараториско откритие :cautious:
 
Избришани се сите сеирџиски и офтопик мислења.
Sungazing дискутирајте на соодветната тема. Готвење на месо од фока исто така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom