Ако бог го створил светот, кој го створил бог?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 мај 2007
Мислења
51
Поени од реакции
0
Гижо напиша:
абре ме интересира ти што имаш да кажеш, не ме интересира у библијата што пишува. Ако незнаеш да си ги објасниш своите мисли, ок кажи си, не се срами, и не ме препраќај библијата да ја читам.

значи, бог е дух...и сеа да ти ги влечам зборовите од уста...како тоа дух, кај се наоѓа, како функционира...значи барам твое мислење, не библијата што пишува. Аман заман.
аман бе... ти одговорив на твоето прашање! дека Господ не го замислувам туку го доживувам и осеќам во себе... и дека немам такви замисли како ти што си мислиш... што не ти е јасно? кој дел? ама ти најде паметен да се правиш...

Бог е дух, и што не ти е јасно од тоа??? толку не сфаќаш?
Чим е дух, дали значи дека не е тело? епа што не сфаќаш? тоа е друга димензија за нас и нема што јас бајки приказни да си правам во глава... ако тебе те занима изглед каде што... мене не ме занима тоа... затоа што тоа не е наша димензија и нема да ја дознаеме дур сме во тело... има во Библија стих... Што око не видело, што човечко уво не чуло, тоа Бог го има подготвено за оние што го љубат... што сакаш повеќе од ова? да си правам јас бајрам на паметот со некој замисли онде е, вака изгледа , онака, онаков е рајот, ваков ...итн. што има јас со тоа да се занимам, кога тоа ќе си дојде послем нашата смрт... сега има други работи за што би требало да се замараме... и сега појасно ли тие што јас мислам?
толку од прва не ти беше јасно што мислев... па вака мора да разглабам до буква?....

KohlBass напиша:
Не е ни најмалку забеган. Но, бидејќи несакаш да си го замараш мозочето со размислување, јасно е зошто си ја прифатил религијата како таква...
сфати како сакаш ... јас сум уморен од верглања...
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
dawn напиша:
аман бе... ти одговорив на твоето прашање! дека Господ не го замислувам туку го доживувам и осеќам во себе... и дека немам такви замисли како ти што си мислиш... што не ти е јасно? кој дел? ама ти најде паметен да се правиш...

Бог е дух, и што не ти е јасно од тоа??? толку не сфаќаш?
Чим е дух, дали значи дека не е тело? епа што не сфаќаш? тоа е друга димензија за нас и нема што јас бајки приказни да си правам во глава... ако тебе те занима изглед каде што... мене не ме занима тоа... затоа што тоа не е наша димензија и нема да ја дознаеме дур сме во тело... има во Библија стих... Што око не видело, што човечко уво не чуло, тоа Бог го има подготвено за оние што го љубат... што сакаш повеќе од ова? да си правам јас бајрам на паметот со некој замисли онде е, вака изгледа , онака, онаков е рајот, ваков ...итн. што има јас со тоа да се занимам, кога тоа ќе си дојде послем нашата смрт... сега има други работи за што би требало да се замараме... и сега појасно ли тие што јас мислам?
толку од прва не ти беше јасно што мислев... па вака мора да разглабам до буква?....

кај виде дека барам да ми објасниш какво тело има, како изгледа и сл?

барав да ми објасниш со твои зборови. Токму тоа што го напиша тоа го барав, иако претходно не ме сфати најубаво што барам, сепак го изнесе тоа што го мислиш (конечно).

