Акита Ину

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.965
Поени од реакции
25.278
Јаа ти кажувам кај припаѓаат, не станува збор дал ги ставаме јас и ти или не. Ако е за тоа, ротвајлерот побрзо прифаќа тренинг и е каде каде попослушен од Акита, па веќе кога тргнавме во тој правец, ајде нема да ги ставиме во иста група, Акитата знае да биде и поагресивна (пак ќе кажам доколку е во погрешни раце, а во 99% од случаевите е во погрешни раце).
еве ти една споредба на акита со пит, имаш и притисок на вилица и карактер и големина и све. Па сам процени во која категорија би ја ставил Акитата.
http://www.akita-dog.com/Akita_VS_Pitbull.html
За тоа дека е попослушен од Акитата си во право. Но, за агресивноста малку претеруваш. Доколку се во погрешни раце, тоа ни е јасно дека ги има многу кучиња што би биле опасни. Јас не негирам за Акитата дека не би била опасна, но дека е поагресивно од тие што ги наброја, тоа не. Ќе биде поагресивно доколку го чувам исклучиво за борби, а ти пример си го издресирала, воспитала, е тогаш да, се слагам. Прво ја стави Акитата на рамниште со Ротвајлерот, сега откако те цитирав ми велиш дури поагресивни биле. Нема потреба да се возбудуваш, си муабетиме. Па и дури во 99% било во погрешни раце. :rolleyes:
 
L

Lu

Гостин
Ако гледаме така многу кучиња доколку се во погрешни раце може да станат „машина за убивање“ како што рече ти. Сепак да не ги ставаме Акитите на рамниште со Ротвајлер во врска со агресивноста и опасноста да те нападне, касне или што ти знам. ;)
Јас лично Акитата ја сметам за „потешка“ раса и од Ротвајлер, Доберман и сл. ... од аспект на тоа што Доберманот и Ротвајлерот се службени / работни раси, па со малку труд и работа ќе имаш феноменално куче, бидејќи овие раси лесно прифаќаат дресура, тоест обожаваат да имаат некаква задача и да извршуваат команди.
Додека пак со Акитата е доста потешко да се работи, бидејќи имаат поинатлив карактер и потешко прифаќаат дресура.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
За тоа дека е попослушен од Акитата си во право. Но, за агресивноста малку претеруваш. Доколку се во погрешни раце, тоа ни е јасно дека ги има многу кучиња што би биле опасни. Јас не негирам за Акитата дека не би била опасна, но дека е поагресивно од тие што ги наброја, тоа не. Ќе биде поагресивно доколку го чувам исклучиво за борби, а ти пример си го издресирала, воспитала, е тогаш да, се слагам. Прво ја стави Акитата на рамниште со Ротвајлерот, сега откако те цитирав ми велиш дури поагресивни биле. Нема потреба да се возбудуваш, си муабетиме. Па и дури во 99% било во погрешни раце. :rolleyes:
Ај вака. Бидеќи ти ја отвори темата и напиша за карактер и тренинг на расата, прочитај уште еднаш што си напишал.
Во ред е да кажеме дека расата е слатка, рунтава, флафи, мече, срце и дрн дрн лигавења за истата, но тоа не ја прави помалце опасна. Акитата има генетски предиспозиции исто како питот да биде борбено куче, со една разлика, што плус се користела и за лов. Кога не е во warrior mode, тогаш е во hunting mode. И не зборам за агресивност изразена кон луѓе, туку кон други животни, односно кучиња.
А за тоа што лично ми се обраќаш дека се возбудувам- баш спротивно. Не сакам на отворен форум да се шират дезинформации за одредени раси. Сакам, кога луѓето ќе читаат за оваа раса конкретно, да знаат со што ќе си имаат работа, пошто многу е лесно да кажеме дека одредена раса е супер и мила и фина и све само поради изгледот, и да не се залетуваат по истата без преходно да им бидат пласирани сите информации. Можам да разберам дека си пристрасен кон оваа раса (можеби имаш вакво куче, можеби планираш да имаш) но ова е генерална дискусија и треба да се земат во предвид сите аспекти на оваа раса. Еве лично ја, имам ротвајлер, но никогаш не сум напишала дека ротвајлерите се мили и слатки и фини, само поради тоа што мојот ротвајлер е таков, туку баш спротивно, секогаш кажувам дека овие кучиња се доста специфични и треба да им се пристапи внимателно, и секогаш да ги чуваат искусни познавачи. Малкуте разлики меѓу карактерот на акита и ротвајлер( читај остали работни раси), е тоа што другите раси примаат тренинг и затоа се користат како службени во најголемиот дел од земјите низ светов, а според мене и според многу познавачи, куче кое што тешко прима тренинг не е цвеќе за мирисање.
 
Е ова веќе ми се допаѓа. Се сложувам.

Сепак ти делуваш пристрасно со Ротвајлерот. Јас не реков дека Акитата не може да биде борбено куче како другите кучиња или дека не може да биде опасно кон другите кучиња. Сепак оставаш впечаток како тоа сите луѓе што сакаат и чуваат вакви кучиња дека ги чуваат исклучиво за борби, значи за најлошите работи се фаќаш и го прикажуваш најлошото можно сценарио штп може да се случи од тоа куче. Исто и со тоа што го напиша во претходниот пост дека во 99% од случаевите се во погрешни раце.
 
За ротвајлерот конкретно, ама ич не пристапувам пристрасно, ама баш ич. А конкретно за моето куче (не расата)-да пристрасна сум.

Еден интересен факт, кучињата што се чуваат за борби, знаат да бидат најмили кучиња со луѓе, додека пак, нападите од истите тие борбени раси кон луѓе се извршени од кучиња кои се чувани како миленици. Запамти го ова.

За тоа дека 99% од кучињата се во погрешни раце, сеуште стојам на истото. Колку пати во твојот живот си видел куче кое оди на ланец позади/до сопственикот, а колку пати си видел дека кучето го влече и го шета сопственикот? Тоа се тие 99% што ти ги кажувам.
И извини што морам да го искажам worst case scenario-то не само за акитите, туку за сите раси (т.н. опасни раси) го правам истото. Кога некој е спремен да ја чува оваа раса и покрај тоа што си му ги кажал најлошите работи што можат да излезат од неа, ондак да, спремен е за овие раси. И покрај тоа што многу мислат дека можат, на крај се покажува спротивното и дел од овие раси завршуваат еутаназирани само поради неискуството на сопственикот и така се градат предрасудите за расите, оваа раса нападнала, онаа раса убива, таа раса растргнала... убаво е да се знае кај спаѓаат Акитите, особено да не ја доживеат судбината на другиве раси за кои генерално и ден денес постојат предрасуди (баш поради нивните сопственици).
 
B

Beck's

Гостин
Кучињата ги мразам али ова раса ми влезе во срцето како и на мнозинството по филмот за Хачико. А и за убавина им нема рамен. Планирав некогаш да зеам ваков вид али прочитајќи ги коментарите сеа веќе не мислам така, едноставно мислев дека немаат врска од агресивност овие видови на кучиња а овие да ти биле исти к..
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.965
Поени од реакции
25.278
Кучињата ги мразам али ова раса ми влезе во срцето како и на мнозинството по филмот за Хачико. А и за убавина им нема рамен. Планирав некогаш да зеам ваков вид али прочитајќи ги коментарите сеа веќе не мислам така, едноставно мислев дека немаат врска од агресивност овие видови на кучиња а овие да ти биле исти к..
@ZeenaK9 еве за тоа зборував. Го прикажа најлошото и го предомисли дечкото. :icon_lol: Иако од сопственикот зависи тоа дали кучето ќе биде лошо или добро.

@Beck's знам луѓе со мали деца што имаат и се многу задоволни од Акитите. Нормално ако земеш требе и внимание да му посветуваш уште од мало, не да го земеш колку да се рече дека имаш такво убаво куче и да се гледаш со кучето само кога треба јадење да му се даде.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
@ZeenaK9 еве за тоа зборував. Го прикажа најлошото и го предомисли дечкото. :icon_lol: Иако од сопственикот зависи тоа дали кучето ќе биде лошо или добро.
Е па и ја тоа се обидувам да ти го кажам, сите сметаат дека се слатки и мили само поради филмот, а во суштина реалноста е различна. И така овие раси стигаат на тапет кај новинари и ги забрануваат во некои земји.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
@ZeenaK9 еве за тоа зборував. Го прикажа најлошото и го предомисли дечкото. :icon_lol: Иако од сопственикот зависи тоа дали кучето ќе биде лошо или добро.
Па не го прикажала најлошото, ја напишала вистината. Ова е куче со карактер што не е препорачливо за почетник. Тврдоглави и доминантни кучиња кои доколку од рана возраст не добијат соодветна дресура, стануваат неподносливи. Не се толку лесно склони кон дресура, така да добро е луѓето да знаат со што си имаат работа. Изгледот не е секогаш(всушност никогаш не треба да е) најбитен кога се работи за одбирање на расата.
 
L

Lu

Гостин
@ZeenaK9 еве за тоа зборував. Го прикажа најлошото и го предомисли дечкото. :icon_lol: Иако од сопственикот зависи тоа дали кучето ќе биде лошо или добро.
Затоа е убаво луѓето уште од старт кога ќе одлучат да земат некоја раса, да се запознаат со сите нејзини предности и маани, и уште од старт да си знаат со што си имаат работа.
Еве на форумов веќе има ефекти, луѓето се запознаваат со вистинскиот карактер на Акитата.

Што би се случило доколу @Beck's земеше Акита, само поради тоа што е прикажана како слатко кученце во филмот Хачико (што реално и самиот он си кажа расата ја засакал поради филмот Хачико).
Точно е тоа дека од сопственикот зависи дали кучето ќе биде лошо или добро, но разликата е во тоа што некои раси имаат поголеми предиспозиции да станат агресивни.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

[USER=28231]@Beck's
знам луѓе со мали деца што имаат и се многу задоволни од Акитите. Нормално ако земеш требе и внимание да му посветуваш уште од мало, не да го земеш колку да се рече дека имаш такво убаво куче и да се гледаш со кучето само кога треба јадење да му се даде.[/USER]

Зар очекуваш човек што мрази кучиња правилно да се постави со истите? Немој да го убедуваш те молам... потврди му и ти дека не чини расата и никогаш нека не земе ама баш никакво куче! Услуга на сите нас!

И ова не знам као се напраи у линк и не знам како да го сменам- проклет нов форум:pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.965
Поени од реакции
25.278
Добро де стави го така линкот да видам што сакаш да кажеш. :D[DOUBLEPOST=1393358111][/DOUBLEPOST]
Кога кликнам " потврди му и ти дека не чини расата " ме носи на твојот профил со сликата од твојот Ротвајлер :icon_lol:

Стави го линкот де.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Добро де стави го така линкот да видам што сакаш да кажеш. :D[DOUBLEPOST=1393358111][/DOUBLEPOST]

Кога кликнам " потврди му и ти дека не чини расата " ме носи на твојот профил со сликата од твојот Ротвајлер :icon_lol:

Стави го линкот де.
Нема линк тоа е проблемот, не знам како ми се напраи ова у линк и не можев да го сменам. А ме мрзеше да бришам :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom