Вака сега...после долго размислување дали да ја откријам мојата идеја,бидејќи се плашев некој да не ми ја украде...сепак собрав храброст и ќе ја објавам,и ќе оставам простор за предлози за подобрување!
Значи бизнис идејата се состои во:
Продажба на албум со сликички наречен-"А1"
Значи албумот ќе изобилува со голем број на сликички кои воедно ќе се продаваат по 15 ден по пакетче(во кое ќе има 3 сликички)
Понатаму...однапред замислив дека како најтешка за паѓање да биде сликичката со Велија!!!
Исто така под секоја од сликичките ќе стои краток опис за работата на оние од сликата(на пример "пакувач на смоки" и сл.)
Сега јавно ве замолувам ако има некој што работи со фотошоп да ми предложи идеја овде на форумот како би било најдобро да изгледа албумот!
п.с
Главната награда е пакет смоки,и сликичката од Велија да ја имате за смена!
п.п.с Се надевам дека А1 нема да ми дојдат на врата за ова,сепак ова е чек-дис-аут подфорум