Точно, да, има кај АСУЦ, два плаца и добро ги објасни кај се наоѓаат, ова е сигурно 100% бидејки јас сум од Маџари и секој ден поминувам од таму, а и башка вториот плац т.е тој што е после 100 метри од АСУЦ го држи мој другар, и да ви кажам искрено имаат избор и тој избор се шири секојдевно.
Мислам дека и по порачка носат коли, ама не се од оние, дај ми пари нема да ме видиш него дечките сакаат да привлечат муштерии и си работат дисциплинирано. На самиот плац има и продавница за бандажи и кафич, мислам дека има и некаков сервис исто и тоа е нивно, нивно кажувам пошто двајца го дршат плацот и двајцата се од Маџари.