Прв пат го користам спрејот Фликсоназе и ме интересира дали е нормално после прскање веднаш да го затнува носот?
... сите деконгестивни спрејови за нос се користат не подолго од три дена, затоа што прекумерената доза доведува до зависност, доведува до потреба од зголемување на дозата со што самата ефикасност се намалува, а со тоа и нивното дејство што значи стегање на крвните садови (вазоконстрикција) и доаѓа до
„Rebound Congestion“,
... повратно повторно затнување поради овој ефект при употребата на деконгестив за нос предизвикува несоодветно снабдување со крв (поради стегање на крвните садови) што предизвикува оток при што назални рецептори кои реагираат на деконгестиви спрејови повеќе од три дена (или предозирани) за регулирање и доаѓа до намалувањето на истите со повторна појава на затнување на носот,
... лично јас кога имам проблем од ваков тип со „проблематичен, затнат нос“ никогаш не одам со капки и спреј за носот, туку таблетарно со еднократно земање на само една таблета на „ Риностоп“ веќе немам проблем, нормално тоа го кажувам за себе,
инаку тој лек е составен од три активни супстанции:
- парацетамол
(ублажува болки и намалува покачена телесна температура), - - - -
- псеудоефедрин (како назален деконгестив,делува на крвни садови во носна слузницата предизвикувајќи вазоконстрикција, нивно стеснување, со што се спречува прекумерно излачување на секрет од носот и ги ублажува симптомите на воспалена слузница на носот, па и на синусите),
- хлорфенамин ( има антихистаминско делување и ја намалува затнатоста, а со тоа и течењето на секрет од носот, а исто го сопира солзењето и пецкањето на очите),