Уште еднаш ќе кажам сите оние што толку ги испофалија државите како Шпанија, Франција , Германија и Ирска очигледно или никогаш не живееле во странство или пак никогаш не живееле во Македонија за да можат да направат реална споредба. Оние кои бегаат од Македонија најчесто се приморани да го сторат тоа а не поради некаква љубов или нешто. Оне пак кои се снајдени во Македонија а мечтаат за Прага , Берлин, Париз тоа е најверојатно поради многу кусото ескурзионо искуство во овие држави.
Идеален менталитет не постои секој си има предности и мани. Најголемиот проблем кај македонскиот менталитет е малограѓанството и недисциплината иначе што се однесува до карактеристики како фамилија, гостопримство, комуникативност , социјална компетентност, култура на исхрана, култура на однесување во туѓ дом и друго можат вода да ни носат сите кои најчесто се набројувани на оваа тема.
На крај нема поубаво од дома за сите оние кои успеале да се снајдат за пристоен живот, сите останати ја напуштат земјата од што морат, не од што и фали нешто. Но најдобро за секој да излезе на неколку години и да набилда малку компетентност па потоа да споредува Македонија со „надвор„..