Мислиш да сум последна ама потоа да ме нема и мене?
Зависи од тоа колку долго ќе сум сама и последна. Зависи од тоа како исчезнале другите. Бидејќи сум емотивец, не би можела да издржам знаејќи дека грозни работи им се случувале на другите. Не би можела да бидам сама со себе, бидејќи верувам во човештвото и смислата на заедницата. А потоа ќе ми се родат песимистички мисли, уствари, што би можело да биде попесимистичко од тоа што нема повеќе луѓе, а јас сум последната. Би пробала да читам книга но сигурно би немала концентрација. Би немала причина да останам сама. Ваљда би се смилувал Бог на мене и би ме однел кај другите. Ако воопшто има место каде тие ќе бидат. Ако не, тогаш би станала празнина. црнило. Би ме немало.