ќе има ли некој толку добар да ми поклони или продаде, за прифатлива цена, 2 рипчиња мали, неам поим која раса барам, али имам дома кугла порано чував, па ми умре едното, па после и другото...убав мир ми предаваа кога гледав во нив, па би сакал повторно да чувам...
фала однапред
Ацо спомнато е многу пати уназад низ темите, ама изгледа секој треба посебно да му се спомне, во кугла тешко успеваат рибите освен една врта која може среќно да живее: Betta Fighter Fish или на наши Борец.
Куглата е мал простор во кој не можи да живее скоро никоја риба, поради немањето проток на вода, недоволна филтрација, загревање итн. Ама овие риби успеваат да преживеат оти живеат во оризови полиња, ако знае некој тие оризови полиња се потполно потопени во вода,е па сеа борецот значи живее во плитки води низ густи растенија.
Оваа риба може да успее да живее во кугла, али не помала од 5 литри, со оглед на тоа што не расти голема 3-4 цм останува цел живот, може да ти го разубави домот, али под услов ниедна друга да не ставаш, пошто не трпи никаков вид околу неа, и цел живот сами живеат.
Далје, стави ја на топло место гледај водата да има температура од 18 степени значи во соба кај што има константна температура а не променлива, ќе и менуваш половина од водат на секој 2 дена, и ќе додаваш отстоена вода, значи во тие два дена таа вода шо ќе ја додајш и ја мењаш старата, инаку ќе се наполни со отпадни материи и ќе ја цркниш рибата. Нормално, не планирај поголеми риби да чуваш. Имај на ум, дека кога ќе појдеш во аквашопот, дека со радост би ти продале и КИТ да го чуваш во кугла. Нив тоа им е бизнис и од тоа живеат па доколку пробуваат да им угодат на рибите, не би имале промет ниту 5 денари, затоа не слушај се што ќе ти кажи продавач, затоа што се што ќе ти кажи се врти околу тоа да ти продај нешто плус, што нормално ти немаш потреба од него а те врти оти имаш и тоа голема потреба од истото нешто.
Најчесто чувани риби во кугла се караси, и тоа од оние со повеќе перки задни, ги викаат златни рипки. ВО природата не постои таква рипка, освен овие генетско ретардирано озрачени риби, кои позади имаат 3 перки, дупли што му иди како магаре со 8 нозе и 3 опашки.
Во природата изгледаат , многу, многу обично. Пиши на гугл (wild carasius) и ќе видиш.
Има едни јапонски кои, тие ги чуваат во базенти, сите караси растат до 30 + цм шо значи кугла му е мачење а не живеење.Имај го тоа на ум.
А да, за поклон риби ќе добиеш можеби гупа или други ефтини риби али не дека те терам да не чуваш, туку да знаеш само ќе ја мачиш и за неколку дена ќе ти умри.
Земи си борец, тој е за во кугла. А аквариум не е скапа инвестиција - верувај ме. Одиш на стаклар, порачуваш аквариум од 40тина литри и нема да те кошта повеќе од 500 денари.Има и фабрички само се нешто поскапи али далеку
поубави. Потребно ти е греач , една потопна филтер пумпа (внесува и кислород исто) па си го уредуваш и крај на муабетот. Имаш далеку посреќни риби од тие во стаклената саксија за цвеќе.
И многу е битно една работа, шо денеска ако не беше рекламирана акваристиката на погрешен начин, немаше скоро ни да постојат акваристичките продавници. Или ќе постоеја но не со толкав промет. Од цртани филмови, од филмови, бајки и други глупости почнувајќи од фамозната “Златна Рипка“ која е нацртана со такви раскошни перки и чувана во мал стаклен сад сингапурците успеваат да вкрстат , модифицираат токму таква риба која ни најмалце изгледа на природна риба, нормално за профит. Стаклените садови морам да напоменам дека се користени можеби пред 150 години кога скоро за прв пат се појавува акваристика во таков облик. Уште во времето на римјаните чувале риби али во фонтани, далје, еве пред 150 години луѓето чувале по некоја риба во стаклен сад, али нормално за брзо им умирала. И како и на секоја грешка што излегува нов изум, така денес е унапредена акваристиката, токму поради тие стаклени садови што ги усмртувале рибите
. Значи, пак ќе спомнам да бараш стаклен сад да чуваш риби, е исто како да слушаш прв пат за телефон и да речиш “Не ми треба мене кој знае што ставете ми еден фиксен со бројчаник на вртење колку да се јавам“. Откако ќе те мавнат тешки нервози со таков телефон полека ќе почниш да бараш подруг, па се до некој мобилен со камера и што ќе биде универзален за се и сешто. Мисла оти го сфати примеров.
Еве за сите што чуваат кугли и други трик-финти кај продавачите за правење промет, колку би ве коштало еден аквариум:
Аквариум просек од 30-40 литри на стаклар ќе ве кошта околу 500 денари ,зависи од дебелина на стаклото и стакларот.
Греач за тој аквариум 200 и нешто денари, 50 вати е доволно.
Песок, околу 3 кеси по 60 денари кеса е. ( 180 денари)
Растенија - пожелно е живи тревки само да ставите подобро осветлување, за треви или купете или барајте од некој што има во аквариум.
Сијалица околу 300 денари за 40 литарски аквариум, неонката иди со сталажа.
Капак - може да се изработи кај некој што се занимава со изработка на дрво, можете сами битно е од внатре да е обложен со фолија заради испарувањето да не скапи. И ова би ве коштало околу 300 денари.
Потопна филтер пумпа за овој аквариум кошта околу 400 денари + внесува кислород.
Риби - по ваш избор, али за 40 литри аквариум внесувате мали риби, неонки, гупи, моли,некој вид на тетра итн али да не го надминува бројот над 10-15 риби максимум.
Вкупни трошоци:
1580 денари.
Разлика во трошок за кугла:
5 литарска кугла- 500 денари
Сигурно ќе ви продадат непотебни украси како грниња, бродчиња и ред други пластични глупости и тука уште 300 денари.
Карас или борец или ко типот погоре циклиди што плеснал во кугла - еве да речеме и тие околу 300 денари.
Вкупно - 1100 денари. Добивате - НИШТО, а и рибите умираат за брзо.
За 500 денари + имате комплетен аквариум со се филтер, подлога, растенија, осветлување, капак итн. Со куглата само си ги фрлате за бадијала парите.
Еве како можеш да уредиш мал, 40 литарски аквариум:
А еве споредба со кугла:
Споредба дури и не е потребна. Рибата сака простор да плива, да истражува, а не само вода колку да диши со било какви параметри и од време на време еднолична храна. Тоа ќе ја одржува во живот а да можи со мерак би се фрлила над вода.
А тој што спомна погоре циклиди плеснал, во кугла, еве што фактички се циклидите:
Риба од 10 -15 цм што веќе од раѓање е таква, поарно во кесата да ја чуваше како што му ја дадоа од продавница.
Циклиди упорно избегавајте.Сепак се риби со поголеми побарувања и не се едноставни.Битно е водата да е тврда, се хранат исклучиво со растителна храна и посебен дизајн сака.Не е едноставно сепак али како што напоменав: Во продавница ќе ве уверат дека секоја риба со секоја си одговара, и дека нема воопшто проблем се додека не ви ја продадат. Дури и во дуќанот да се повеќе риби измешани и да ве уверуваат оти немаат проблем да живеат заедно - лажат, поради што во дуќанот се донесени сигурно брзо, ден или два претходно, па немаат време да го навикнат аквариумот.Откако ќе заземат територија, настануваат борби меѓу рибите.
Прашајте на форум, тука сме да помогниме кој знае ќе кажи, барем немам јас дуќан и да ве уверувам дека едно пластично буре е потребно да го купите во аквариумот, кога нема потреба од него. Акваристиката е да се проба да се имитира природната средина што ја создала природата, а не да се имитира природата што ја загадил човекот па да ставаме потонати бродови, буриња, чамци куќарки замоци и ред други глупости во аквариум, кои нормално немаат никаква полезност освен ги менуваат параметрите на водата, како што знаете кинеско производство.