Авторски права на софтвер, како функционира во МК?

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Знам дека странство се строго регулирани овие права, посебно на интелектуална сопственост, но како е регулирано ова во Македонија? Само на хартија или функционира во пракса?

Пример, изработуваш софтвер како фриленсер за одредена фирма, без никаков договор. Кој ги има правата над софтверот? Дали девелоперот може да го препродава тој продукт и на други фирми без да сносни правна одговорност?
Ќе напоменам дека односот е физичко лице со правно, плаќањето може да е на рака или на трансакциска, но нема никаков потпишан договор.

Се фативме на разговор за оваа тема со колеги и ми тврдеа дека ако нема пишан договор автоматски сите права на софтверот ги превзема фирмата за која си го работел. Но може ова да важи при однос фирма-фирма ама физичко-правно, со плаќање на рака (сива економија), или на трансакциска преку авторска агенција?
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ние прво да го направиме софтверот после за авторските права лесно е (тоа со софтверот малце потешко)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ако работиш како фриленсер преку некој странски веб сајт, штом го предадеш софтверот на тој што ти го порачал и ти платил тогаш тој софтвер е веќе во негова сопственост и ти немаш никакво право врз него. Самиот вебсајт го гарантира тоа. Е сега како работи ова кај нас и дали е на истиот принцип незнам. Баш ќе го прашам братучед ми бидејќи работи во фирма каде прават софтвер и вебстрани па најверојатно знае како оди работава.
 
Муабетот е каде што нема никаков договор, преку сајтови за фриленс знам дека е регулирано
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Муабетот е каде што нема никаков договор
Кај шо нема никаков договор, треба да се тури уба цена... Прво нешто на памет шо му паѓа на корисник е :абе јас платив Х пари за софтверот... зошто би му го дал на некој за беспари?

Ако се работи за веб: ако му одговара на некој да го шитни веб сајтот уште еднаш, па на домен www.test.mk да излегува истиот сајт со сменети податоци и лого, јас нема да се бунам. Исто и тој нетреба да се буни ако јас го напрам истото, мада тоа нема да се деси... или ако се деси да го користам енџинот, нема да осети дека е истиот - ќе го сменам дизајнот.

Ако се работи за кастом десктоп софтвер, јас никогаш не давам сорс. Освен некој ако не го побара тоа од мене, мада тогаш наплаќам различна сума, многу повисока од онаа што би ја платил само за инсталација.

Се фативме на разговор за оваа тема со колеги и ми тврдеа дека ако нема пишан договор автоматски сите права на софтверот ги превзема фирмата за која си го работел. Но може ова да важи при однос фирма-фирма ама физичко-правно, со плаќање на рака (сива економија), или на трансакциска преку авторска агенција?
Многу јасно дека колегите ти се во право...
Исто како некој сега да излези и да ја продава рекламата за Кока кола. Шо ако тој ја праел/снимал/монтирал, таа е на Кока кола. И толку. Ти тоа што си го правел, а е издадено од друга фирма, толку... авторското право си го пренел на трето лице.

Ако го имаш сорсот единствено шо можиш е да искористиш некој дел од него, во друга апликација.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Муабетот е каде што нема никаков договор, преку сајтови за фриленс знам дека е регулирано
Епа во тој случај во Македонија а верувам дека и секаде е така, тешко некој да ти ги загарантира авторските права. Пример еве да речеме дека ти изработиш некој софтвер за мене и јас си го платам поштено 100 евра. После јас може ќе го продадам истиот софтвер на 10 души за по 200 евра. Кој тебе тука ќе ти гарантира и ќе ти ги заштити правата дека ти си автор на тој софтвер? Не сум многу упатен во овие работи ама според просто размислување мене вака ми изгледа. :unsure:
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Знам дека странство се строго регулирани овие права, посебно на интелектуална сопственост, но како е регулирано ова во Македонија? Само на хартија или функционира во пракса?

Пример, изработуваш софтвер како фриленсер за одредена фирма, без никаков договор. Кој ги има правата над софтверот? Дали девелоперот може да го препродава тој продукт и на други фирми без да сносни правна одговорност?
Ќе напоменам дека односот е физичко лице со правно, плаќањето може да е на рака или на трансакциска, но нема никаков потпишан договор.

Се фативме на разговор за оваа тема со колеги и ми тврдеа дека ако нема пишан договор автоматски сите права на софтверот ги превзема фирмата за која си го работел. Но може ова да важи при однос фирма-фирма ама физичко-правно, со плаќање на рака (сива економија), или на трансакциска преку авторска агенција?
Ако нема никаков договор, тогаш нема ниту пренесување на авторски, индустриски и други сродни права. Небитно е кои се вклучени (физички или правни лица), како и дали е платено и сл. Пренос на права нема. И тоа не само на авторски, туку ни пренос за права на користење на производот. За правото да биде пренесено, или утврдено треба да постои доказ во било која форма (чет, меил, договор, ...), во спротивно правото мора да се докаже судски со вештачење.
Не сум запознат дали кај нас има некој случај со судска одлука по ова прашање. Јас сум дел од една моментално активна парница која има допирни точки со правата, а веројатно кај и да е ќе се отвори уште една токму за сопственичките права. Знам дека ќе добијам :)

Едно прашање за тебе. Ако јас наслушнам дека во моментов правиш софтвер за банкарско работење и преку фирма или директно од моја прансакциска ти префрлам 100 денари а во опис напишам надомест за изработка на бла-бла ис изворен код. Дали тоа значи дека преоѓа во моја сопственост? Немаме никаков договор, само трансакција (со која ти во случајов не си ниту запознат дека јас сум ја направил). Не мислам дека после трансакцијата софтверот е мој. Напротив, верувам во спротивното.

Плаќањето само по себе не е никаков доказ, туку само еден чекор од цел процес на кој мора да му претходат други активности (договор, фактура, испратница, понуда и сл.) кои исто така се многу битни при дефинирањето на сопственоста. Плаќањето може само да биде потврда дека претходните договори се извршени и сопственоста е пренесена а не и документ кој независно од другите, сам по себе би ја докажал истата.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Добро кажано. АМА, Не знам шо си работел досега ама по напишаново не ми личи дека имаш премногу договори потпишвано туку онака си нагаѓаш.
Е сега ова шо го пишиш има логика ако нарачателот е неписмен. Така да нарачателот обично си става клаузула дека се што си сработил им припаѓа нив и го имаш одговорот на првото прашање.
 
Не е битно дали нарачателот е неписмен, ниту колку договори јас сум потпишал, еве нека е дека немам ниту еден. Битно е да го прочиташ муабетот пред да се обидеш да одговориш или коментираш, затоа што во случајов грешиш. Првите неколку зборови, па и целиот мој одговор кажуваат за што јас пишувам ... за авторски права во случај на НЕпостоење на договор.
При постоење на договор нормално дека ситуацијата е многу подруга, и нема што да се разговара повеќе без да се види конкретниот договор и неговата содржина. Зошто, претпоставувам дека знаеш дека, се што е напишано во договор не значи и дека е валидно. Можно е да има и ништовни одредби/клаузули кои се косат со разни позитивни прописи и норми, па на крај и тие да испаднат ништовни.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Едно прашање за тебе. Ако јас наслушнам дека во моментов правиш софтвер за банкарско работење и преку фирма или директно од моја прансакциска ти префрлам 100 денари а во опис напишам надомест за изработка на бла-бла ис изворен код. Дали тоа значи дека преоѓа во моја сопственост? Немаме никаков договор, само трансакција (со која ти во случајов не си ниту запознат дека јас сум ја направил). Не мислам дека после трансакцијата софтверот е мој. Напротив, верувам во спротивното.
По оваа логика јас веднаш одам во банка и уплаќам за изворниот код на Windows.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
По оваа логика јас веднаш одам во банка и уплаќам за изворниот код на Windows.
Точно, и затоа тврдењето на „колегите“ е неиздржано. Нивното тврдење за пренос на права по автоматизам е точно само кога програмерот има засновано работен однос со работодавецот.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Не е битно дали нарачателот е неписмен, ниту колку договори јас сум потпишал, еве нека е дека немам ниту еден. Битно е да го прочиташ муабетот пред да се обидеш да одговориш или коментираш, затоа што во случајов грешиш. Првите неколку зборови, па и целиот мој одговор кажуваат за што јас пишувам ... за авторски права во случај на НЕпостоење на договор.
При постоење на договор нормално дека ситуацијата е многу подруга, и нема што да се разговара повеќе без да се види конкретниот договор и неговата содржина. Зошто, претпоставувам дека знаеш дека, се што е напишано во договор не значи и дека е валидно. Можно е да има и ништовни одредби/клаузули кои се косат со разни позитивни прописи и норми, па на крај и тие да испаднат ништовни.
Точно, никогаш не го порекнав ова. Напротив се сложвам дека е така, се дури не потпишиш ВАЛИДЕН док твој е софтверот.
Проблемот е следното. Кој би платил за софтвер без да си ги добие правата? Постојат варијации ама многу веројатно е дека клиентот ќе си бара се шо нарачал.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Точно, никогаш не го порекнав ова. Напротив се сложвам дека е така, се дури не потпишиш ВАЛИДЕН док твој е софтверот.
Проблемот е следното. Кој би платил за софтвер без да си ги добие правата? Постојат варијации ама многу веројатно е дека клиентот ќе си бара се шо нарачал.
Варијациите најчесто се јавуваат ако има варијации во цената :) Ако со код му давам производ за 100 и се откажувам од права за натамошно користење, а спротивно за 70 можно е да се сложи.
Имам до сега неколку вакви варијанти што успешно поминале. Но ниту јас не секогаш сум спремен за намалување само со цел да ги задржам правата. Треба и производот да е интересен па да можам дополнително да ќарам на него со мали преработки нели. Но, и во такви случаи пак имало дополнителни клаузули од тип дека смеам да го користам но на пример не во Македонија.
Сапак вакви случаи може да се разгледуваат само кај поголеми проекти, за нешто ситно или за обични веб сајтови не ни вреди да се дискутира нормално. Кај „ситни“ не ни разговарам, давам се без да ми бараат :)
 
шо 100 , шо 70 бе?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom