- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Александар живеел во време кога човековата перцепција за она што го опкружува, како и за самиот себе на големо се разликувала од таа, да речеме во средниот век, колку што средновековната е различна од денешната. Тешко е да се зборува за менталниот склоп на Александар, затоа што изворите (освен нумизматичките, епиграфските, односно археолошките, а тие не кажуваат многу за психа на одредена индивидуа) за него се од втора рака, често недоволно информирани, пропагандни или омаловажувачки. Некои едноставно се обични измислици и преувеличувања, оти жолт печат и глад за фантастика имало и тогаш. Се разбира, целам на оние што ја опишуваат оваа личност, а кои се од 3,2,1 век пр.н.е. или подоцна. Мислам, ние не знаеме што мислел некој значаен тип кој умрел такаречи вчера, а ќе си правиме муабет за психолошки профил од пред 2300+ години.
Се разбира дека носел некаков оклоп, не бил пешак и секогаш бил придружуван од хетајрите (пријатели - посебна одбрана група негови блиски луѓе, како Антигон, Пердика, Птолемај, Клитарх, Кратер или Хефестион и др.). Бил невообичаено храбар и наместо да гледа од страна учествувал во битките. Па што? Учествувал и татко му, кој имал едно око помалку, едната нога му била покуса, а едното рамо пониско од другото поради скршеница предизвикана од некој потежок удар или пад од коњ.
Опседнатоста со божјото потекло - немало крал, династ или тиранин во стариот век кој не се повикувал на некакво божјо потекло. Тоа претставувало гарант за неговата власт. Во средниот век на пример, се повикувале на тоа дека власта им е дадена од бога, овде дека му се синови или во најмала рака внуци или правнуци . Ако одиме уште 1000-2000 години пред А. ќе видиме дека самите кралеви се прогласувале за богови. И сите тие настинувале, имале пролив, умирале предвреме или ги убивале. Се работи за политика, и вообичаена манипулација со масите, и денес присутна повеќе од било кога. Мајка му на Александар била секако мошне способна и влијателна жена. Била многу религиозна па и синот бил по таа чест. Се почитувале и пророчиштата (гледам овде се употребуба латинско-англиската извитоперена варијанта на зборот), посебно во Додона, Делфи и Сива (последното е во Египет), но далеку од тоа дека А. би забегал до толку, во првите редови гол да се тепа мислејќи дека е бесмртен бог. Пророчиштата биле, ако така сакате, нешто како денешниве експерти, го кажувале она што нарачателот сакал, или очекувал, да го чуе - посебно ако е некој со голема моќ и многу злато. Некои од не толку ретките сурати од историјата кои навистина си мислеле дека се богови се вистинските лудаци од типот на Калигула или Нерон.
Доколку ги следите пишаните извори за А. кои не се многу, ама не се ни малку, ќе видите една генијална политика на мошне разумен, образован и далековид гениј. Секако дека си имал мрачни епизоди, но општата слика е дека мошне добро знаел што прави.
Инаку во историската наука има повеќе сфаќања за тоа кој бил А. Едно од тие е и, одамна отфрлено, од здраворазумски причини, дека тој бил некаков генијален лудак со неверојатна среќа, на кого се му одело од рака.