-Нема врска, не се герилци - само обични шверцери се, луѓе кои само сакаат да заработат за леб. Немојте сега вие - терористи или нетијазнам што, бидејќи ќе ги навредите нашите сограѓани, кои се за соживот, ама ете ние ги угнетуваме, па мораат понекогаш да се одбранат, како во наредниов пример:
-Детето вчера најверојатно само се повредило и си напишало UCK, затоа што е ненормално, или пак доколку навистина е нападнато - напаѓачите се Срби. А ако сепак, по некоја случајност се Албанци, тогаш мора да си признаеме, нападот и она што му го направиле, е легитимна активност, бидејќи кога си врвело по патот, едноставно им ги загрозило човековите права, односно ги вознемирило со своето присуство.
-Пограничната патрола, пред некој ден, е нападната од Срби, од самите себеси или било кој друг кој сака да им го загрози чесното име на Албанците. Доколку повторно по некоја случајност станува збор за Албанци, да знаете дека тоа биле обични шверцери (ова кога ќе го кажат, ми е најсмешно, као: шверцери се, не дигајте паника, у реду је они шо ги изрешетале полицајците), а никако некакви си герилци.
- овие шо им влегоа у Тетово на роденденска забава у стан, што ги претепаа и никому ништо, не е којзнае што, па сеа сите да се потресувате. Деца - си играле се степале, голема работа (и овој изговор го обожавам). Плус, факт е дека многу се изкурназиле Македонциве во Тетово. У сред Тетово сакаат роденден да прават. Македонци.
-Фабриката за пелени у Лешок што ја запалија, треба да им бидеме благодарни што манастирот не го срушија повторно. Па ако веќе морале, боље фабрика, него манастир. Или пак, човекот сам си ја запалил, повторно, нормално за да ги набеди своите сограѓани од друга националност. Е бре каков зол народ сме ние Македонците , само на комшијата да му умре кравата, се ќе сториме, па и сопственото стадо ќе го потепаме. Одиме понатаму:
- средношколецот пред некој ден, во тетовскиот клуб Сити, што му бапнаа нож, всушност нема врска. Љутви од Шипковица, у кафич, си го извадил ножот да си го исчисти, провери, наоштри, кога овој, види будала, се наденал на него, чисто за да го провоцира. Но Љутви веднаш го извадил ножот од телото на славомакедонскиот провокатор и не дозволил понатаму да биде провоциран.
-Мостот у тетовско, што го минираа, е лага, пласирана од владата. Имено владата ги украла парите од буџетот, предвидени за поправки и оддржување на мостови, (тоа се токму парите од даночниите обврзници Албанци;lol kако да постојат такви). Поради дотраеност и неодржување сам се срушил. А нас ваму не лажат.
-Сите пукотници, навечер (а и преку ден), во Тетовско, се свадби.
-Масовната тепачка и демолирање на инвентарот, помеѓу две групи, во Дајмонд - кафичот во кој милуваме да прајме собиранки, не е тепачка помеѓу Албанци од ДУИ и ДПА, туку помеѓу активисти на ВМРО и СДСМ кои кога веќе се степале напраиле преќутен договор, да зборуваат за цело време само на албански, за да се фрли лошо светло врз политичките активисти од партиите на другиот етникум.
Има уште, но ќе прекинам. Доволно е појаснето. Немојте ве молам, за се да ги обвинувате Албанците. Всушност сами сме криви. Се што ни прават ни прават со наша дозвола. До кога?