Алтруист или Егоист?

Алтруист, Егоист..или.....


  • Вкупно гласачи
    108
I

indigo child

Гостин
Рамнотежа на вага е практично невозможно да се постигне, иако јас држам став дека алтруизмот и како концепт е возможен само во теорија, не и во пракса и тоа само ако го исклучиме психолошкиот аспект „ го правиме само она што не прави среќни “.
Што значи, не верувам во тоа дека некој може да биде и двете, кога има само едно. Но себе залажувањето и не е така лоша работа, луѓе изградиле цели кули од карти врз таквиот принцип. Забавно е да се види како младите во суштина веруваат или барем така велат. :)
Досадно ми е Сатори, а добри дискусии паѓаат со тебе.

Има луѓе кои се секираат за туѓите проблеми повеќе, отколку за сопствените, иако сопствените ги имаат на претек. Значи тоа им ствара нервозаз, дополнителни грижи, стрес...
Муабетот „го правиме само она што не прави среќни “ и „не постои алтруизам“ ти паѓа у вода.

Иначе ја, егоист. Попаметно ми е некако...
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Егоист. Да светот би бил боље сите да сме алтруисти али човекот по природа е ѕвер а не светец.
 
С

Сатори

Гостин
Досадно ми е Сатори, а добри дискусии паѓаат со тебе.

Има луѓе кои се секираат за туѓите проблеми повеќе, отколку за сопствените, иако сопствените ги имаат на претек. Значи тоа им ствара нервозаз, дополнителни грижи, стрес...
Муабетот „го правиме само она што не прави среќни “ и „не постои алтруизам“ ти паѓа у вода.

Иначе ја, егоист. Попаметно ми е некако...
Би сакала и мене да ми беше досадно за да навлегувам во дебата со која што ќе сакам да ти доловувам поента, ама не ми е.
Моето тврдење е прилично јасно на темата, за да се обидувам да ти го сменам мислењето неопходно е ти да имаш повеќе од 16, а јас желба да се повторувам.Што не е случајот и патем, секој мотив е ограничен на волјата за моќ.
Простудирај го Ниче, па ќе дебатираме дали е така или не.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
A onaka vovedot na Magde bi go muabetel...
spored jas sam sebesi...
-Egoizam-zbir od zhelbi koi go tvorat egoto,glasot u nashata glava, koj shto ne lazhe deka e Jas...
-Altruizam ondak, ni zhelba, ni koncept, bi propadnal kako takov, -nesho kako sostojba na um-dushata a way of exsitence =)) :* <3...
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Кратко појаснување на поимите:

Егоизам -> желба (потреба) да се задоволат сопствените потреби..
Алтруизам -> желба (потреба) да се задоволат туѓите потреби.

Во која група на луѓе спаѓате вие?
Дали ви е поубаво кога само вашето его е задоволено, или пак егото ви се полни кога правите некој друг среќен?

Во анкетата ги ставив и двете наведени опции, и уште една опција, односно отсуството на било каква потреба од горенаведените или индиферентност..
Мислам дека овие две работи можат да се поврзат, многу логично. Сеа, алтруизам е спротивно од себичност, безрезервна желба да се помогне, без очекување на нешто за возврат, додека егоизам е без пардон секогаш бирање на себе, во секоја ситуација. Ова, ако малце екстремно ги поставиме работите. Ама, имам теорија дека постојат луѓе што на некој начин, преку задоволување на туѓите потреби, си го хранат своето его, на некој начин си докажуваат колку се добри, хумани, тоа им е награда. А не баш, помошта дадена на некој. Тоа на некој начин ги прави некои алтруисти, егоисти. Мислам дека кај сите нас е по малце присутно ова, зашто таква безрезервна помош без никаква друга намера освен да му се помогне некому и да се нема никаква лична корист, мислам дека не постои. Кај некого поише, кај некого помалце, секако.
Кај мене лично, мислам дека алтруизмот преовладува, иако кога веќе ја изнесов мојата теорија за алтруизмот, ќе кажам дека сепак можеби и кај мене некој дел, преку помагање на другите, ми помага да си изградам попозитивна слика за себе. Иако тоа не функционира на свесно ниво, зашто кога ќе слушнам крик за помош се активира некој дел во мене, што одма морам да делувам, како автоматски ми е. И откако ќе помогнам, МНОГУ убаво се чувствувам, невидено задоволство, да знаеш дека на некој си му го направил животот за еден грам подобар.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Кратко појаснување на поимите:

Егоизам -> желба (потреба) да се задоволат сопствените потреби..
Алтруизам -> желба (потреба) да се задоволат туѓите потреби.

Во која група на луѓе спаѓате вие?
Дали ви е поубаво кога само вашето его е задоволено, или пак егото ви се полни кога правите некој друг среќен?

Во анкетата ги ставив и двете наведени опции, и уште една опција, односно отсуството на било каква потреба од горенаведените или индиферентност..
Па не мора да биде црно или бело, постои и сиво :) .
Не сакам да задоволувам мои потреби на сметка на другите, но не сакам и задоволувам потреби на други на сметка на моите. Иако за некои личности сум спремен да ги занемарам моите потреби задоволувајќи ги нивните. Дефинитивно не сум егоист, повеќе би се ставил во алтруист, но како што кажав немам остри граници.
 
Член од
17 февруари 2012
Мислења
18
Поени од реакции
11
Дефинитивно не сум саможивец но некако со многуте животни искуства сватив дека многу подобро е да си гледам најпрво за сопствените па потоа за тугите желби и потреби.Не верувам дека одењето до крајност од било кое од двете понудени опции е добро бидејќи алтруизмот,колку фино и да звучи,на крај сепак ги прави лугето исфрустрирани.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Алтруисти виртуелно- егоисти реално :P

Тоа што сакате да им помагате на другите и што се трудите да им помогнете не ве прави алтруисти. Причината поради која сакате да помогнете е многу поважна од чинот на самото помагање. На крај краева и усреќувањето на друга личност го правиме заради своја лична сатисфакција поради што не сме алтруисти. Искрено верувам дека екстремно мал е бројот на вистинските алтруисти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom