Ееее Боби Боби, од лидер на архи бригада и главен кењатор на Протуѓер на форумов, до кое дереџе спадна. Ама нема мама да лапа тендери ако имаш свое јас, јасно ми е.
Тоа е проблемот на денешново ДПМНЕ. Единствен начин да добијат поддршка е да корумпираат. Еден вработен во семејството подразбира цело семејство на список и по автобуси на (контра)протести, митинзи. Скоро цело гласачко тело им е заложник или потенцијален заложник. Скоро секој на тие списоци настрана од јавност ги пцуе и ги мрази оти го малтретираат, го гњават и го влечат по штабови, го тераат да шета по куќи, го срамат и брукаат на протести. Го тераат да се чувствува должен, да има совест и да смета дека мора да врати, оти партијата му направила добрина, милост добил. Заеби ти завршен факултет, заеби ти способност и вештина. Тоа се небитни глупости. Партијата му дала милостина и мора да одработи. Епа кога е така, тоа подразбира и гниење на автентичната поддршка. Таква денес у ДПМНЕ скоро и да нема. Секој од овие "експерти" на телевизија одработува за да одбрани интерес. Пандовци, Боцевци, Миленковци. Најди ми еден, речи ми е оваа јавна личност зошто го поддржува ДПМНЕ толку ревносно, ќе ти најдам личен интерес, некоја фотеља или функција заради која одработуваат. На форумов не знам, ама тврдам дека сите имаат некој у фамилија што профитира(л) од ДПМНЕ или некое ветување што чекаат да се исполни, некоја работичка, па оти знаат какви сталинистички методи на "враќање долг" има таа партија наметнато, пишуваат тоа што пишуваат.
Денес далеку поголема автентичност има во револтот на опозицијата отколку во поддршката за ДПМНЕ. Не зборувам за бројки, зборувам за вредности. Искрени мотиви за да се излезе на улица и протестира. Не зборувам ни за правилно или погрешно, туку дека едново е автентично, другово не е. Другово е за да не му правам проблеми на тате, да и го спасам бизнисот на мама, да не ме отпуштат од работа, да ме вработат...