и мораш да разглабаш до буква, зашто во првиот постм и пиша само дух, и ништо повеќе. Од кај да знам јас ти што подразбираш под дух. Толку ли беше тешко да објасниш?!
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
51
Поени од реакции
0
ок, извини... мислев дека ме сфати...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
dawn напиша:
абе у една вода у вино.. не веруваш а веруваш во најекстремната магионичарска финта... дека се си почнало само да се создава... ијааа од рипче ооопппп ајкула... итн. нели си апсурден малце? ... а за една вода во вино ти е WOW!... треба да повежбаш малце во верувањето на сите магионичарски финти, не само на создавање универзум самиот по себе и рипчиња во ајкули...итн.
Каде бе на запад две милијарди религии? ти изгледа си се помешал со Индија... земи малце информирај се... не да тресеш од ракав муабети....
:pos: Еве јас го послушав твојот совет и направив едно кратко истражување... Кажано сленговски, или архаично или народски “две милијради релгии“ значи “многу“. Сепак... за твое уште подобро информирање, ја најдов ОВАА СТРАНА која ќе ти помогне да видиш какви се религии има во САД, која е синоним за западот. Немој да ми читаш само првите имиња во табелите, прошарај се надолу и види што се има...
Второ... не знам дали намерно се правиш неписмен и неинтелигентен или навистина си. Еволуцијата на сите живи материи е неминовен процес. Кога се фативме јас и ти за рипчињата и ајкулите еве ти нова домашна работа, да прочиташ нешто за нив и нивната евлоуција јас ти нудам ТУКА. Сега, има една разлика меѓу твоет верување во магионичарски трикови и моето. Ти веруваш дека “некој таму“ не создал и тоа е своевиден трик, се сложувам, а јас велам дека не верувам во тоа, јас верувам во докази кои велат дека трикови не постојат. Како настанала земјата, универзумот, ѕвездите или човековата глупост не можам да си објаснам и го признавам тоа. И тоа е единствен мој цврст став. Тој став е дека секогаш е попаметно да признаеш дека не знаеш отколку да се обидеш другите да ги убедиш во својата глупост, како на пример оваа твојата дека се е создадено со помош на магија од некој. Затоа и темата гласи, ако тој со помош на магија не создал нас, која е магијата која го создала него?
На своите 25 години си се здобил со едно паметно размислување дека Господ е верба. Си постигнал повеќе од 90% од верниците кај нас. Лошото е што с еупикуваш во непотребни дебати каде ставовите ти се неисправни. Држи се до својата верба и остави науката да ги реши проблемите околу еволуцијата на кравите. Твојот Бог служи само за тоа... и така и треба да биде. Ако биде така, никогаш нема да имаме проблеми, дури и јас ќе станам верник...
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
51
Поени од реакции
0
Викторгг напиша:
:pos: Еве јас го послушав твојот совет и направив едно кратко истражување... Кажано сленговски, или архаично или народски ”две милијради релгии” значи ”многу”. Сепак... за твое уште подобро информирање, ја најдов ОВАА СТРАНА која ќе ти помогне да видиш какви се религии има во САД, која е синоним за западот. Немој да ми читаш само првите имиња во табелите, прошарај се надолу и види што се има...
Второ... не знам дали намерно се правиш неписмен и неинтелигентен или навистина си. Еволуцијата на сите живи материи е неминовен процес. Кога се фативме јас и ти за рипчињата и ајкулите еве ти нова домашна работа, да прочиташ нешто за нив и нивната евлоуција јас ти нудам ТУКА. Сега, има една разлика меѓу твоет верување во магионичарски трикови и моето. Ти веруваш дека ”некој таму” не создал и тоа е своевиден трик, се сложувам, а јас велам дека не верувам во тоа, јас верувам во докази кои велат дека трикови не постојат. Како настанала земјата, универзумот, ѕвездите или човековата глупост не можам да си објаснам и го признавам тоа. И тоа е единствен мој цврст став. Тој став е дека секогаш е попаметно да признаеш дека не знаеш отколку да се обидеш другите да ги убедиш во својата глупост, како на пример оваа твојата дека се е создадено со помош на магија од некој. Затоа и темата гласи, ако тој со помош на магија не создал нас, која е магијата која го создала него?
На своите 25 години си се здобил со едно паметно размислување дека Господ е верба. Си постигнал повеќе од 90% од верниците кај нас. Лошото е што с еупикуваш во непотребни дебати каде ставовите ти се неисправни. Држи се до својата верба и остави науката да ги реши проблемите околу еволуцијата на кравите. Твојот Бог служи само за тоа... и така и треба да биде. Ако биде така, никогаш нема да имаме проблеми, дури и јас ќе станам верник...
Не ме зезај чоече... што прочита таму за USA... гледаш дека појма немаш... а башка и види ги процентите... тоа ти е само на куп се и сешто што има, као агностици, атеисти, никаква вера што изразиле итн. а башка за поединечни цркви што се расцепкани, што ти појма немаш кој се и што се... пример... Baptist, Methodist/Wesleyan, Pentecostal/Charismatic, итн. тоа се само различни деноминации... а спаѓаат во групата протестанти ако не си знаел... а ги има со премногу различни имиња... тоа е само една протестантска "religija"... сега сфати ли?
Тоа ти што си мислиш е само: протестанти,католици, православни... и сите тие спаѓаат во една група а тоа е : Христијани ако не си знаел сега знаеш...
Има и евреи нормално... и другото се проценти за атеисти агностици, и слично, само што тие не спаѓаат во религии така? епа кај виде ти 2 000 000 религии ти се молам? тоа ти е се од незнаење... и БАШКА ај види ги процентите кај сите тие... најголем е кај Christianity во глобала, а останатото ти е само по некој 0,03% и слично...
Затоа не зборувај за нешто што појма немаш...
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
dawn напиша:
ијааа од рипче ооопппп ајкула...
Процедурално само: од ајкула -> рипче а не обратно....
 
Член од
20 март 2007
Мислења
1.044
Поени од реакции
2
па ке ви дадам еден прост одговор.... т.е. прочитајте малку од биологија за теоријата за коацерватната капка на рускиот биохемичар Опарин и треба да ти стане јасно.... (ако си доволно паметен) :smir:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
dawn напиша:
а еволуција би требало да иде кон посовршено... а не кон распаѓање... како што гледаш се иде во распаѓање... а мутациите водат кон понесовршено...
Процедурално: Еволуцијата води кон адаптација на живите организми на животната средина , а не кон посовршено.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
1.044
Поени од реакции
2
Bacillus gagous напиша:
Процедурално: Еволуцијата води кон адаптација на живите организми на животната средина , а не кон посовршено.
па зависи што подразбираш под поимот совршено...?
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
51
Поени од реакции
0
Bacillus gagous напиша:
Процедурално: Еволуцијата води кон адаптација на живите организми на животната средина , а не кон посовршено.
врти го сучи го како сакаш ... а за мене според еволуција што се дрибла...: мајмун станал човек а башка сега и "попаметен од порано" тоа јас го викам по совршено...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
dawn напиша:
Не ме зезај чоече... што прочита таму за USA... гледаш дека појма немаш... а башка и види ги процентите... тоа ти е само на куп се и сешто што има, као агностици, атеисти, никаква вера што изразиле итн. а башка за поединечни цркви што се расцепкани, што ти појма немаш кој се и што се... пример... Baptist, Methodist/Wesleyan, Pentecostal/Charismatic, итн. тоа се само различни деноминации... а спаѓаат во групата протестанти ако не си знаел... а ги има со премногу различни имиња... тоа е само една протестантска "religija"... сега сфати ли?
Тоа ти што си мислиш е само: протестанти,католици, православни... и сите тие спаѓаат во една група а тоа е : Христијани ако не си знаел сега знаеш...
Има и евреи нормално... и другото се проценти за атеисти агностици, и слично, само што тие не спаѓаат во религии така? епа кај виде ти 2 000 000 религии ти се молам? тоа ти е се од незнаење... и БАШКА ај види ги процентите кај сите тие... најголем е кај Christianity во глобала, а останатото ти е само по некој 0,03% и слично...
Затоа не зборувај за нешто што појма немаш...
Толку многу си забулен, што дури мислиш дека си паметен. Секое одделување од матичната религија значи дека нешто во неа не ти се допаѓа. На многу луѓе на западот не им се допаѓа ХРИСТИЈАНСТВОТО затоа што не им го нуди тоа што им треба. Јасно како бел ден, ти ако сакаш да мижиш... терај. Плус науката не е орудие на ѓаволот, туку оружје на разумот. Кога ќе пораснеш ќе го дознаеш тоа. Ти кажав и во еден друг пост(сега во врска со процентите), народот се произнесува како христијанин само затоа што така е воспитан. Да се верува како прво не значи да дојдеш на форум и да бидеш груб. Ако не ги знаеш десетте божји заповеди, отвори библија и прочитај. Ако си муслиман, дојди да се караме бидејќи во нивната религија стои дека оние кои не сакаат да се преобратат ќе бидат убиени. Во христијанството стои, ако некој ти удри шамар по едниот образ ти сврти му го и другиот. Ама тоа само докажува дека и ти не си верник. Туку некој wanna be Поп, кој мисли дека парите кои ќе ги земе за Свети Никола од сиромашните не го прави грешник. Ако знаеш кои се нормите на однесување кои ги налага твојата религија ќе се однесуваш многу поинаку....

п.с.
dawn напиша:
врти го сучи го како сакаш ... а за мене според еволуција што се дрибла...: мајмун станал човек а башка сега и "попаметен од порано" тоа јас го викам по совршено...
Bacillus gagous напиша:
Еволуцијата води кон адаптација на живите организми на животната средина , а не кон посовршено.
Среќа што светот не се води по Mr.Dawn. Според биологијата кравата на пример има посовршен организам од човекот. Детали барајте од Бацилус...
 

Samaramon

¤ ξωટ ¤
Член од
17 декември 2005
Мислења
1.081
Поени од реакции
18
Одење кон посовршено? Јас се сложувам со Bacillus gagous. Еволуцијата оди кон адаптација. На пештерските луѓе не им било важно дали имаат фризура или им се средени ноктите, им било важно да преживеат во средината, а со тоа прежување сме тоа што сме денес.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
51
Поени од реакции
0
Викторгг напиша:
Толку многу си забулен, што дури мислиш дека си паметен. Секое одделување од матичната религија значи дека нешто во неа не ти се допаѓа. На многу луѓе на западот не им се допаѓа ХРИСТИЈАНСТВОТО затоа што не им го нуди тоа што им треба. Јасно како бел ден, ти ако сакаш да мижиш... терај. Плус науката не е орудие на ѓаволот, туку оружје на разумот. Кога ќе пораснеш ќе го дознаеш тоа. Ти кажав и во еден друг пост(сега во врска со процентите), народот се произнесува како христијанин само затоа што така е воспитан. Да се верува како прво не значи да дојдеш на форум и да бидеш груб. Ако не ги знаеш десетте божји заповеди, отвори библија и прочитај. Ако си муслиман, дојди да се караме бидејќи во нивната религија стои дека оние кои не сакаат да се преобратат ќе бидат убиени. Во христијанството стои, ако некој ти удри шамар по едниот образ ти сврти му го и другиот. Ама тоа само докажува дека и ти не си верник. Туку некој wanna be Поп, кој мисли дека парите кои ќе ги земе за Свети Никола од сиромашните не го прави грешник. Ако знаеш кои се нормите на однесување кои ги налага твојата религија ќе се однесуваш многу поинаку....

п.с.


Среќа што светот не се води по Mr.Dawn. Според биологијата кравата на пример има посовршен организам од човекот. Детали барајте од Бацилус...
што се лутиш толку... праиме само муабети...
а тоа за шамарот... се подразбира за одмазда... а не ти кај што ти одговара ќе се користиш со Библија а од друга страна ќе ја плукаш... и не значи ако некој те омаловажува ти дека треба да викаш амин на тоа... а ти сакаш да викам амин... затоа не се служи со работи што не се во твој домен...

а за тоа со западот... ти објаснив ама ти не сфаќаш и пак сакаш паметен да се правиш... тоа е така а ти врти си ги муабетите како што ти одговара тебе... ама ако секој си има право да си мисли што сака...

Викторгг напиша:
Толку многу си забулен, што дури мислиш дека си паметен.
а ти дека не си верник ти може да ги правиш луѓето глупи итн. ? така нели? има и други зборови кај што ти омаловажуваш и слично... ама дека си атеист кај тебе не важи тоа што мене сакаш да ми го наметнеш... само за да испаднеш паметен... брао бе.

Samara напиша:
Одење кон посовршено? Јас се сложувам со Bacillus gagous. Еволуцијата оди кон адаптација. На пештерските луѓе не им било важно дали имаат фризура или им се средени ноктите, им било важно да преживеат во средината, а со тоа прежување сме тоа што сме денес.
буквалисти и контрадикторни ...
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
dawn напиша:
буквалисти и контрадикторни ...
off topic
Мораш да користиш доста прецизни зброви бидејќи постојат еден куп луже кои различно од тебе размислуваат и токму ради тоа твое непрецизно изразување погрешно ќе го интерпретираат тоа што сакал со пишаното да го кажеш.
Ај тазе си на форумов, ќе разбереш зошто ти го кажувам ова.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
51
Поени од реакции
0
Bacillus gagous напиша:
off topic
Мораш да користиш доста прецизни зброви бидејќи постојат еден куп луже кои различно од тебе размислуваат и токму ради тоа твое непрецизно изразување погрешно ќе го интерпретираат тоа што сакал со пишаното да го кажеш.
Ај тазе си на форумов, ќе разбереш зошто ти го кажувам ова.

се се разбира, ама кој разбере нека разбере, кој не не....

те разбирам што сакаш да кажеш...

да тазе сум на форумов и по се изгледа и тазе ке си одам од форумов :D џабе муабетиме овде... ме потсеќате на Турско ропство кога било... Турците сакале со векови да ја уништат верата на секаков начин и не успеале па вие ќе успеете?... комунистите толку време се бореа да ја уништат верата, тогаш со убивање и колење и силување, и во комунистичко со разни санкции итн. не успејаа... па вие ќе ја уништите, или атеистиве денешни, итн. ? сите тие ги снема а верата во Бог остана...

исти сте као Турците у Турско кога не заглавија, и као комунистите, и остали... ама Македонија највеќе патела од предавници...
Се ќе помине само верата ќе остане во светов... се до еден ден кога намерно ќе биде земена од Господ... ама тоа е друг муабет...

толку се моиве импресии
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom