Џингис-хан - Александар 40-12

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Џингис-хан - Александар 40-12

Монголија го слави својот херој со многу поголеми статуи и со повеќе именувања јавни објекти според него, отколку што тоа ние го правиме со славниот антички војсководец

Македонија не само што не е единствена во светот со процесот на величање на своето славно минато (често нарекуван антиквизација) туку во тоа можеби ќе мора да се задоволи само со второто место, со оглед на сериозната конкуренција што и доаѓа од Монголија.

Многу процеси што се одвиваат во таа централноазиска држава, позната како татковина на најголемиот освојувач Џингис-хан, потсетуваат на случувањата кај нас. По повеќедецениското комунистичко владеење, во кое Монголците морале да се воздржуваат од величањето на својот херој, од пред неколку години се впуштија во силна кампања за повторно освојување на светот со промоцијата на тој лик. Кај нас воздржувањето од идентификацијата со Александар Македонски беше поради комунизмот и за да не ги лутиме Грците, но сé се смени пред половина деценија.

Така, авионите во престолнината Улан Батор слетуваат на аеродромот „Џингис-хан“, исто како што тие во Скопје се приземјуваат на „Александар Велики“. Во Монголија сега може да се студира на универзитетот „Џингис-хан“, да се престојува во истоимениот хотел, да се купат вотка, енергетски пијалак или цигари со неговото име, а сето тоа да се плати со пари на кои е отпечатен ликот на ханот.

Македонија овде малку заостанува. Имаме хотел што се вика „Александар палас“, иако официјално не му е посветен на античкиот војсководец, но наместо на универзитет, неговото име го ставивме на автопат, а го нема многу ни на полиците на супермаркетите. Освен во именувањето на некои вина, според него или неговиот коњ.

Но заостанувањето е многу големо ако се споредат статуите на втората најголема империја во светот (Џингис) и на 24-тата (Александар). Монголскиот хан качен на коњ се извишува 40 метри, во внатрешноста има и лифтови со кои може да се стигне до коњската глава, а е поставен врз основа висока 10 метри, направена како зграда.

Според тоа, Александровата статуа од 12 метри, планирана на плоштадот „Македонија“, заедно со десетметарскиот постамент со фонтана, може да го достигне само коленото на Џингисовиот коњ.

Претекнати сме и во брзината. Нивната статуа е готова од лани, нашата ќе се прави уште една година.

Можеме да се тешиме само со тоа дека ги претекнавме Монголците во трошокот. За нивната скулптура од нерѓосувачки челик, заедно со внатрешната опрема и со целосното уредување на зградата-постамент, се потрошени 4,1 милиони долари, пренесува „Њујорк тајмс“ во статијата насловена „Џингис-хан повторно владее со Монголија, во пиар-кампања“. Само леењето на Александар во бронза, кое се прави во леарницата „Фернандо Маринели“ во Фиренца, чини 4,5 милиони евра или 6,4 милиони долари, како што соопшти пред некој месец градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ. Вкупните трошоци, кои ја вклучуваат и фонтаната, авторските хонорари, административните трошоци и друго, достигнуваат осум милиони евра, два и пол пати повеќе отколку за нивната статуа.

Освен тоа, тамошните граѓани не мора да се грижат дека се трошат пари од нивните даноци, бидејќи статуата е проект на приватна компанија, која околу неа треба да изгради и тематски парк, да постави 200 традиционални монголски шатори што ќе служат за сместување гости, како и да го збогати со други содржини. И нашите споменици треба да ја збогатат туристичката понуда на главниот град, но ги гради државата, а наместо шатори, до нив ќе се прават приватни луксузни хотели...

Виолета Ачковска: Склеротични општества

Процесите овде и во Монголија се слични поради дисконтинуитетот во проучувањето на историјата што комунизмот го наметна во двете земји, смета професорката по историја Виолета Ачковска.

- Во југословенското време се бараа историски корени на таа држава, па поради средновековието и југословенството беше жртвувана античката историја. Во учебник од 1953 година тој период е опишан во одвај три реда. И во Монголија комунизмот сакал да го избрише најславниот период од историјата на земјата. Но неизживеаното мора да се изживее, не смее да се потиснува. Општество што не сака да го помни своето минато е како склеротичен човек. Терминот „антиквизација“ е само грд збор што го измислија критичарите - објаснува Ачковска.

Илија Ацевски: Минато пославно од сегашноста

Кога некој бренд од минатото е поголем од сé што се случува во сегашноста, искушението на властите да го искористат е преголемо, вели професорот по социологија Илија Ацевски.

- Тешко се објаснуваат овие феномени. Во нашиот случај, кога некој национално нé притиска, одделуваме некои елементи и ги истакнуваме. Таквите политики обично се потпираат и на популистичка патерица. За нас Александар Македонски е голем бренд и затоа се користи за промоција - додава Ацевски.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10410105384&id=9&prilog=0&setIzdanie=22099

Dve drzavi tolku daleku a tolku slicni...Porano najgolemi imperii, podocna komunizam a denes problemi so komsiite...
Ocigledno i tie kako i nie so godini go potisnuvale onaa na sto treba da bidat najmnogu gordi...No za razlika od nas Mongolcite bez rezervi go slavat golemio vojskovodec...
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
На Монголија никој не и оспорува дека Џингис Хан бил Монголец, а нас гејците, бугарите, србите и албанците не дојадоа, сите се прават потомци на Александар а уствари немаат две чисти по Историја...
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Џингис, далеку, далеку повеќе ебел од Аце >.<
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Според ова
Александар - Хитлер 12 - 0
:pos2:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Po sto zakluci, Mongolija e najnenaselena zemja na zemjinata topka, na povrsina 4,5 pati pogolema od Germanija ziveat 2,7 milioni luge...
Зарем??? тоа според денешни стандарди. Но... Да не заборавиме која денешна држава беше покорена од горенаведениве скити. И дури до каде се протегало тоа царство. Така да...
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
За нивната скулптура од нерѓосувачки челик, заедно со внатрешната опрема и со целосното уредување на зградата-постамент, се потрошени 4,1 милиони долари

Скулптура, внатрешна опрема, постамент - 4.1 долари вкупно.(или за да ни биде појасно... 2,99 милиони евра)

Само леењето на Александар во бронза, кое се прави во леарницата „Фернандо Маринели“ во Фиренца, чини 4,5 милиони евра или 6,4 милиони долари

Вкупните трошоци, достигнуваат осум милиони евра, два и пол пати повеќе отколку за нивната статуа.
ух :) колку интересно звучи. Баш за да се гордееме со тоа.

бидејќи статуата е проект на приватна компанија, која околу неа треба да изгради и тематски парк, да постави 200 традиционални монголски шатори што ќе служат за сместување гости, како и да го збогати со други содржини. И нашите споменици треба да ја збогатат туристичката понуда на главниот град, но ги гради државата, а наместо шатори, до нив ќе се прават приватни луксузни хотели...
Значи, монголците - споменик - култура - традиција - шатори = туризам.

Македонија - споменик - перење пари - аматерство - државни пари - приватни хотели = Личен интерес.

Фала, но не фала.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
kultuzin Мене ме интересира Зошто треба да се гордееме со некој крвник како Аце наш,човек што делкал се живо и диво,убивал колел пљачкал па и споменици да му дигаме?Па тоа ти е исто како сеа Џерманциве да сакаат да му изградат споменик на деда Хитлера.Не штима а?Мада они си го сакаат уште потајно ама ај..Не бива така друже,до вчера бевме славјани сеа преку ноќ станавме антички Македонци туку така, и ај сега ке дигаме култ на аце.Перење мозоци на кило.

Ако се ставаат споменици поарно на Гоцета и екипа,луѓе шо ја бранеле државата и направиле нешто вредно и храбро,а не Аце (херојот) the butcher,па и спомеников на Џингис Кан демек бил многу голем па и ние треба да напраиме поголем..:uvo: bulls shit
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

изгледа за тебе не им требало цела ноќ,ако тебе ти го испрале мозокот дека си некој славјан,тоа не значи дека и останатите се со испрани мозоци...

