- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.381
- Поени од реакции
- 18.522
Кај нас е државата посоцијална, ама дали е подобар тој начин не можам да одлучам. Ние имаме ефтино образование пример, меѓутоа истото е неквалитетен. Таа нееднаквост нема да ја осетиш дур студираш, ама ќе ја осетиш кога прв пат ќе бараш работа. Исто и со здравстово. Ефтино е, меѓутоа истото не вреди ништо и на крај пак богатите ќе си се лечат на приватно. Нема бегање од социјалниот сталеж.Така е, се согласувам. Кај нас може 90%+ од семејствата да си дозволат студирање во Скопје, на најдобрите наши факултети. Студентски дом(каков таков т.е. никаков) е бесплатен за студентите од загрозените семејства, бесплатна храна и бесплатен превоз. Што значи дури и со минимален буџет може да се истурка(иако мизерно!) студентски живот.
Тоа го нема во САД, системот е аристократски, факултетите кои вредат најмногу луѓето не можат да си ги дозволат, студентите земаат кредити кои ги плаќаат во рок од 10-20 години после завршеток на студиите. Бесплатно здравство нема, судските постпаки се многу поскапи сразмерно со примањата од кај нас и З.Европа.
Кај одат парите во земјата која се смета меѓу најразвиените, доларот е светска валута и е пример за слобода? Еве да ти одговорам одат во воен буџет за да изиграваат светски џандари и одат во субвенции на корпорациите чим малку влезат во рецесија. Државата е антипод на Робин Худ, и баш затоа народот е гневен и на протести од ваков тип повеќето се белци отколку црнци. На народот му е преку таквото да работи по 2 работи за да закрпи крај со крај и за да пола од него нема заштеда за да си дозволи најобична операција на заб, додека шака луѓе се богатат на нивен грб.
Америка праи трејд, ги има најдобрите факултети и најдобрите болници меѓутоа истите се недостапни за целата популација. Инаку најголем дел од средната класа го сака овој систем бидејки може да си го дозволи. Доколку ги поделат трошоците со посиромашните, здравството ќе биде послабо ама посиромашните ќе бидат позадоволни. Американците тераат вака зашто во пракса капиталистичкиот систем се покажа доста добар кај нив. И богатите беа побогати, и сиромашните беа побогати. Едноставно првин треба човекот да се смени, па после системот.Инаку видовме комунистичките земји како пројдоа.