Горе доле слично, јас истерав и физиотерапија за кичмата пред да им светне дека е друг проблем.
Инаку цигарите не се директни причинители, може да влошуваат состојба но не да го предизвикаат проблемот.
Прашај ги, или види на извештајот дали имаш дисплазија на колкови. Голем дел од народот таму ја влечка оваа мака во одредена мера (тесното повивање како бебе, треба лабаво, затоа во светот ретко кој има ваква мака, а во сите екс ЈУ земји имаш висок процент).
Ова се предизвикува од удар, рачунај може многу лесно од скок од висина особено ако си потежок, и ако имаш дисплазија целата физика работи поинаку, или може да е од трчање, ако станеш во длапка при голема брзина, дедлифт или чучањ во теретана со големи килажи.
Ако се откриело навреме не дека можело да се направи нешто повеќе во минатото, пак е оперативно, bone graft мислам прават од скоро.
Побарај да ти дадат вежби, целата филозофија е да направиш многу јак кор (стомачни) и глутеус (мускулите на газот), ако се овие силни нема да оставаат толку притисок врз колкот и болката ќе се трпи, можеби и без операција. Колковите бараат движење, само така влегува крв таму и хранливи материи, и после операцијата планирај да вежбаш и да движиш.