- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Хезболах одговорен за терористичкиот напад во Бургас
05.02.2013 | 19:58
Регион
Прочитано: 787
Терористичкиот напад врз автобусот со израелски туристи на аеродромот Сарафово во Бургас е дело на военото крило на Хезболах, соопштија бугарските власти објавувајќи ги официјалните резултати од истрагата.
Тие веруваат дека нападот бил изведен од терористичка ќелија составена од три лица, самиот бомбаш кој загина во нападот и уште две лица кои во Бугарија влегле со австралиски и канадски пасоши.
Се разбира дека ја истраживме целосната нивна активност на територијата на Австралија и Канада и поседуваме докази за финансирање и поврзаност со Хезболах.
По првичната истрага се чинеше дека нападот е дело на бомбаш самоубиец, но по ново откриените факти, властите се сомневаат дека бомбата била активирана со далечински управувач или самиот бомбаш ја активирал по грешка.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека со наодите од бугарската истрага станува јасно дека Хезболах е директно одговорен за грозоморното дело во Бургас. Нетанјаху ги повика европските земји да постигнат заклучок во поглед на вистинската природа на Хезболах. Групата се наоѓа на американската листа на терористички организации но не и на европската. Доколку вмешаноста на Хезболах биде потврдена тоа ќе значи дека аеродромот во Бургас е првиот успешен терористички напад на групата во Европа од средината на 80тите години на минатиот век.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 03:55 ---
http://24vesti.mk/hezbolah-odgovoren-za-teroristichkiot-napad-vo-burgas