Акита Ину

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.965
Поени од реакции
25.278
Стандарди: FCI група 5 (Шпиц и Примитивни видови), Секција 5: Азиски Шпицови и слични видови, #255

Класификација: Моќни, мускулести и импресивни.

Други имиња: Akita

Земја на потекло: Јапонија

Хипоалергично: Не

Животен век: 11 до 15 години

Темперамент: Dignified, Alert, Friendly, Courageous, Docile, Responsive

Тежина: Женка: 32–45 кг; Мажјак: 45–59 кг

Висина: Женка: 24–26 инчи (61–66 cm); Мажјак: 26–28 инчи (66–71 cm)

Бои: Fawn, Brindle, Red, White, Pinto

Земја на потекло - историјат

Акита, или уште Акита Ину (ину на јапонски значи куче) или Јапонска Акита е најголемата и најпозната кучешка раса од Јапонија. Најпрвин оваа раса била одгледувана за ловење на елени, мечки и диви свињи, но подоцна во средниот век акитата била одгледувана и како боречко куче. Како и да е, јапонската влада ја забранила оваа нивна боречка улога откако акитата била прогласена за национално куче на Јапонија. Во 1918 година се оформило здружението Akita Inu Hozankai Society за да се зачува расата. Подоцна истото било прогласено за природен споменик на државата. Во 1937, кучето-водич на Хелен Келер било првото куче од оваа раса кое било донесено во Америка. Таму, акитата станала популарна по Втората светска војна кога многу војници се вратиле од Јапонија со такво куче. Денес, тие се доста популарни миленичиња во Америка и служат како чувари и полициски кучиња во Јапонија. Најпознатата акита во светот било кучето Хачико (Hachiko). Тоа секој ден одело на железничката станица да го пречека својот газда кога се враќал од работа. Дури и по смртта на сопственикот, верното куче Хачико продолжило да оди на железничката и да го чека својот газда да се врати секој ден се до неговата смрт после девет години. Денес има негова статуа на таа железничка и се одржуваат годишни церемонии во негова чест.

Тело

Големо тело со широки и длабоки гради. Грбот им е прав, а ребрата добро заоблени. Имаат дебел и мускулест врат. Ушите им се мали, исправени нагоре и во форма на триаголник. Очите им се истотака мали и во форма на триаголник. Опашката пак е дебела, густа, виткана, високо поставена и свиткана кон грбот. Прстите на шепите им се споени со кожинка што ги прави одлични пливачи.

Крзно

Тие имаат дупло крзно. Крзното кое е однадвор е цврсто и круто, а крзното одвнатре е меко и густо. Влакната на главата и нозете се кратки. Влакната на опашката пак се подлоги од оние на останатиот дел од крзното. Го менуваат крзното два пати годишно.

Карактер

Акита кучињата имаат јак ловечки инстинкт и се доста смирени, спонтани и интелигентни, но и храбри што ги прави одлични чувари. Тивки се, достоинствени, силни и внимателни. Тие се и великодушни и љубезни и го сакаат човечкото друштво што ги прави одлични придружници. Воглавно се послушни. Ретко лаат. Препорачливо е овие кучиња да се чуваат внатре во домот и да им се придава доста внимание. Многу се заштитнички настроени. Не сакаат кога има други кучиња во нивна близина и доколку има мачки или други миленичиња во домот би требало добро да ги запознаете уште на самиот почеток за да избегнете агресивно однесување. Се спријателуваат со децата, особено со постарите деца, но исто така треба да им се даде и нивен личен простор. Воопшто не ги сакаат странците. Акита кучињата можат да бидат прекрасни фамилијарни миленичиња доколку се тренираат и дисциплинираат строго. Сопственикот на акита куче треба да е искусен и доминантен човек кој е подготвен да го издржува темпераментот на ова раса.

Исхрана

Потребна им е поголема количина на храна да ја одржат својата маса, но не се воопшто лакоми.

Грижа

Акита кучињата треба да се чешлаат неделно со цел да се отстранат мртвите влакна, и да се чешлаат и со метален чешел два пати годишно кога се митарат. За да се избегне отстранувањето на природното масло од влакната на крзното, тие треба да се бањаат со нежен шампон само кога тоа е навистина неопходно. Влакната на дното на нозете треба да се поткаструваат од време на време. Подложни се на повреди на колкот и колената и проблеми со очите. Акита кучињата имаат легло од 5-7 кученца, а живеат околу 9-11 години.

Тренинг

Потребен е самоуверен и упорен пристап за дресирање на ваквов вид куче. Повторување на вежбите или премногу строг тренинг можат да го забават процесот. Брзо и лесно ќе ги научите да уринираат на одреденото место. Мора уште на самиот почеток да ги запознаете со други миленичиња доколку живеат на исто место за да избегнете агресивно однесување. Бидејќи акита кучињата имаат значителна јакост тие треба да бидат и физички и психички стимулирани колку што е можно повеќе. Треба да ги шетате на ланче (и тоа доколку имате цврста рака) или да обезбедите некој простор за нивна активност. Тие уживаат во игри со семејството. Можат да се приспособат и доколку некое време не биле трениран, но ќе бидат помалку тивки и послушни. Акита кучињата можат да поднесат да живеат во стан се додека го добиваат потребниот тренинг.

543824_4429959826268_2108937589_n.jpg

1231097_10202457875441401_157216529_n.jpg

189226_1674415099372_3319679_n.jpg
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Да бидам искреен, сакакам вакви покрзнени топки ко мечиња се. :love::)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.176
Бев многу загреан да земам едно вакво кутре. Ама од кога се распрашав и ми рекоа дека се од 400-500 евра се откажав зошто немаше шанси да најдам толку, а моите нема шанси да дадат толку пари за куче. Кога ќе заработам одма во прва прилика ќе земам. Иначе гледајте го филмот Хачико и ќе видете каква е оваа раса на куче.
 
P

parvati

Гостин
Дефинитивно најјако име !!! : ) Koja чаз е да се чува такфа убавина еј
Акита Ину леј пуно јако, не овј наш пуно, него мноо
 
L

Lu

Гостин
Иначе гледајте го филмот Хачико и ќе видете каква е оваа раса на куче.
Колку само врска нема филмот со карактерот на расата.
Сите се попалија по Акитите откако го изгледаа филмот Хачико, и сите мислат дека Акитите се такви слатки мечиња ... али вистинскиот карактер на расата Акита е чиста спротивност од кучето Хачико во истоимениот филм.
Страшно доминантна раса, и сите луѓе во Македонија што зедоа Акити (поради филмот Хачико) сега имаат страшни проблеми со доминацијата, и неможат да ги контролираат кучињата.
Филм и реалност не е исто ;)
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Убаво кученце. Не колку хаските ама можда едни од најубавите шо ги иам видено. Барем на слика, не сум препознал у живо такво некое..
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Само да напоменам, ова е јапонска акита(што е на сликите). Постои и американска акита. Разликата е во бојата и во градбата-американскиот тип е нешто покрупен од јапонската и нешто позаоблена глава.

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.176
Колку само врска нема филмот со карактерот на расата.
Сите се попалија по Акитите откако го изгледаа филмот Хачико, и сите мислат дека Акитите се такви слатки мечиња ... али вистинскиот карактер на расата Акита е чиста спротивност од кучето Хачико во истоимениот филм.
Страшно доминантна раса, и сите луѓе во Македонија што зедоа Акити (поради филмот Хачико) сега имаат страшни проблеми со доминацијата, и неможат да ги контролираат кучињата.
Филм и реалност не е исто ;)
Што читам по интернет кучево е опишано како смирено, тивко, а пред се интелегентно и се поставува заштитнички спрема најблиските. Баш Хачико е таков во филмот. Немам сретнато некој што има Акита да ми каже како се однесува едно што имам читано по интернет. Можеби тоа што неможе некој да ја скроти неговата доминација е поради тоа што не го тренирале и дисциплинирале добро. Некои ќе земат куче ќе го погалат неколку пати и ќе го остават што сака да прави. Така не се чува куче.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285

Па по интернетов ќе прочиташ многу работи на пр. Пит како најмило кутре на свет познато во историјата и како nanny dog, а воедно друг пит растргнал човек. Генералната слика за расите не игра толку голема улога во реалниот свет. Акитата спаѓа во потешка категорија на кучиња, во однос на карактер зборам нели. Во некои земји и е забранета да се чува, особено после експанзијата на расава после филмот што го спомена. Акитата си е доминантно куче како раса, тоа не е баш нешто со кое што може да искочи на крај секој еден, а воедно и не е некоја позитивна карактеристика кај куче. Комотно ставија на рамниште со ротвајлер, доберман, германски овчар и остали.
Да не се сватиме погрешно, не зборам за тоа дека расата е агресивна, туку во погрешни раце (како и овие други раси што ги споменав) може да биде машина за убивање.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.965
Поени од реакции
25.278
Па по интернетов ќе прочиташ многу работи на пр. Пит како најмило кутре на свет познато во историјата и како nanny dog, а воедно друг пит растргнал човек. Генералната слика за расите не игра толку голема улога во реалниот свет. Акитата спаѓа во потешка категорија на кучиња, во однос на карактер зборам нели. Во некои земји и е забранета да се чува, особено после експанзијата на расава после филмот што го спомена. Акитата си е доминантно куче како раса, тоа не е баш нешто со кое што може да искочи на крај секој еден, а воедно и не е некоја позитивна карактеристика кај куче. Комотно ставија на рамниште со ротвајлер, доберман, германски овчар и остали.
Да не се сватиме погрешно, не зборам за тоа дека расата е агресивна, туку во погрешни раце (како и овие други раси што ги споменав) може да биде машина за убивање
.
Ако гледаме така многу кучиња доколку се во погрешни раце може да станат „машина за убивање“ како што рече ти. Сепак да не ги ставаме Акитите на рамниште со Ротвајлер во врска со агресивноста и опасноста да те нападне, касне или што ти знам. ;)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ако гледаме така многу кучиња доколку се во погрешни раце може да станат „машина за убивање“ како што рече ти. Сепак да не ги ставаме Акитите на рамниште со Ротвајлер во врска со агресивноста и опасноста да те нападне, касне или што ти знам. ;)
Јаа ти кажувам кај припаѓаат, не станува збор дал ги ставаме јас и ти или не. Ако е за тоа, ротвајлерот побрзо прифаќа тренинг и е каде каде попослушен од Акита, па веќе кога тргнавме во тој правец, ајде нема да ги ставиме во иста група, Акитата знае да биде и поагресивна (пак ќе кажам доколку е во погрешни раце, а во 99% од случаевите е во погрешни раце).
еве ти една споредба на акита со пит, имаш и притисок на вилица и карактер и големина и све. Па сам процени во која категорија би ја ставил Акитата.
http://www.akita-dog.com/Akita_VS_Pitbull.html
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

На врв Bottom