АСНОМ

Член од
1 март 2012
Мислења
53
Поени од реакции
10
Колку што јас видов нема ваква тема.Ова е многу важен дел за историјата на Македонија,можеби еден од најважните. Па постирајте го овде сето она што го знаете во врска со АСНОМ и некои книги во врска со него :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Добро или не добро баш вака што се почнува темава.

Сега бар како второ, нека биде говорот на отварањето на АСНОМ од Панко Брашнаров од првото заседание.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
АСНОМ - прво заседание на Илинден, 2 август 1944 год. Прохор Пчински
АСНОМ - прво вонредно собрание 28.декември 1944 год. Скопје
АСНОМ - второ вонредно собрание 14 април 1945 год. Скопје

Прво вонредно собрание на АСНОМ - познато и под името
второ заседание на АСНОМ.
Интересен е податокот на лицата кои држеле говори на ова собрание.
Сега овде ќе се задржам на дел од говорот на Едвард Кардељ.

...„Окупатор је отеран с македонске земље у Југославију-( 1 ), и ви сада започињете рад на обнови земље и на изградњу македонске државности.
За читав македонски народ отварају се нове перспективе среќније будучности...( 2 )
1. (дали овде сакал да каже дека има и други македонски земји. )
2. ( но веднаш, грешка времето ќе покаже не за цел македонски народ )
..
...Држим да македонски народ остварује своју националну независност и своју државност под тежим условима него иједан други народ у Југославији.
Македонски народ има поред Немаца, много непријатеља, који активно раде на његовом поновом поробљавању. Ти непријатели су великобугарски,великосрпски, грчки и великоалбански шовинисти, који раде на цепању Македоније и на нењој подели. То су,даље,разни људи и групе у иностранству који помажу непријатеље македонског народа, који знају да слободна и равноправна Македонија на Балкану значи важан фактор мира и јединства на овом полуострову,где је игра империјалистичких великих сила у прошлост имала тако кобне последице за балканске народе,и који,баш због тога,не желе слободну Македонију.Треба бацити само један површан поглед на карту,па да се види сва важност геополитичког положаја Македоније,а истовремено и све опасности које из тога произлазе за македонски народ.“

Говорот има неколку страници,и е доста „интересен“
го пренесов во оригинал на тој јазик на кој е одржан.(службен)
во тоа време на одржување на заседанието Македонија била ослободена но Југославија Не,Допрва престоеле најтешките борби
за нејзино конечно ослободување во кое зеле учество и наши единици.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Говорот има неколку страници,и е доста „интересен“
го пренесов во оригинал на тој јазик на кој е одржан.(службен)
во тоа време на одржување на заседанието Македонија била ослободена но Југославија Не,Допрва престоеле најтешките борби
за нејзино конечно ослободување во кое зеле учество и наши единици.
Може линк?
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Anco, знам дека ги препишуваш цитатите од книги што е одлично, ама ако се сеќаваш еднаш се договоривме секогаш кога го правиш тоа под самиот цитат, на нов ред наведи по овој редослед:

АВТОР (полно име и презиме), НАСЛОВ, ЧИЕ ИЗДАНИЕ, ГОДИНА, БРОЈ НА СТРАНА

за да може сите да знаат од каде е и чиј е цитатот. ;)

Инаку говорот на Кардељ е пообемен, исто говор одржал и Темпо. Генерално се смета дека фактички македонската државност е во состојба на буквална независност и телата на АСНОМ помеѓу историското прво и ова прво-вонредно заседание (како што убаво си навел погоре) донесуваат во голема мера самостојни одлуки без големи консултации со Тито и врвот на КПЈ. Затоа е всушност и испратен така висок кадар како Кардељ, со цел да го сосече тој наплив на македонштина.

Ајде ќе дојдеме и до тоа, да наведеме прво некои основни работи околу организацијата и случувањето на првото заседание, па да одиме и понатаму.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Mислам за првото заседание на АСНОМ,сме чуле, учеле нешто и прочитале и поради тоа и пошироката јавност е запознаена.Помалку е познато дека има и уште две заседанија на АСНОМ, па затоа јас почнав од ова „второво“, a и текстот-говорот ми беше интересен.

Книгата од која го препишав ја купив вчера (јас нејќам да го читам Кардељ, ама во содржината го видов овој текст и тоа ме интересира)

„Место слободне и рамноправне Македоније у новој Југославији“стр459-465
Едвард Кардељ „ Пут нове Југославије 1941- 1945 “ Култура-1949 год. (штампарија Београд 25.02.1949 год. друго издање)

Jас за Асном имав повеќе книги,како и за цела НОВ, но во оние во кој е споменуван Панко Б. а тоа се најповеќе за тоа заседание во Прохор Пчински, ги отуѓив на некој негов потомок пред многу години. Затоа за тоа заседание вие ќе помогнете, за да прочитаат заинтерисаните за оваа тема. Јас не поседувам повеќе можности, што се вели самоук историчар.

Сега ќе наведам скратено: Хронологија на сите заседанија на АСНОМ

- 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчински“
Се одржа Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ)

- 18 ноември 1944 година - Скопје
Во Скопје пристигнаа членовите на Президиумот на АСНОМ, Главниот штаб на НОВ и ПОМ, централниот комитет на ЦК КПМ и др. и на 12 декември 1944 година на 14 седница на Президиумот на АСНОМ беше донесена одлука да се свика Второ вонредно заседание на АСНОМ и да се одржи во Скопје.

28 декември 1944 започна со работа Второто вонредно собрание на АСНОМ
Покрај пратениците присуствуваа и:
Димитар Влахов, подпрецедател на АВНОЈ
Светозар Вукмановиќ - Темпо (генерал)
Едвард Кардељ- потпрецедател на Националниот комитет на Југослав.
Добри Трпешев, прецедател на Отечествениот фронт на Бугарија
Американскиот мајор Дикинсон
Советскиот мајор Инков
Британскиот мајор Милер
Прецедателот на собранието на Србија
Прецедател на собранието на Црна Гора

На 14-16 април 1945 година се одржа Третото заседание на АСНОМ
тоа е (второ вонредно заседание на АСНОМ). Заседанието го отвори Прецедателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов - Ченто (ова го нема во книгата, додадено од мене). Тука-тогаш беше донесен Закон за изменување на името АСНОМ во Народно Собрание на Македонија.

Првата влада на Федеративна Pепублика Македонија
Лазар Колишевски - прецедател
Љупчо Арсов -------- ---прв потпрецедател
Абдураман Мехмед----втор потпрецедател
Киро Петрушев----------министер за внатрешни работи
Никола Минчев----------министер за просвета
д-р Павел Шатев--------министер за правосудство
Страхил Гигов-----------министер за индустрија и рударство
Тоде Ношпал-------------министер за трговија и снабдување
Богоја Фотев--------------министер за земјоделие и шумарство
д-рВукашин Попадиќ---министер за народно здравје
Неджад Аголи------------министер за социјална политика
инж.Георги Василев----министер за градежништво
-------------------------------------------------------------------------------------

Преземано од: „СКОПЈЕ ВО НОВ 1943-1945“ ГО на СЗБ од НОВ, книгата има 752 страници и името на Ченто не е спомнато, освен само еднаш,и тоа не во контекс со АСНОМ - 1,2, и 3, туку случајно и тоа без да се назначи за кого се работи т.с.без „Ченто“

Додека во истата книга ги има на по двасетина страници имињата на Светозар Вукмановиќ- Темпо и Лазар Колишевски, е ама ова е подготвено и печатено во 1981 година а тогаш Лазе беше жив.

Затоа понекогаш ги купувам избледените книги печатени 1945-1949 год.
и да дојдам до некоја каква - таква повистина.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Архив на Скопје - Митре Инадески
Хронологија на Скопје - 1939-1945 г.
Скопје 1974 г. - книга втора стр. 198

-----------

29 декември 1944 година

"По тродневна работа заврши Второто заседание на АСНОМ на кое беше избран нов Президиум од 35 членови. За председател беше повторно избран Методи Антонов-Ченто, за потпретседатели Лазар Колишевски и Неџат Аголи,а за секретари д-р Борис Спиров и Епаминонда Поп Андонов."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom