Muiraquitã
Сигурно сите сте чуле за легендарните жени-воини Амазонки. Многу експедиции беа испратени за пронаоѓање на овие убавици како и за нивната престолнина-таинствениот град Ел Дорадо, кој според преданијата изобилувал со злато.
Овие воинки седум години храбро се борле против туѓите освојувачи, но кога нивната сила се исцрпела, се повлекле длабоко во амазонските прашуми и во подземните живеалишта, што за нив ги изградија боговите 15 000 г. порано.Градот го срушиле и не оставиле никаков траг зад себе.
На утоката на реката Нхамунда, шпанскиот авантурист Франциско Орелан, наводно, ги победил легендарните Амазонки. Покрај нејзиниот десен брег, во близина на населбата Фаро, се наоѓа езерото Лаци, „Месечево огледало“. За време на полна Месечина , така барем вели легендата, Амазонките се спуштале од околните планини до езерото, каде што ги чекале нивните љубени. Нуркале во „Месечевото огледало“ трагајќи по ретки камења кои во водата можеле да се гмечат како тесто, додека на копното станувале тврди како дијамант. Амазонките ги нарекувале „Muiraquitã “ . Научниците овие скапоцени камења ги сметаат за археолошко чудо. Тврдо е како дијамант и вештачки е обликувано, иако племето не поседувало никакво орудие за обработка на таков материјал.
Еве ја легендата:
Некогаш, постоело племе составено од жени-воини, Icamiabas, кои немале мажи и кои никому не дозволувале да пријде до нивната населба.Тие ракувале со лак и стрела со исклучителна вештина. Iací, Месечината, се чини ги штитела. Еднаш годишно, воините Guacaris пристигале во нивното село како нивни мажи.Ако се родело некое машко дете, тогаш тоа им го пренесувале на овие воини, а ако се родело женско-го задржувале.На овој посебен ден, некаде пред полноќ, кога месечината е највисоко, тие во колона оделе кон езерото, носејќи на нивните рамења пехари полни со парфеми , со кои се поливале во водата.На полноќ, тие заронувале во езерото а од дното ваделе зеленкаста глина од која изработувале најразлични фигури: жаба, риба, желка и др.животни. Но од сите, жабата е најзастапената. Овие фигури им ги подарувале на воините Guacaris кои што ги чувале и носеле на својот врат, закачени на врвка направена од косите на својата невеста, како амулет. До денес се верува дека Muiraquitã му носи среќа на оној што го поседува овој среќен амулет.