Албанците не го освоиле Скопје, Турците ги пуштиле да влезат

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Албанците не го освоиле Скопје, Турците ги пуштиле да влезат

Надоаѓањето на вооружени Албанци во Скопје пред 100 години, пред самиот почеток на Првата балканска војна, кои не само што не биле попречувани од Турците туку биле сметани за нивни сојузници, се толкува како албанско ослободување на градот, настан на кој ќе му се слави јубилеј

Од пред некоја година Албанците инсистираат 12 август да се прославува како ден кога нивните предци во 1912 година го ослободиле Скопје од турската власт. За овој викенд беше најавена и прослава во главниот град на државата по тој повод. Затоа ДУИ, според најавите во медиумите, планираше чествување и концерт. Таканареченото албанско ослободување на Скопје беше споменато дури и од претседателката на парламентот на Албанија, Јозефина Топали, кога во април годинава ја посети Македонија и се сретна со својот колега Трајко Вељаноски.
Историчарите-Македонци подолго време го оспоруваат поводот за оваа „журка“. Накратко, приказната околу овој настан е дека вооружени Албанци навистина пристигнале во Скопје пред 100 години, но турскиот аскер, во грч поради очекуваната војна со Србија, не направил ништо да ги спречи, па тие си прогласиле ослободување. Борби за градот немало. Да ги имало, според бројноста и вооруженоста на двете страни, се претпоставува дека Турците лесно ќе се справеле со востаниците. На крајот, тоа дури не биле две страни, Турција тактизирала со албанското население, кое ѝ било потребно за војната со Србија, а голем дел од припадниците на аскерот биле Албанци.

СОНОТ ЗА АЛБАНСКО СКОПЈЕ
Историчарот Веби Џемаили е еден од најгласните во промовирањето на тезата дека Албанците први го ослободиле Скопје. Тој дури тврди дека албанското знаме, двоглавиот орел, првпат било развиорено во Скопје, а не во Валона.
- За жал, со сите обиди на Хасан Приштина, Иса Болетини, Дерала, Саит Оџа од Скопје и многу други истакнати лидери, откако го подигнаа националното знаме првпат во Скопје, ја загубивме војната во кумановската битка на 23 и 24 октомври 1912 година, додека на 25-ти во 15 часот српската војска со кралот Петар влезе во Скопје и ѝ јавија на Москва дека Скопје е заземено без војна. Значи, Скопје српската војска го доби од Албанците, не од Македонците. Македонците го имаат Скопје на подарок од комунистичката партија на Тито, како и Свети Наум и други албански градови што беа окупирани со доаѓањето на комунистичките и партизанските војски во 1944 година, кога падна и Тетово - рече Џемаили во едно негово телевизиско интервју.
Овој историчар понатаму продолжува дека Албанците се бореле за своите права и за својата кауза, додека Македонците не пукнале ниту еден куршум за Скопје и за другите, како што вели, „албански“ градови. Продолжува дека Македонците го негирале овој „факт“ затоа што немале своја историја, па барале туѓа, односно затоа што пред Втората светска војна ние никогаш не сме се бореле под свое знаме, туку сме биле набљудувани како „Јужни Словени со просрпски или со пробугарски чувства“. Џемаили дури заедно со бугарски историчари работел на тезата дека Бугари, а не Македонци, го кренале Илинденското востание.

БИТКА БЕЗ КУРШУМИ

Ако се следат натписите на белградска „Политика“ од тоа време, лесно може да се забележи дека Турција била попустлива пред Албанците (Арнаутите). Причината била едноставна - веќе сѐ било подготвено за Првата балканска војна, се чекал само почетокот на нападите на Грција, Бугарија, Србија и на Црна Гора врз последните територии на Балканот контролирани од Отоманската Империја, со Македонија како центар на европскиот дел на Турција. Албанците, пак, кревале востание на Косово. Нешто што најмалку му требало на Цариград во тој момент е конфликт и со нив, особено ако се знае дека добар дел од османлиските трупи биле составени од Албанци. Затоа тие попуштале во барањата, им ги исполнувале едно по едно, сѐ додека не побарале отштета од 1,3 милион турски лири.
Вооружени Албанци почнале да пристигнуваат во Скопје уште кон крајот на јули 1912 година. Некои пеш, други со воз, и притоа ги поминувале сите контроли на турската војска. Значи воопшто не биле попречувани во нивното „напредување“. На 1 август во градот веќе ги имало околу три илјади, но дури и таа бројка била најмалку двојно помала од стационираниот турски аскер, кој не им обрнувал многу внимание. Тој седел во гарнизонот во Кале и чекал борба со Србите. Следниот ден влегле 40 арнаутски фијакери, на кои им се придружил водачот Бајрам Цури, кој наредил да се ослободат сите затвореници. Тогаш Албанците почнале да прават и полициски контроли, но во ниеден момент не се судриле со Турците. Напротив, нивниот водач Бајрам Цури бил одликуван од султанот, уште еден податок што не ѝ оди во прилог на тезата за ослободувањето, бидејќи зошто еден владетел би одликувал свој непријател, кој сакал да му го избрка аскерот од Скопје?

Но не им се допаѓало на сите турски војсководци надоаѓањето на Албанците. Еден од таквите бил и Зеки-паша, кој вовел патроли низ градот и поставил топови околу него, но му било забрането да ги употребува. Сепак, и Турците се премислиле, па по совет на везирот дошла наредба Албанците да го напуштат Скопје. Тоа било сторено исто така без отпор. По овој настан се чекал почетокот на Првата балканска војна и на кумановската битка, во која Турците загубиле, а Србите подоцна го зазеле Скопје. И од оваа приказна, Албанците се обидуваат да создадат нова легенда, која и нема многу допир со вистината. А, не треба многу да се погодува зошто го прават тоа.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81312857103&id=9&prilog=0&setIzdanie=22654
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
АБе овие многу филмови си прават
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Кога пак тие нешто освоиле , да не ги подржува нивната криминална дијаспора преку поткуп на странските политичари тие и Албанија ќе ја загубеа
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Добре бре, Албанците го ослободија Скопје во 1912та, Бугарите во 1941ва, па вo 1944та пак Бугарите го ослободија.
Кога ќе се ослободиме од нив?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
се ближи 2013, и секој го спрема ножот за повторно
да земе некој дел од тортата наречена Македонија,
и комшииве:северњачи,јужнаци,источнаци и западначи
на време и пред време,пуштаат гласови како ним им
припаѓа волку или толку,до таму и ваму било нивно.
Е неќе богами - додека е и последниот Македонец жив.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Добре бре, Албанците го ослободија Скопје во 1912та, Бугарите во 1941ва, па вo 1944та пак Бугарите го ослободија.
Кога ќе се ослободиме од нив?
Вистинското прашање мислам дека би било: Дали Македонците некогаш си ослободиле своја територија самите?

Бидејќи стално некој друг не ослободува од окупаторите а уствари тие таканаречени ослободители ни биле окупатори. Стално некој сака да не ослободува...
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Вистинското прашање мислам дека би било: Дали Македонците некогаш си ослободиле своја територија самите?

Бидејќи стално некој друг не ослободува од окупаторите а уствари тие таканаречени ослободители ни биле окупатори. Стално некој сака да не ослободува...
судбината на Македонецот е да го 'ослободуваат'. Не е доволно умен за да се ослободи сам.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Постирајте според темата, или не постирајте воопшто.
Овој подфорум има наслов "Историја", не "Општи Муабети"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom