Алтернативни горива за загревање

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
батали ти гигнати.
тука сме сите со отворен ум, ако имаш нешто направено во тоа поле слободно кажи, или сајт каде тоа е подробно образложено.
слика од бренер, слики или скици како тој би се искористил за греење, начин на производство и пресметки за потрошувачка на струја за производство на водородот. не мора точни, туку онака колку да се има претстава.
тоа дека за 1кв дека ке грееш 500м2 , ајде ке речиме дека е така. ама колку време еден сат , еден ден, еден месец.
јас знам начин и со обичен кибрит да загрееш не 500 туку 5000 квадрати, ама само еднаш. оти после ке дојди пожарната, ама дури да дојди ке биди бања надвор околу објектот, за внатре и да не збораме. пекол:)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Во ова видео користи 300W за овој пламен. Пламенот постигнува температура да топи стакло. А тоа е минимум 1400 Степени целзиусови.A на нас за собна темература потребна ни е 25C :)

Еве како го направил пламеникот, но е доста примитивен. Обично за безбедност ставаат на 3-4 места таканаречен flashbackarrestor . На нашки кажано да нема поврат на огинот.

Еве и нешто комерцијално.

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Најнапред, за споредба, еве ги уште еднаш цените за електична енергија по најновото поскапување од 8%
Скапа тарифа 1 KWh = 5,98 денари
Ефтина тарифа 1KWh = 2.99 денари
За цени за огревно дрво се информирав во „ Караџица “
Цените кои ги добив се без превоз и сечење:
Бука - м3 - 2370 денари за метар кубен
Даб - м3 - 2450 денари за метар кубен
Ако на ова додадеме 15% за превоз и сечење, цените ќе бидат:
Бука - 2730 денари за метар кубен
Даб - 2820 денари за метар кубен
Еден метар кубен бука има маса 500 кг, а метар кубен даб 550 кг.
Што значи дека еден килограм чини:
Бука - 5,46 денари за килограм бука
Даб - 5,13 денари за килограм даб
Долната топлотна моќ на горивото е количина на топлина што се добива од еден килограм гориво при негово 100% искористување и овде ја давам во изразена во KWh од еден килограм гориво.
1 кг бука може да даде 5, 5 KWh топлинска енергија
1 кг даб може да даде 4,7 KWh топлинска енергија
Ако се поделат претпоследните вредности ќе се добие цена за еден KWh енергија при 100% искористување на горивото.
Топлинска енергија зa 100% искористенот добиена од
бука - 1 денар за KWh
даб - 1,09 денари за KWh
За сите алтернативни горива кои ќе ги предлагаме во иднина на оваа страница, мислам дека ќе биде потребно, како и овде ги дадеме цените за килограм гориво и колку KWh можат да се добијат од тоа гориво. А оваа таблица ќе ја користиме за споредување.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
јас ова го знаев како килограм џул калории и така сум навикнат.
суво дрво даб има 900 , буката нешто под 1000 , брикетата зависи од квалитетот од 3000 -5000 кг џул калории,јаглен тресет( онај најнеквалитетниот) околу 1500, коксот 9000 и така. онака колку за споредба само.
мене во последно време ме мана умот на масло за готвење и масло од колите и масла генерално. пошто е релативно лесно да се најдат поголеми количини за мали пари или безпари. лесни се за транспорт и чување и не зафаќаат место. калоричната вредност незнам колкава им е ама им е доволна. гледав на нет некои печки преправени да горат на овај енергенс, или специално направени да горат само на масло. има и неколку бренери од домашно производство кои имаа добри резултати. но сите служеа за загревање на големи простории. идејата е како постоечкиот камин да се модифицира за да може да го користи ова гориво и истото ефикасно да го согори за да комшите не ти се бунат на секое. кога согорува како што треба нема видлив чад и непријатна миризба.
печките кои ги има на нет го согоруваат доста добро и имаат добра искористеност но едноставно не се за сред соба. подобни се за во гаража или така нешто. значи треба или да се направи некој мал бренер кој може да се смести во ложиштето или да се преправи ложиштето така да маслото си има добри услови да согори. тука е проблем температурата, протокот на водухот и дозирањето. температурата треба да биде доволно висока за да маслото почне да испарува , водухот е битен за да имаш целосно согорување, а со дозирањето ја регулираш снагата и правилното согорување. ако е премногу ке му ја намалиш температурата и нема да согори правилно, ако е премногу малку ке изгасни. значи треба да биде таман.
додуша е ладно сега и немам намера да се заебавам , ама понатака ми се мота нешто низ глата, па да ке видам што ке биди.
ако има некој искуство или идеја некоја нека сподели. само аман од муабетите штетно е вакво такво. нема да го пијам , сакам да го горам:).
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дај бе ова шо го прашав на другата тема.....

Ајде тема за греење топлење :icon_lol:.

Ова греалкиве на плин што се имам забележано на одредени места штипи или лути на очи од овие помаливе, а некни се изненадив од ова печурката го немаше тоа карактеристично лутење на очи на нос. Е сега прашањето ми е што го предизвикува тоа и како да се избегне, имам две претпоставки првата е дека кај овие помаливе пламенот директно излегува во воздухот а кај печурката тој загрева метал и потоа топлината оди во просторијата, а втората е дека ако е пуштен гасот помалку да тлее ќе загрева и нема да мириса а овие сакаат веднаш да се загрее со тоа се испушта доста гас со тоа и пламен и миризба одвратна која што штипи на нос.
Ваши мислења?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
јас ова го знаев како килограм џул калории и така сум навикнат.
суво дрво даб има 900 , буката нешто под 1000 , брикетата зависи од квалитетот од 3000 -5000 кг џул калории,јаглен тресет( онај најнеквалитетниот) околу 1500, коксот 9000 и така. онака колку за споредба само.
мене во последно време ме мана умот на масло за готвење и масло од колите и масла генерално. пошто е релативно лесно да се најдат поголеми количини за мали пари или безпари. лесни се за транспорт и чување и не зафаќаат место. калоричната вредност незнам колкава им е ама им е доволна. гледав на нет некои печки преправени да горат на овај енергенс, или специално направени да горат само на масло. има и неколку бренери од домашно производство кои имаа добри резултати. но сите служеа за загревање на големи простории. идејата е како постоечкиот камин да се модифицира за да може да го користи ова гориво и истото ефикасно да го согори за да комшите не ти се бунат на секое. кога согорува како што треба нема видлив чад и непријатна миризба.
печките кои ги има на нет го согоруваат доста добро и имаат добра искористеност но едноставно не се за сред соба. подобни се за во гаража или така нешто. значи треба или да се направи некој мал бренер кој може да се смести во ложиштето или да се преправи ложиштето така да маслото си има добри услови да согори. тука е проблем температурата, протокот на водухот и дозирањето. температурата треба да биде доволно висока за да маслото почне да испарува , водухот е битен за да имаш целосно согорување, а со дозирањето ја регулираш снагата и правилното согорување. ако е премногу ке му ја намалиш температурата и нема да согори правилно, ако е премногу малку ке изгасни. значи треба да биде таман.
додуша е ладно сега и немам намера да се заебавам , ама понатака ми се мота нешто низ глата, па да ке видам што ке биди.
ако има некој искуство или идеја некоја нека сподели. само аман од муабетите штетно е вакво такво. нема да го пијам , сакам да го горам:).
Ако најдеш соодветна печка би можело да се адаптира парно греење во подрум или некоја издвоена просторија со издувен проток на гасовите надвор од зоната на соседите и да се инсталира некаков филтер кој би ги редуцирал штетните гасови. Солидна идеја која би требало да се испроба, инаку имам другар кој го ложи парното со пилевина во комбинација со јаглен и на тој начин затоплува куќа од 150 тина квадрата во која живеат две семејства.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
прво да ве исечам одма... за користењето на сите типови на масла освен маслото за домакинство што е (зејтин) е СТРОГО ЗАБРАНЕТОП ДА СЕ СОГОРУВА... за лицето кое ке биде фатено дека согорува масло како енергенс за греење следува парична казна од 3.500 евра а за фирми или деловни единици казната е до 15.000 евра... затоа баталете дискусии околу ова... јас лично имам преправено котел на нафта да работи директно на отпадно масло од автомобили (уље) и после тоа откако си ја постигнав сатисфакцијата и личниот предизвик (затоа што ми тврдеа дека е мноооогу тешко) го фрлив во отпад, затоа што не ми се плаќаат казни... успат ќарив 3500 денари на старо железо од котелот... гус јебига, тежи
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 18:06 ---
Дај бе ова шо го прашав на другата тема.....
тоа што си се изненадил од печурката и не те штипело или печело на очи и на нос е веројатно затоа што таа просторија била со “добра“ циркулација на воздух... инаку, плинот како плин кога согорува испушта некои гасови кои се потешки од ладниот воздух. доколку воздухот би бил потопол тие гасови кои не се штетни за природата и за озонот би отишле во атмосвера... кога се доле и кога е ладно, човекот ги осека и кој како реагира.. некој само му мириса, на некој на очи го пече, на некој на нос, некој дури и на плуќа осеќа стегање а некој не осеќа ама баш ништо... така да проблемот е индивидуален и не зависи од типот на горилникот.... да може да зависи ако е пуштено премногу силно за тој пламеник па дел да не се согори целосно и тогаш буквално мириса на плин... ама тоа е реткост... почесто се осеќа кај автомобилите...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
многу работи се забранети ако земиш така, ама сепак ги прават.
поправиме ако грешам ама досега никој немаат казнето за тоа.
исто така казниво е да истуриш масло во одвод па ???
исто е казниво да фрлаш градежен одпад во обично ѓубре. казниво е да фрлаш на дива депонија.
казниво е и пикавец да фрлиш или да плукниш на улица.
во глобала се е казниво.
си имаме ние закони ама не функционираат.
а и не сум баш сигурен дека е казниво пошто комотно можеш да си купиш котел на парно со бренер на масло. се продаваат најнормално, така да стварно незнам од кај го изваде тоа. јас лично имам видено и тоа уште пред неколку години. сличен е на бренерот на нафта само што работи на масло.
еве линк како си се изработува оној фабричкиот.
јас планирав нешто вакво само во многу помал размер или вакво.
ако заприметите на сликите ке видите дека воопшто нема видлив чад ако согороува како што треба.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Сметај и на тоа дека продуктите на согорување на моторни масла се дозлабога канцерогени, исти како и оние од горена пластика....на страна казните кои се резултат на вакви сознанија , ама затоа треба да размислуваш и за својата совест.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
ај ке речеме дека се канцерогени. не дека маслото од колите е дестилат на нафтата, а маслото за готвење го јадиш во салата. по некоја логика тогаш и мазутот не е ништо помалце канцероген, башка дизелот, за бензинот да не зборуваме. сосем друга работа е дека како што и ви прикажав погоре дека слободно се продаваат на пазарот и можеш да си купиш ако сакаш, исто и ви прикажав линк како се произведуваат. ама сепак ако сметате дека се канцерогени ок, така нека биде.
а и ви нагласив погоре да не поштедите од такви муабети колку се и дали се штетни. темата е алтернативно греење идеја ,начин и искуство за истото.
префлисе на здравје и убавина ако си загрижен до толку за тоа. ако имаш некаква идеја или искуство слободно кажи, не не оставај да чекаме.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
еве ви поеколошки начин на греење веке кога толку се загриживте за здравјето. и мислам дека и тука се продаваат, или ако сте поспретни со алати направете си ја сами, не е ништо сложена.
почните да берите весници и друга отпадна хартија,пилевина и таман за на лето да имате доволно материјал за работа.
еве линк и од уште една интересна машина самоделска патемречено за правење брикети од суви лисја али би требало скоро за се да брка работа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
јас вака си го имам преправено каминот. и функционира па кој има нерви и време можи да покуша. инаку принципот ви е тука.
Не само што ми се допаѓа, туку ме воодушеви.
Користење на огинот е најголемо откритие на Човечкиот род. Постојат безброј технички решенија да се подобри согорувањето, а со тоа и процентот на искористување на горивото.
Но ова страница ја наменивме за алтернативни горива. Видовме дека цената на дрвото за греење е околу 5 денари за килограм. Предлагам да направиме листа на други поефтини горива кои кај нас можат да се набават, а со кои барем делумно можеме да извршиме замена и со тоа да заштедиме.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
па и ова е алтернативно, ретко се најдува во нашите камини ( јас досега немам начекано во продажба таков камин). го користи секундарното согорување или по наши кажано покрај дрвото го гори и чадот од него кој вака или така ке излезеше низ оџакот како неискористен енергенс. предноста му е што покрај тоа што имаш поголема искористеност на дрвото, или повеќе топлина од иста количина на дрво, имаш подобро и почисто согорување, помалку чад( скоро ич) и чисти оџаци. исто така има камини кои работат на гасификација на дрвото и пиролиза. имаат голема искоритеност и пошто не работат на конвенционален начин како обичните огништа, по мое спаѓаат во алтернативни.
ако одиме по таа логика има класично греење на струја со термопечка или кварцна или парно на струја класично, и има уште еден куп други начини на искористување на струјата за греење.
сега зависи под што сваќате вие под алтернативно.
под алтернативно може да се каже дека наместо дрво даб или бука користите брикети или пелети или нешто сосем трето кое е добиено од одпад од дрво или така нешто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom