Алшар, празни прикаски или голем потенцијал?

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

На територијата на Република Македонија постојат богатства кои ги нема ниту во една друга земја.


Ова мало парче земја својата убавина и вредност ја потврдува гордеејќи се со сето она што може да се најде на нејзино тло.

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.
Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20 век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.
Во 1986 година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија. По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрени.
Денес, Министерството за животна средина се обидува за Алшар да издејствува статус на заштитено подрачје.
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен сулфат (TlAsS2) е минерал и за првпат е пронајден во Алшар. Крстен е по унгарскиот научник Лоранд. Лорандиот е редок минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.

Се смета дека го има само во Македонија а можеби и во Шри Ланка.Во 1978 е одржана тајна седница на владата на СФРЈ на која се разговара за тоа дали рудикот Алшар да и се препушти на НАСА за да врши истражувања која наводно би го користела лорандитот за вселенески истражувања.
Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.

Футурустички, ако во тоа успееме, човекот, буквално, ќе може да произведува мали сонца, кои по негова желба, ќе можат да се палат и да се гасат. Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената.
Рудникот Алшар се наоѓа триста метри од малото село Мајден, на во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена. Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!


Рудникот "Мајден" го добил името Алшар според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито, кои овој рудник го експлоатирале меѓу 1913 и 1923 година. Меѓу другото, тие рудата антимон, со највисок квалитет, ја користеле за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Антимонот и другите ретки руди од Алшар биле познати уште во времето на првите човекови цивилизации.
Лево, на двесте метри од Алшар има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму.
Уште полево од Алшар и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу Алшар, познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.


Тоа е исто така значаен флористички локалитет којшто се карактеризира со присуството на растителните видови: алшарска темјанушка (Viola allchariensis) и арсенската темјанушка (Viola arsenica), кои претставуваат македонски ендемити. Локалитетот, под името Алшар, е запишан во Списокот на CORINE биотопи за Македонија

http://kurir.mk/makedonija/vesti/48506-Makedonija-ja-poseduva-najgolemata-tajna-na-covestvoto



 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Верувам дека има нешто но што и да е нема да го експлоатираме како земја никогаш.Не само затоа што немаме технологија ,финансии и знаење туку Наса ќе дојде и се ќе собере а нас ќе ни остане да си правиме филмови како сме некоја чудна земја.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Чим биле Американци, испитувале и си заминале, чим не се задржале, значи немало нешто битно...
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Глупости , ако имаше нешто вредно досега Американците ќе замешаа прсти .
 
Член од
8 април 2010
Мислења
68
Поени од реакции
46
Razni timovi od Jugoslovenskiot ekspertski krem go ima proceslano pred godini, godini i toa na insistiranje na UDBA ...
Ne e najdeno nisto sto moze ekonomski da se eksploatira.Tocka.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Можеби едноставно техниката тогаш а и денес суште не е на ниво кое би можело да ги искористи потенцијалите на леондридот и другите руди што ги има во алшар, затоа и останал неинтересен за големите ѕверки како УДБА и НАСА. Но исто така колку што знам одреден период се има експлоатирано руда од рудникот.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Да сме паметни....до сега ќе се договоревме со америте...и ем што ќе можевме да извлечеме брдо пари и да бидеме шеици....сепак и ќе имавме обучен кадар,и ќе ја развивавме науката и кај нас.

Ама јбг....ние можеме само филмчиња да си гледаме....
 
S

Sagan

Гостин
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди.
А Исус е Бугар.

Олку глупости во 4 кратки поврзани реченици, немам прочитано никогаш.
The Allchar deposit in southern Macedonia was the only area where thallium was ever actively mined.
Значи, ете од каде сме биле богати: стакло и инсектициди за цел свет...
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Нека не си прават бајрам на мозокот дека било единствено наоѓалиште на Земјата и слично. Можеби има нешто вредно во него ама далеку е тоа од ,,најголемата мистерија на човештвото''.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
има нешто вредно ама неможат да го искористат ... во иднина некогаш можеби би можеле а ете ви линкче постна еден член погоре дека е единствено во светот стварно и дека има тези за создавање на чиста енергија од тоа ама нема некој доволно паметен да знае како да ја создаде ...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кој уште не дојде во овој рудник да испитува. Последни ако ме држи сеќавањето беа Словенци, седеа испитуваа со години наназад и на крај со спакувани куфери дома. Ако имало нешто досега ние ќе работевме како рудари, а другите со камшик ќе не удираа.
Така да филмов е досаден веќе.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.406
Поени од реакции
14.820
Кој уште не дојде во овој рудник да испитува. Последни ако ме држи сеќавањето беа Словенци, седеа испитуваа со години наназад и на крај со спакувани куфери дома. Ако имало нешто досега ние ќе работевме како рудари, а другите со камшик ќе не удираа.
Така да филмов е досаден веќе.
На повеќето тешко дека ќе им здосади. Ова ти е како приказните за закопано злато. Секое село има таква легенда, море ское трето семејство. Најчеста варијанта е како некој Турчин бегал после Балканските војни го закопал, за потоа да се врати и да го откопа. Интересно е што толку генерации поминуваат, а не само што никој не го наоѓа, туку никој не ни копа да го најде. Е, сега, ќе се појават некои други, ќе видат некоја дупка, некои траги од гуми во близина и веднаш ќе дигнат паника дека другите го нашле или ќе го најдат и ќе го земат.

Ова со рудникот е приказна на цела држава, а не само на едно семејство или село. Без разлика дали има такво нешто, интересен е феноменот дека ќе се и испокараме и истепаме за нешто што не знаеме ни дали го има, но носи леб без мотика, отколку да земеме да сработиме нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom