MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Значи да почнеме постапно..
До сега се изначитав на низа глупости искажани во подфорумот Религија, најмногу значи 90% искажани од луѓе кои што се прават верници, цитирајќи псалми, извадици и преписи од верски книги, а се со цел да дадат некој „свој“ допринос кон објективната стварност. Меѓу тоа објаснување некако цело време се провлекува расправата за тоа атеисти, атеизам, атеистички, небаре станува збор за некоја секта!
Од друга страна па тоа и не ме чуди, затоа што добив впечаток дека оние луѓе што во време на инквизицијата имале поразлично мислење од христијанската црква, биле прогласувани за еретици, отпадници, вештери и вештерки, а биле „наградени“ со измачување и смрт. Нејсе, по ова ме интересира како кај другите религии биле третирани таквите луѓе?
Во секој случај, не сакам да ја терам темава кон религијата и побожноста, иако атеизмот во суштина е го содржи тој збор - ТЕИЗАМ, па според тоа, повеќе ме интересира онаа етимолошко-филозофска нишка на самиот збор. Зошто? Затоа што сметам дека е смешно човека да го етикетираш со некаков назив само заради тоа што дели поголем дел на ставови со одредена група (оттука е навистина апсурден и моментот каде што во многубројните дебати помеѓу „Атеистите“ и „Верниците - условно земено“ не сум забележал овие првите да се обратат кон овие вторите со некаква кованица за да ги „покажат со прст“ како некое зло, додека пак овие вториве во тоа не се штедат). Замислете како би било да оние што знаат се за А.Ајнштајн да ги нарекуваме Ајнштајнисти (Ајнштајнизам), а оние што го застапуваат И.Њутн - Њутнисти (Њутнизам).
Каква „зафрканција“ би било следново, „Се среќаваат двајца другари и едниот му вели на другиот: -Ти беше тој атеистот? А овој другиот му вели: - Атеист, каков, атеист? - А да, значи ти си тој!- рекол вториот.
Еднаш мислам дека го постирав овој клип, но еве го пак, со цел да се дообјаснат нештата за кои што би сакал да поразговараме:
Исто така, како предлог, би сакал да го погледнете филмот Агора http://www.imdb.com/title/tt1186830/ , не затоа што зборува за почетоците на христијанството, поточно во стар Египет под Римска власт, под водство на императорот Флавиј Август, туку да ја погледнете приказната на младата „професорка“ во Александриската библиотека, Хипатија, играна од Рејчел Вајс. Нејзиниот однос кон студентите, како и кон она што го работи има огромна врска со темава на разговор, поготово што филмот е според вистинска приказна.
Оттука, сметам дека оној кого го нарекуваат атеист, во суштина нема ни самиот причина да се нарече како таков (накрај краева 99% од тие луѓе не се ни нарекуваат така). Бидејќи ако ја следиме таа логика, тогаш испаѓа дека дури и оние што се приврзани и веруват кон определена религија воопшто не треба да посетуваат основно, средно и високо образование - според таа логика, тие се „дувлото на атеизмот“.
Но, да не забегувам со конфронтација на поими, пред се од религиска гледна точка, да сублимирам со неколку прашања:
1. Што е идеологија?
2. Дали атеизмот е идеологија?
3. Што значи атеизам?
4. Што значи да си агностик?
5. Зошто луѓето веруваат?
6. Во што луѓето веруваат?
7. Што претставува јазикот од лингвистичка гледна точка?
8. Од каде потекнуваат следниве зборови, религија, верба, доверба, вистина, факт, фикција, атеист, агностик - што означувале тие?
9. Што е наука?
10. Што е реално, а што нереално?
11. Како перцепираме и со што?
12. Како разликуваме интуиција и емоција од разум и рационалност?
13. Што е осет, а што чувство?
За сеа, овие прашања ми паднаа на ум, ако имате нешто да додавате, додавајте слободно, не мора мене да ми се обраќате едноставно пишувајте како ве тера алот....
Од мене толку...