V
Vollstandig
Гостин
Ја зборав за помал аквариум, не е многу ако смениш 2 пати неделно вода, да речеме по 20 % не се менува многу а му доаѓа како освежување на рибите, се разбира ако ја мериш постојано колку расти нивото на амоњак, нитрати, нитрити, фосфати итн.Многу е да се менува водата 2 пати неделно.
И исто така премногу е да се смени 50% од водата на аквариумот, бидејќи ако наеднаш промениш толкаво количество на вода 50%, тогаш ќе се пореметат параметрите на водата.
Најдобро е еднаш неделно да се променува 30% од водата.
А за останатото ќе се сложам со тебе дека новата вода што ќе се стави во аквариумот треба да биде 24 часа одстоена (за да испари хлорот) и дека новата вода што ќе се додаде треба да биде со иста или приближно иста температура со аквариумската вода.
Во добро стабилизиран аквариум, 30 % неделно доволно е може и 40 да фати ако се заиграш со сифонското црево да исчистиш сето ѓубре.
За еден аквариум да функционира добро, пред се, треба добар кеш, добар акварист да те научи што како и нормално продавница што ќе те снабди со опрема, за разлика за нашиве каде се мека и медина за кинеските производи. Еден канистер од ехим, да речеме, едвај ќе стигни кај нас и тоа по нарачка.
Иначе, кога се има стабилен аквариум, нема дури ни голема потреба од менување вода освен освежување во аквариумот. Системот функционира вака:
Аквариум полн со:
-Риби
-Растенија
-Бактерии
-Вода
-Алги
Рибите земаат: Храна и кислород
Создаваат: Јаглерод диоксид , и измет со нитрати фосфати амоњак итн..
Растенијата земаат: Јаглерод диоксид нитрати фосфати итн..
Создаваат: Кислород
-Бактериите земаат: Амоњак , нитрат..
Создаваат: Амољакот се разложува на нитрит кој е идеална храна за растенијата.
-Алги - исто како растенијата
Е сеа, од ова можи да се напрај еден круг, значи ама потполно биолошки круг, кој иде вака:
Ја храниш рибата, она јаде, се сере, создава измет, се распаѓа кој создава амоњак фосфат нитрат бла бла бла, растенијата го користат како храна. Рибата диши создава CO2 а вдишува кислород. Растенијата изметот нивни го имаат како храна. Распаднатата храна во водата исто скапува и создава храна за растенијата. Вишокот нитрати и други отпадни материи во водата е растворен и е маглива или матна водата. Растенијата го земаат тоа и ја прават водата ненормално БИСТРА (а не како што мислеа дека филтерот ја бистри водата).Амоњакот создаден од рибите, преку изметот кој скапува на земја, се раствора во вода која кружи низ циклиран филтер, го земаат бактериите, кои го разложуваат на помалце штетни материи. Водата пречистена, излегува полна со нитрити, кои не се отровни за рибите, а се вистиснки деликатес за растернијата. Пак, растенијата го спасуваат гзот на рибите, со влечење на нитратите, и за задоволство на акваристот, растат цутат и се уште поубави.
Значи ова е еден природен циклус, исто циклус има и со храната, едни риби ја јадат да речеме главните риби тоа што останува на земја, да се избегне чистење на аквариумот се додаваат риби што живеат на земја, обично мирни и мали риби, како коридораси.
Да се спречи вишокот на алги, кои во мал број се позитивни а во голем број се штетни за растот на растенијата и изгледот на аквариумот, се додаваат алгари, како полжави, анциструси, отоцинклуси, плехостомуси (овие последните не ги препорачувам да ги чувате, едноставно не се за во аквариум).
Многу луѓе дигаат паника коа ќе видат точка зелена во аквариумот наречена АЛГА. Алгата е микро растение, и не е штетна едноставно одстранува отпадни материи од аквариумот, а доколку е на некое интересно место изгледа многу природно. Јас никогаш не сум ги тргал алгите од аквариумот, посебно “Брадеста“ алга, која изгледаше навистина интересно. Се нафати на камењата и ја оставав а и рибите не ја јадеа, освен повремено ја кастрев.
А да, да ви фати алга аквариумот треба да сте неодговорни акваристи. Аквариум ретко фаќа алга ако го има правилниот менаџмент, обично луѓето полнат еден сад со вода такозвани аквариум лупаат риби внатре и мислат дека се што направиле го направиле токму сега и не треба ништо поеќе.
Така да, јас би удрил по 2-3 ластици по главата на продавачите кој ги има на секој чекор, а да ги прашаш што продаваат ни САМИТЕ незнаат, дали е ПЕТ ШОП или мачилиште за животни.
Исто малце надвор од тема, ама ќе кажам и за ова. Водни желки се продаваат на секој чекор. Никој не им пружа услови како што треба. Ретко имаат посебен аквариум со вода и камен за желките, скоро повеќето ги имаат ставено во пластична кутија, наредени една над друга, како локуми, не можат ни да мрднат ни да претнат. Прво - Стрес за животното, немање место да се движи, не им даваат ни храна, туку ги ставаат во присилна хибернација. Ќе издржи можеби една недела до две, али тешко дека ќе живее како што треба животното.
Ги продаваат во мини пластични садови со волујмент од 1,5 литри, во кој можете да се посерете и ништо повеќе, кои не се адекватни. едноставно , чукнете ја главата - Каде во тој сад ќе ставиш греач, филтер, каде желката ќе движи?
Далје, многу популарни поклони се водните желки на мали деца обично им ги земаат што е голема грешка. Интересна им е, некои имаат а некои немаат баш осет, па ги гњават, сечат, фрлаат низ соба, ги печат ги варат веќе се и сешто им прават. Помалите деца знаат често и во уста да ги стават или пак ги фаќаат со раце, а секој рептил, како на пример желките, пренесува САЛМОНЕЛА, која може да се внесе со организмот токму на тој начин,преку уста.
Често пати знаат да ги криват слаткарниците, и ред други прехрамбени индустрии за пренесување на салмонела, но никој не погледнал прво во домот, што чува, од каде ја добил таа болест.
За информација, да не се исплаши некој, можете да чувате водни желки, а фаќање, само по потреба кога е веќе итно, по можност со ракавици, или пак добро миење на рацете после фаќање.