Аваскуларна некроза - размена на искуства, совети, препораки

Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Се што можете да ми кажете што сте преживеале, операции, интервенции кои лекари ве лечеле ве молам да напишете.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Јас имам аваскуларна некроза (или остеонекроза) на колкот во фаза 2. Имам болки при одење, затоа користам штаки. Не земам никакви лекови, не ни може многу да се помогне со лекови. Прочитав дека многу помагала електромагнетната терапија, но јас не смеам да ја применувам. Коската ми покажува знаци на ревитализација, па се надевам ќе успее да се среди без операција. Инаку има три типа на операција кои ги прават во ваков случај, кога некрозата е на колкот, едниот е декомпресија на колкот, другиот е коскен графт, а третиот, и најекстремен воедно, е замена на колк.
Бев кај Др Самарџиски, на ортопедија. Пред да отидам кај него бев кај Др Зафировски во Филип Втори и него не би го препорачала. Гледаше само да ме убеди дека мора да правам операција и тоа баш кај него. Ако те интересира нешто друго слободно пиши овде, а јас бидејќи и така сакав да отворам слична тема, ќе преведам некои информации и ќе ги пишам овде.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Дефиниција
Аваскуларна некроза (асептична остеонекроза) е изумирањето на коскеното ткиво заради слаба снабденост со крв. Остеонекрозата може да доведе до мали скршеници во коската и понатаму до колапс на коската.
Прокрвеноста на одреден дел од коската може да биде намалена или прекината доколку се скрши коската или се измести зглобот. Остеонекрозата е исто така поврзана со долготрајна употреба на високи дози на кортикостероиди (тип на лекови) или претерана конзумација на алкохол.
Најчесто зафатен зглоб е колкот. Иако може да се случи секому, најчесто се појавува кај мажи на возраст помеѓу 30 и 60 години.
Симптоми
Повеќето луѓе немаат никакви симптоми додека болеста е во рана фаза. Како што се влошува, зафатениот зглоб може да боли само при оптоварување. Понатаму, зглобот може да боли дури и при лежење.
Болката може да варира од средна до интензивна и вообичаено се развива постепено. Најчесто зафатени зглобови се колкот, рамото, коленото, зглобот на дланката и стапалата. Болката предизвикана од некроза на колкот може да биде фокусирана во пределот на препоните, бутините или задникот. Некои луѓе имаат билатерална некроза, на пример во двата колка или двете колена.
Консултација со доктор е потребна при постојана болка во било кој зглоб. Треба да побарате итна медицинска помош доколку мислите дека имате скршена коска или изместен зглоб.
Причини
Аваскуларната некроза се појавува кога дотокот на крв во коската е прекинат или намален, што може да биде предизвикано од:
  • Повреда на зглобот или коската. Трауматична повреда, како на пример дислоциран зглоб, може да го намали дотокот на крв во одреден дел од коската, што доведува до изумирање на коската. Третманите против рак, вклучувајќи го и зрачењето, може исто така да ја ослаби коската и да ги оштети крвните садови
  • Притисок во внатрешноста на коската. Некои здравствени состојби, како што е српестата анемија или Гошерова болест, може да го зголемат притисокот во коската - отежнувајќи и на крвта да навлезе во коската.
Ризик фактори
Ризикот од аваскуларна некроза може да се покачи од одредени болести, медицински третмани или претерано пиење алкохол.
Пиењето на неколку алкохолни пијалоци дневно во тек на повеќе години може да предизвика формирање на масни наслаги во крвните садови. Ова може да го намали дотокот на крв во коските. Колку е повисока конзумацијата на алкохол, толку е поголем ризикот од аваскуларна некроза.
Одредени видови на лекови исто така може да го зголемат ризикот. На пример кортикостероидите кога се земаат во високи дози во тек на подолго време, го зголемуваат ризикот од аваскуларна некроза. Како и алкохолот, тие може да го покачат нивото на масти во крвта, доведувајќи до блокада на малите крвни садови кои ги хранат коските. Докторите често препишуваат високи дози на кортикостероиди за заболувања како васкулитис и лупус. Исто така лековите против остеопороза можат да предизвикаат остеонекроза на вилицата.
Некои затскриени болести може исто така да предизвикаат остеонекроза: HIV/сида, лупус, дијабетес, српеста анемија.
Повеќе медицински процедури исто така може да бидат меѓу предизвикувачите: третмани за рак, како радијацијата, дијализа, трансплантација на бубрег или други органи.
Компликации
Доколку не е третирана, аваскуларната некроза се влошува со тек на времето. Со тек на време, коската да ослаби толку многу што ќе настане колапс. Кога коската ќе ја изгуби својата мазна форма, може да се појави тежок артритис.
Тестови и дијагноза
Во тек на прегледот, докторот притиска околу зглобот проверувајќи ја чувствителноста. Тој исто така може да го придвижи зглобот во низа позиции за да види дали е намален распонот на движење. Ќе ви бидат поставени прашања во врска со конзумацијата на алкохол, лекови и вашите претходни заболувања.
Бидејќи многу болести може да предизвикаат болка во зглобовите, најдобро е да се направи снимка на зглобот.
Рендгенското снимање ги покажува промените само кога болеста е во поразвиена фаза.
Магнетната резонанца ги покажува и раните промени на коската кои може да индицираат аваскуларна некроза.
Третман
Целта на третманот на аваскуларната некроза е да се спречи понатамошен губиток на коската. Третманот зависи од тоа колку е оштетена коската.
Лекови
Кај некои луѓе симптомите на аваскуларна некроза може да се намалат со лекови како што се:
  • Нестероидни анти-инфламаторни лекови (NSAID). Лековите како ибупрофен или напроксен може да ја намалат болката и воспалението поврзано со аваскуларната некроза
  • Лекови против остеопороза. Некои студии покажуваат дека лековите против остеопороза, како што е алендронат, може да го успорат процесот на аваскуларна некроза
  • Лекови против холестерол. Намалувањето на масти (липиди) во крвта може да да ги спречи блокадите на крвните садови кои често предизвикуваат аваскуларна некроза
  • Антикоагуланси. Доколку имате проблем со згрутчување на крвта, може да ви биде препишан антикоагуланс, како варфаринот, за да се спречи формирање на тромбови во крвните садови кои ја хранат коската
Неинвазивна терапија
Во раните фази на аваскуларна некроза вашиот доктор може да препорача:
  • Одмор. Намалувањето на тежината и притисокот на зафатената коска може да ја успори штетата од аваскуларната некроза. Може да е потребно ограничување на количината на физичка активност во тек на денот. Во случај на некроза на колкот или коленото, може да биде потребна употреба на патерици за да се тргне тежината од зглобот во тек на неколку месеца.
  • Вежби. Одредени вежби може да помогнат во зголемување на распонот на движење на зглобот. Физиотерапевтот треба да избере вежби специфични за состојбата и да го обучи пациентот како да ги прави.
  • Електромагнетна стимулација. Електричната струја може да го поттикне телото да створи нови коскени клетки кои ќе ги заменат изумрените. Електромагнетната стимуација може да се користи и во тек на операција и да се примени директно на оштетеното место или преку електроди поврзани со кожата.
Хируршки и други процедури
Бидејќи повеќето луѓе немаат симптоми сѐ додека болеста не е прилично напредната, некогаш е неопходно да се направи операција.
  • Декомпресија. Во оваа операција, хирургот отстранува дел од внатрешниот слој на коската. Покрај тоа што ја намалува болката, дополнителниот простор во внатрешноста на коската го поттикнува создавањето на здраво коскено ткиво и нови крвни садови.
  • Трансплантација на коска (графт). Оваа процедура може да помогне да се зацврсти делот на коската кој е зафатен од остеонекрозата. Графтот е дел од здрава коска кој се зема од друг дел на телото.
  • Остеотомија. Оваа процедура отстранува дел од коската над или под зглобот кој ја носи тежината за да се префрли тежината од оштетената коска. Остеотомијата овозможува да се одложи замената на зглобот.
  • Замена на зглобот. Доколку заболената коска е веќе уништена или другите опции за третман не помагаат, може да биде неопходна операција за замена на оштетените делови од зглобот со пластични или метални делови.
Превенција
Тешко е да се каже дали намалувањето на ризик факторите ќе помогне да се спречи аваскуларната некроза, но следните совети може исто така да помогнат при подобрувањето на општата здравствена состојба.
  • Ограничете го алкохолот. Претераната конзумација на алкохол е еден од најголемите ризик фактори за аваскуларна некроза.
  • Одржувајте ги ниски нивоата на холестерол. Мали парченца маснотии (липиди) се најчеста супстанца која го блокира дотокот на крв во коските.
  • Следете ја употребата на кортикостероиди. Осигурајте се дека вашиот докто знае за било каква поранешна или сегашна употреба на кортикостероиди во висока доза. Оштетувањата на коските поврзани со нив се влошуваат со повторни и чести примени на високи дози на кортикостероиди.
Еве го текстот. Се надевам ќе се јави уште некој што го има ова, да размениме искуства.
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Мене ме интересираат искуствата иначе знам што се прави и што е тоа се што не прочитав по форуми сајтови веќе се опседнав. Бев и јас кај докторот Самарџиски и ми рече да лежам јас веќе 4ти месец лежам забегав и со паметот и со телово ми скапа. Пративме документите се во Турција и докторот од таму заклучил дека треба да се прави декомпресија и графтинг и на коленото артроскопија. Самарџиски вика на коленото не му е ништо. Отидов на трети доктор ми го препорачаа многу луѓе Циривири се презива се вика Јасмин во војна болница и он сабајлево му се јавивме одкако прегледал магнетната резонанца дека ни под никој случај не би ми ставал вештачки колкови дека сум на 2ри степен на болеста и дека сака да прави декомпресија да лечи бидејки сум многу млада имам 21 година. Утре ке одам кај некој доктор во Филип 2ри не е тој што го спомнавте вие некој Александар мислам дека беше и кај Самарџиски пак не повика али не во државна него во мајчин домбидејќи болките ми се големи особено во десното колено но тоа најверојатно е рефклес од колкот десен. Одам и јас со штаки во последно време зашто ме боли многу десното колено обично со една штака зошто со две ми е тешко но овој доктор Циривири рекол дека морам со двете штаки. Бев и на тие терапии магнетни електрозвукови џабе е се не помага тоа. Читав за декомпресија дека многу малку успева и дека многу време се губи и боли и многу ме кочи тоа што е до мене ке одам нека ми стават вештачки за 6 недели си како нов но чекам на 27ми треба да одиме кај Циривири да ни објасни детално што сака да прави поточно и утре кај овие 2ца доктори да видам. Тој од Турција одпаѓа бидејќи е многу скапо 22000 евра и друго е кога имаш тука лекар блиску да одиш на контроли да те следи како ке ме контролира? Плус истите работи ги имаме тука и еве докторот Циривири се нафаќа да го прафи тој зафат или операција незнам што е. Пративме и во Црна Гора од таму рекоа па вештачки колкови. Кога ке видиш сите различно да се мрднеш. Незнам на кој да верувам што да правам сепак е моја одлука па затоа барам барем преживеано од други наши луѓе овде во Македонија макар и во странство друго е кога ке прашаш човек што искусил нешто него доктор кој нагаѓа.
Ме интересира од што добивте аваскуларна некроза и колку години имате? И дали знаете нешто за декомпресијата, бидејќи единствено што знам е дека го буши колкот ама не ми е јасно да се става некој лек внатре или што? Обично декомпресијата оди со графтирањето со земање на срж од фемурот и се става во колкот но докторов спомнал само декомпресија.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Мене ми се појави како последица на зрачење, хемотерапија и високи дози на кортикостероиди. Иначе имам 25 години, не ми е од старост и не мора да ми персираш :D
Декомпресијата се прави така што со бушилица прават дупче во зглобот и се ослободува притисок во коската. Дури не те ни сечат, преку кожата и мускулот влегуваат во зглобот. Не се става лек внатре, се очекува од самото ослободување на простор во зглобот со бушењето коската да се стимулира сама да зарасне и да создаде нови клетки и крвни садови кои ќе бидат добро прокрвени за да зарасне и околното ткиво. Опцијата што ја кажа со земање на срж за мене не е прифатлива, така што не сум ја ни разгледувала, имам читано само за обичната декомпресија. Имам и една пријателка која правеше декомпресија во Државна кај Самарџиски и беше успешна, еве веќе 5-6 години нема никаков проблем. Ако имаш болки и зглобовите ти се толку оштетени, си правиш уште поголема штета ако одиш само со една патерица. Знам колку фрустрира одењето со патерици, но неопходно е да ги користиш двете за да го растеретиш зглобот. Какви патерици користиш, обични или сублакотни?
Јас би ти препорачала ако се решиш да одиш во странство да си побараш доктор во Charitѐ.
А само на едниот колк имаш или двата ти се зафатени? И од што ти се појави?
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
И двата ми се зафатени од кортикостероиди високи дози, имам дијагноза и тоа несигурна дијагноза Лупус. Они си пишаа Лупус а дали е тоа не е проверено. Во државна на реуматологија резултатите се позитивни, а исто во државна ама на одел патофизиологија излегува негативно на лупус ама не го признаваат они си признаваат само нивни резултати ништо чудно и да прават намерно позитивно да излегува за да имаат што повеќе пациенти. И тоа ке го откриваме тек зошто греота сум да се лечам за нешто што го немам. Би одела на декомпресијата, ме израдува со тоа што на пријателката и било успешно исто и ај докторов Циривири имал успешен пациент млад како нас од Кавадарци а тоа со сржта ни јас под никој случај не би го правела ми преостанува да пробам со декомпресијата. Па не ми се оштетени толку ете и јас сум во 2ра стаза на болеста затоа и инсистира он, но незнам зашто имам толкави болки можеби бидејќи почнаа слаби болки во септември и ми рече мојата драга и мила докторка Мимоза Котевска што ми го лечи Лупусот дека ми е лигамент. Она воопшто не требаше да се меша и да ме прати на ортопед па он да каже што е. И така мислејки дека е лигамент си продужив да си тренирам фитнес со болки послаби и не се прибирав дома зошто и таква сум само одам шетам дома никако. Тоа го правев до средината на Јануари и тоа се 4 и пол месеци да не кажам акање од земја можеби затоа и имам болки. Потоа докторот Самарџиски ми рече одмарај 2 месеци и искрено не од што одмарав малце си подшетнував али тоа беше еднаш неделно и тоа со кола до местото и од местото до дома онака на кафе за да не полудам дома ама без штаки. Потоа отидов со нова магнетна и ми рече уште 2 месеци е тогаш тек почнав малце да слушам и еве сега месец и пол можам да кажам сигурно дека не сум мрднала и се што одам е до веце и до двор и низ куќа последно време со патерици. Мајка ми у меѓувреме отиде со скен кај Самарџиски и пак и рече минимум 4 месеци да одмарам и не ми е јасно што сака да постигне со тоа. И му се јави дека сум у болки и еве утре ке одиме да видиме дали ке предложи нешто. А за во странство не верувам сакам доктор кој ке ме следи искрено не сум ни спремна материјално. Јас се што сакав и запнав да биде што побрзо моево закрепнување со вештачки колкови но гледам дека избрзувам и ке подразмислам малце можеби ке си ги спасам колковите барем едниот ако не.
Ме интересира тебе дали ти рекоа да лежиш само ништо не ти кажаа што ке ти прават зашто како? И дали имаш болки? И од кога почна сето тоа?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Операцијата за замена на колкови и не е така едноставна процедура. Сепак е сечење и вадење на коска, па како телото ќе го прифати тоа, после бара долго опоравување, значи не се само тие 6 недели што ги пиша туку реално е многу подолго. Тоа е најдрастична операција и докторите прават сѐ што можат да ја одложат, а не што побрзо да се направи.
Мене Самарџиски ми рече што помалку да се движам, ама не да лежам цело време. И секогаш, ама секогаш, дури и до вц и низ дома да одам со патериците, јас го послушав, веднаш ги земав и ги користам за секаде. Инаку шетам, ама не премногу, секаде со кола одам иако прилично ми е мачно влегувањето и излегувањето од кола. Ми почна во почетокот на март, ама не бев во Македонија и отидов на магнетна во средината на април. Патериците ги користам скоро три недели, за две треба да одам на контрола и да видам што понатаму.
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Па добро сакав да кажам за 6 недели почнуваш да одиш полека полека не дека ке трчаш али за 3 месеци мислам дека како нов си се ке си правиш како порано а болката се губи во колковите веднаш само од операцијата раната може да се има болка. Истото и мене ми го рече како тебе што ти го рекол али зошто мене ме ослободија од факултет (и онака до факултет ми дошло животот е пред мене ке го учам нека се среди ова ) и повеќето лежам немам ни кај да одам, лежам седам малце се движам и нема промени од снимањето во декември при крајот до сега поради одморот ама најверојатно поради 4 месеци одмарање веќе ке треба да се превзима нешто.
Да не знаеш пријателката дали одмарала и после колку време и направил Самарџиски декомпресија?
Гледам дека веруваш у Самарџиски.. ама условите во болницата се катастрофални во војна се подобри и Циривири е исто добар како Самарџиски така да ако би одлучила би правела во воена многу добри се условите и има и апартмани за 2ца ако замолиш ке те стават фала богу поубаво е него да слушаш крчење и викање 24 часа од бабите. Јас сум многу нервозен човек така да мислам дека ке замолам :D .
Ке пишам утре што ми кажал Самарџиски и докторот од Филип Втори.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
AlternativeF
Ич не си згрешила што си отишла кај Самарџиски,многу добар доктор и воедни о човек.
Извини за офтопикот,ама морав да го пофалам :)
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Супер си е он ама изгледа кога се работи за подоцни стази од оваа болест не се разбира баш. Го отфрлив неговото мислење, ке се лечам кај Циривири он е многу подобар доктор од него и посериозен додека Самарџиски се зеза не сфаќа сериозно а за Циривири немам зборови кај него нема трте мрте сериозно ги сфаќа работите и кажа дека има спас ке пробаме. А Самарџиски вчера бев кај него во рок од 20 мин што не изнакажа сам се избуни прво ова па она е сеа уствари не не неможело тоа касно било не испобуни. Не викам дека е не е добар ама ете можеби за оваа работа поточно оваа болест не е добар баш.
Најлошо е кај секоја болест изминувањето на време дури те мотаат лево десно и откријат што ти е. Ние среќа имавме познати по ова ренгениве и магнетниве резонанци па за 1 недела ни закажуваа некои и за неколку дена а инаку се чека по 3 месеци. Кај имам јас да чекам 3 месеци во мојава болест? И така си користат приватните една магнетна резонанца е 9000 денари. Кога ти е зорт што ке правиш ке дадеш 9000.
Сепак мислам дека треба да се проба лечење колку сме помлади толку повеќе шанси нели, ке ја соберам целата позитивност што можам и ке верувам дека ке биде зошто сепак ако ти не си помогнеш кој ке ти помогне позитивноста има и тоа како голема улога во опоравувањето :)
 
B

babsyy

Гостин
Админка ти посакувам се' најдобро и успешно лекување. Доколку ти треба било каква ургенција за било што околу ова, особено кај Циривири, иако е доста коректен и не би требало да имаш проблеми, слободно пиши ми. :)
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Ти благодарам babsyy, а за Циривири и јас мислам дека е коректен. :)
 
Член од
4 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
2
Дали некој правевте декомпресија на колк и како поминавте? Јас треба да одам кај д-р Камнар во државна, ми кажа што поскоро декомпресија, дали имате некое мислење за него како ортопед хирург?
 
Член од
12 мај 2013
Мислења
28
Поени од реакции
12
Јас правев и еве на 18ти сум на последен преглед за да видиме дали почнала сржта да се регенерира. Немој во државна, во 8ми септември ке одиш кај доктор Циривири се ке ти каже искрено во државна сите се за нигде. Најдобар доктор е Јасмин Циривири и многу внимава а не е како другите. Која стаза ти е аваскуларната некроза и само на еден колк имаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom