АТЕИЗАМ - з`ш море?

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Значи да почнеме постапно..

До сега се изначитав на низа глупости искажани во подфорумот Религија, најмногу значи 90% искажани од луѓе кои што се прават верници, цитирајќи псалми, извадици и преписи од верски книги, а се со цел да дадат некој „свој“ допринос кон објективната стварност. Меѓу тоа објаснување некако цело време се провлекува расправата за тоа атеисти, атеизам, атеистички, небаре станува збор за некоја секта!

Од друга страна па тоа и не ме чуди, затоа што добив впечаток дека оние луѓе што во време на инквизицијата имале поразлично мислење од христијанската црква, биле прогласувани за еретици, отпадници, вештери и вештерки, а биле „наградени“ со измачување и смрт. Нејсе, по ова ме интересира како кај другите религии биле третирани таквите луѓе?

Во секој случај, не сакам да ја терам темава кон религијата и побожноста, иако атеизмот во суштина е го содржи тој збор - ТЕИЗАМ, па според тоа, повеќе ме интересира онаа етимолошко-филозофска нишка на самиот збор. Зошто? Затоа што сметам дека е смешно човека да го етикетираш со некаков назив само заради тоа што дели поголем дел на ставови со одредена група (оттука е навистина апсурден и моментот каде што во многубројните дебати помеѓу „Атеистите“ и „Верниците - условно земено“ не сум забележал овие првите да се обратат кон овие вторите со некаква кованица за да ги „покажат со прст“ како некое зло, додека пак овие вториве во тоа не се штедат). Замислете како би било да оние што знаат се за А.Ајнштајн да ги нарекуваме Ајнштајнисти (Ајнштајнизам), а оние што го застапуваат И.Њутн - Њутнисти (Њутнизам).

Каква „зафрканција“ би било следново, „Се среќаваат двајца другари и едниот му вели на другиот: -Ти беше тој атеистот? А овој другиот му вели: - Атеист, каков, атеист? - А да, значи ти си тој!- рекол вториот.

Еднаш мислам дека го постирав овој клип, но еве го пак, со цел да се дообјаснат нештата за кои што би сакал да поразговараме:

Исто така, како предлог, би сакал да го погледнете филмот Агора http://www.imdb.com/title/tt1186830/ , не затоа што зборува за почетоците на христијанството, поточно во стар Египет под Римска власт, под водство на императорот Флавиј Август, туку да ја погледнете приказната на младата „професорка“ во Александриската библиотека, Хипатија, играна од Рејчел Вајс. Нејзиниот однос кон студентите, како и кон она што го работи има огромна врска со темава на разговор, поготово што филмот е според вистинска приказна.

Оттука, сметам дека оној кого го нарекуваат атеист, во суштина нема ни самиот причина да се нарече како таков (накрај краева 99% од тие луѓе не се ни нарекуваат така). Бидејќи ако ја следиме таа логика, тогаш испаѓа дека дури и оние што се приврзани и веруват кон определена религија воопшто не треба да посетуваат основно, средно и високо образование - според таа логика, тие се „дувлото на атеизмот“.

Но, да не забегувам со конфронтација на поими, пред се од религиска гледна точка, да сублимирам со неколку прашања:

1. Што е идеологија?
2. Дали атеизмот е идеологија?
3. Што значи атеизам?
4. Што значи да си агностик?
5. Зошто луѓето веруваат?
6. Во што луѓето веруваат?
7. Што претставува јазикот од лингвистичка гледна точка?
8. Од каде потекнуваат следниве зборови, религија, верба, доверба, вистина, факт, фикција, атеист, агностик - што означувале тие?
9. Што е наука?
10. Што е реално, а што нереално?
11. Како перцепираме и со што?
12. Како разликуваме интуиција и емоција од разум и рационалност?
13. Што е осет, а што чувство?

За сеа, овие прашања ми паднаа на ум, ако имате нешто да додавате, додавајте слободно, не мора мене да ми се обраќате едноставно пишувајте како ве тера алот....

Од мене толку...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
На многу од овие прашања одговорите ќе зависат од перспективата на соговорникот. Говорам за информирана перспектива, не само за „ја мислам така“ набадања.

На прашањето 5 имаш недоброј одговори и сите се валидни. Ако сакаме да бидеме толерантни.

На прашањето 7 има барем дузина одговори (сите од лингвисти) кои јазикот го анализираат од специфична лингвистичка перспектива -- како најсофистициран комуникациски систем, како пројава на идентитет, како базичен антрополошки атрибут, како биолошки енкодирана способност типична само за хомо сапиенс која не се учи (мајчин јазик) ами се стекнува преку имерзија во одредена јазична заедница, како едновремено инструмент и објект на социо-културните матрици кои оперираат во една јазична заедница...има уште многу.

Прашање 10 -- многу е заебано. Бројот на контекстите е речиси бескраен, па оттаму дихотомијата реалност-фикција станува замаглен простор, а не реска дистинкција.

Прашањето 13 би го проширил со: а што е емоција, а што филинг?

Многу крупни прашања си наредил. Да додадеше и What's the meaning of life?, да се комплетира листава.
 
Д

Данлош Чехонте

Гостин
Се извинувам за офтопиков али онде атеизам овде атеизам онаму атеизам ваму атеизам дрн дрн ... и попојте што имаат јузер на форумов че ги напрајте да фрлат мантијата ... дај симнете еуфоријава пиплс. Јас 7 денови кај шо сум, ништо не прочитав асално, све атеисти, амн бе ко у мода да е.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
2. Атеизмот повеќе е реакција кон одредена идеологија, идеологијата има прецизно поставени норми и правила, што не е случај кај атеизмот.
3. Атеизам значи отфрлање на цровните (и сите други религиозни) догми. ТОЛКУ.
4. Веќе го имам одговорено ова на други теми. Ако си агностик не значли дека не си атеист или верник. Агностик не е трета опција. Трета опција не постои. Дали си агностик или не се гледа според прашањето ‘Дали знаеш дека Господ постои?‘. А дали си атеист или верник се одговара со прашањето ‘Дали веруваш дека Господ постои?‘. Не може некој да каже дека не знае дали верува во Господ или не. Затоа постојат атеисти агностици и верници агностици.
5. Ако зборуваш за почетоците на религиите (политеизам). Тогаш одговорот е страв од непознатото. Во денешни времиња тоа не би бил соодветен одговор. Прашањево нема едноставен одговор, но јас сепак мислам дека човековата психа повеќе сака слатка лага отколку горчлива вистина.
6. Ретко кога луѓето избираат во што да веруваат. Изборот на религија им е наметнат.
9. Науката е непрестајниот човечки напор да го сфати светот околу него.
11. Сетила.
12. Нема потреба да ги разликуваме. Сите четири доаѓаат од исто место, мозокот.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Се извинувам за офтопиков али онде атеизам овде атеизам онаму атеизам ваму атеизам дрн дрн ... и попојте што имаат јузер на форумов че ги напрајте да фрлат мантијата ... дај симнете еуфоријава пиплс. Јас 7 денови кај шо сум, ништо не прочитав асално, све атеисти, амн бе ко у мода да е.
Во право си, но како што рече самиот - не го сфаќај ова толку еуфорично, затоа што и не се ни обидувам да наметнам еуфорија. Ако прочита од прашањата што ги поставив, поише од пола не се однесуваат на атеизам.. Мислам токму твојава реакција, која е оправдана, оди во прилог на прашањата што ги поставив погоре...
 
Не реков дека ти се обидуваш да наметниш еуфорија туку на форумов тоа станува застапено у најголема рака. Све атеизам, све прашања за нив све напади кон нив. Ја не ги бранам ниту ги кривам ама ова претерано е друже.
Човечката психа доведува до самата помисла на читањето „атеизам“ да ја осети еуфоријата. Да не е шема на кајгана атеизмот? Нека се даде дознаење од администраторот дека е „модерно“ ќе има многу заинтересирани.
Не си свесен колку неконтролирано алтер-его имаат кајганџииве.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Човечката психа доведува до самата помисла на читањето „атеизам“ да ја осети еуфоријата.
Не си свесен колку неконтролирано алтер-его имаат кајганџииве.
И во право си дека човечката психа доведува до таква помисла.. Но еве зошто?

А ова со алте егово брат..ќути, шо да кажам,..., него дури и слободно можам да кажам дека токму тоа алтер-его преоѓа во шизофренија..
 
Па гледај ти секој час реклама од некоја забаталена марка за патики, ќе ти стане еуфорична без разлика на тоа дали е квалитет или вон-квалитет ... (просто и едноставно) :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Се извинувам за офтопиков али онде атеизам овде атеизам онаму атеизам ваму атеизам дрн дрн ... и попојте што имаат јузер на форумов че ги напрајте да фрлат мантијата ... дај симнете еуфоријава пиплс. Јас 7 денови кај шо сум, ништо не прочитав асално, све атеисти, амн бе ко у мода да е.
па поповите радо би ја фрлиле мантијата доколку истата таа мантија не им носеше профит и моќ а колку се истите попови побожни тоа е доста дискутабилно
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
13. Што е осет, а што чувство?
Осет е нервниот импулс кој оди од главицата на пенисот преку рбетот, во сензорниот дел на мозокот. кога истата ја ставиш во адекватна, анатомски прилагодена дупка. Чувство (емоција) е резултат на претходно споменатиот импулс кој настанува кога еден дел од мозокот го снабдува твојот центар за уживање со допамин.
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Ние и се околу нас сме Универзумот и енергијата која му дава живот. Едно е што мисли индивидуалецот, а друго е што навистина сме.

Човечкото суштество конкретно, користи енергија за да функционира, после смртта таа енергија се трансформира и се "користи" за сосема друг, или сосема ист процес, во зависност од потребата на космосот и цела хармонија.
Но, додека функционираме како луѓе, повеќето од нас имаат потреба да фантазираат/размислуваат/веруваат дека сме нешто повеќе, и дека сме центарот на тој Универзум.

Колку порано сфатиме дека нашето време е кратко и, нашето постоење вистински необјасниво, толку поубаво ќе живееме и толку по хармонични ќе бидат сите процеси кои се одвиваат во нас, ама длабоко во нас, и само за кои и сме создадени.
Колективната свест е онаа која не зависи од просторот и времето, а која ја гради нашата потсвест, која најголемиот дел од човештвото незнае да ја контролира, ниту пак да ја користи свеста.

Поради тешкотијата да се допре до оваа внатрешност, живееме во ова денешно општество. Утопијата е далеку, но не и недостижна.
 
Не си ми јасен другар....

1. Како тоа ние сме Универзумот и енергијата која му дава живот? Во која смисла тоа, буквална или преносна?

2. Велиш, едно е што мисли индивидуалецот, а друго навистина што сме.. Епа тогаш, од каде тие заклучоци како функционираме, дека сме вечна перпетум мобиле енергија? Сигурен ли си дека тоа е така, тоа е твое лично индивидуално мислење или навистина е така?

3. Чекај стој! - Како па сега е вистински необјасниво нашето постоење?

4. Што е колективна свест, што е свест, а што потсвест?

5. Каква врска има ова погоре со темата?

Иначе се слагам, утопијата е далеку, но не е и недостижна...
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Агностик верува дека има некое чудо (Бог) што го води животот но не според религиските поимања, и не верува дека тоа чудо може рационално да се објасни.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
U moda e pozerski verski ritualizam a ne ateizam. Ateizmot ima svoj moral no nego ne go izveduva od dogma i ritual tuku od socuvstvo, humanost solidarnost. Inaku ateizmot e pomoralen od teologijata poglednete samo koi humanisticki ideologii vo praksa pokazaa poveke humanost i solidarnost otkolku licemerite na vernicite koi pazi em veznici bile em gresnici.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom