Основата е од лим од канта за сирење

го сечев со ножици за лим малку беше крут за манипулација со клешти чекан и сл бидејќи не е алумнинум и се плускавци ми искочија. Интериерот е направен од тенок картон како оној во кој се пакува храна Плазма и сл. Тапацирите се обичен А4 лист хартија офарбан со темперни а потоа скроен за ентерирот. Mенувачот и рачната се од спојувалка. Гумите се од плутена тапа обложени со внатрешна гума од велосипед поврзани со миница од пенкало

бандажите и "алуминимуските" елементи ги боев со фарба за олуци и ауспуси. Стаклата како кровот се направени од прозирна фолија за ласерски принтери. Ауспусите од цевчиња за сок, светлата исто така од прозирна фолија исфарбани со транспарентен маркер од внатре а куќиштето на светлата обложено е со алуминимуска фолија за печење во рерна

Спојувана е со обичен селотејп за пакување или со течен лепак но секаде е скриен и не се познава. На крај колата е исфарбана со темперни (ова беше утка зошто бојата кога се исуши излезе многу бледа и млечна ) а потоа ја лакирав со безбоен лак за нокти (кога го купував продавачот многу чудно ме згледаше


)