Абортус - право на избор или убиство?
12.01.2009 19:37
Право на избор или убиство? Со постери низ градот невладини организации бараат абортусот да забрани. Повторно се отвори темата за оправданоста на абортусот.
За едни прекинот на бременоста е еднаква на убиство на дете, додека другите сметаат дека жената има право да одлучи доколку не сака да не го раѓа своето дете.
„Начинот на легален абортус е и право и избор на жената, кое и е и загарантирано право и со Универзалната декларација“
Против абортусот отворено зборува професорот Ферид Мухиќ. Според него, од зачнувањето детето почнува да биде дете.
„Не се абортира спермата, се абортира веќе детето кое почнува од првиот ден да биде дете. Јас не знам дека некоја жена родила жирафа. Нема фаза во која тоа дете ќе стане нешто друго, освен дете и секој од нас што е жив денес бил низ сите тие фази од првиот ден до деветтиот месец“, изјави вчера во интервју за А1 Ферид Мухиќ.
И граѓаните со поделени ставови на оваа тема.
„Убиство е и ако не може да го храни утре и да го издржува, па да го фрли во контејнер. Тоа е право на секој човек да одлучи. Право на избор“, велат жителите на Скопје.
„Против сум многу“, рече скопјанка.
Гинеколозите се на ставот дека абортусот има своја оправданост. Од една страна, жената има законско право до 9-тата недела сама да реши дали сака да ја продолжи или прекине бременоста.
Од друга страна, со забраната на абортусот ќе се направи поголем проблем.
„Кај кого ќе забраниш како било што друго? Алкохол да забраниш - се појавува на црно, цигари да забраниш - се појавуваат на црно. Ќе се направи еден сив пазар. Нема да биде во болничка установа, ќе биде во некој измислени, не добро опремени амбуланти и што е најтрагично, нема нигде да се евидентира, така што тој процент утре-задутре во било која установа каква што нема дозвола за абортус, нема да добие никаков писмен документ“, изјави
Во 2006. во земјава направени се над 6.000 абортуси. Дел од жените и девојчињата прекин на бременоста ја прават во диви ординации.
Во Европа абортусот до 10. недела е дозволен секаде освен во Ирска.
Извор:
www.a1.com.mk