Враќање во акваристиката после речиси 1 година!
Ова пролет/лето планирам да се вратам во акваристиката. Имав пауза од речиси една година, а бив активен со ова хоби едно 2-3 години. Пошто бев почетник немав поим околу ова хоби. Имав 60 литарски аквариум. На почетокот ми беше ептен ќеф, потоа не од што не ми беше ќеф за аквариум туку заради X причини го запоставив аквариумот и тој стана срање во буквален смисл на зборот!
Не менував вода, филтер чистев на 2-3 недели, не се грижев за рибите и сето тоа. Причините поради кој прекинав се следниве: ѕидот околу аквариумот почна да мувлсува и да се распаѓа тенок слој. И втората и нај основна работа е тоа што аквариумот пукна одоздола и почна да ме протекува!
Е па сега планирам да се поправам (Се разбира ако повторно почнам со ова хоби!)
Дајтеми совет. На газерот планирам да поставам уште едно стакло! и да го обновам/ставам нов силикон на постоечкиот на сите 4 краеви.
Дали има гајле ако ставам нов силикон на стариот или треба да го расклопам аквариоумот (да го отстранам постоечкиот) и да го склопам со нов силикон, зошто според мене нема доволно силикон (сакам да поставам подебел слој поради поголема сигурност!)
Ако тоа го направам како што замслувам ќе биде ОК! Комшијата ќе ме снабди со неколку риби(бидеќи јас му ги дадов моите кога го "затвотив" аквариумот), меѓу кои и чистачи оној за песок како сом што е еден анцитрус) И секако ќе прикупам некоја рибка плус.
Планирам да направам позадина од стиропор и имам замислено како ќе изгледа. Па имам едно прашање за некој со вакво искуство. Сакам на стиропорот да ставам мал слој на цемент, како што прават останатите, па прашањето ми е дали цементот ќе испушта нечистотија или пред да го залепам на аквариумот треба да го поставам во друга вода да одстои?
Имам преубави камења глинен ќуп и сето тоа кое ќе го направат декоративниот дел на аквариумот!
Ви благодарам однапред за советите, поздрав!