нормално треба во секој град во МК по еден споменик на Александар Македонски...
 
Не реков дека дека сум славјан бе алоооо...!!! Ме боли мене и за славјаните и за ацо,туку ацо делкач тоа викам,и заради тоа не треба за него споменици тоа е мое мислење.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Не реков дека дека сум славјан бе алоооо...!!! Ме боли мене и за славјаните и за ацо,туку ацо делкач тоа викам,и заради тоа не треба за него споменици тоа е мое мислење.
ова јас го напишав или ти?(до вчера бевме славјани) јас овде никаде не прочитав дека се издвојуваш:toe:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
ова јас го напишав или ти?(до вчера бевме славјани) јас овде никаде не прочитав дека се издвојуваш:toe:
тоа до "вчера бевме славјани "го кажав во иронична смисла,дека како генерално на луѓево им се испра мозокот,оти знам многу примери што до вчера "беа славјани" а сега веке се некоја залутана семка на Александар Македонски.Се разбравме ли?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
тоа до "вчера бевме славјани "го кажав во иронична смисла,дека како генерално на луѓево им се испра мозокот,оти знам многу примери што до вчера "беа славјани" а сега веке се некоја залутана семка на Александар Македонски.Се разбравме ли?
Јас сум се родил во Македонија, растам во Македонија, и според она што го знам од севкупната историја од времето кога настанал светот до ден денешен јас сум си МАКЕДОНЕЦ и точка! Никогаш не сум бил убедуван дека сум славјанин или југословен или фиромјанец или не ти знам што уште. Јас самиот себеси си се осеќам како МАКЕДОНЕЦ и ќе си останам како таков до крајот на мојот живот, а некој може 24/7 да ми јаде г*мна дека сум нешто друго ама нема око да ми трепне.

--- надополнето ---

kultuzin Мене ме интересира Зошто треба да се гордееме со некој крвник како Аце наш,човек што делкал се живо и диво,убивал колел пљачкал па и споменици да му дигаме?Па тоа ти е исто како сеа Џерманциве да сакаат да му изградат споменик на деда Хитлера.Не штима а?Мада они си го сакаат уште потајно ама ај..Не бива така друже,до вчера бевме славјани сеа преку ноќ станавме антички Македонци туку така, и ај сега ке дигаме култ на аце.Перење мозоци на кило.

Ако се ставаат споменици поарно на Гоцета и екипа,луѓе шо ја бранеле државата и направиле нешто вредно и храбро,а не Аце (херојот) the butcher,па и спомеников на Џингис Кан демек бил многу голем па и ние треба да напраиме поголем..:uvo: bulls shit
Ај прочитај се повторно!

Значи правиш споредба помеѓу 323-та година B.C и 20-от век!!! Да го правел тоа што го правел пред 1000-2000 години Хитлер денеска ќе беше појака личност од Александар, Џингис и Атила заедно.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Џингис, далеку, далеку повеќе ебел од Аце >.<

Ако мислиш повеќе ебел во контекст на тоа дека бил дивјак и еден од најсуровите императори, да! Александар има освоено најмногу територија од сите останати императори во историјата. Не убивал недолжни, каде што освојувал градел цели градови и го цивилизирал општеството.

Значи подобар император не постоел во светот од Александар!

kultuzin Мене ме интересира Зошто треба да се гордееме со некој крвник како Аце наш,човек што делкал се живо и диво,убивал колел пљачкал па и споменици да му дигаме?Па тоа ти е исто како сеа Џерманциве да сакаат да му изградат споменик на деда Хитлера.Не штима а?Мада они си го сакаат уште потајно ама ај..Не бива така друже,до вчера бевме славјани сеа преку ноќ станавме антички Македонци туку така, и ај сега ке дигаме култ на аце.Перење мозоци на кило.

Ако се ставаат споменици поарно на Гоцета и екипа,луѓе шо ја бранеле државата и направиле нешто вредно и храбро,а не Аце (херојот) the butcher,па и спомеников на Џингис Кан демек бил многу голем па и ние треба да напраиме поголем..:uvo: bulls shit
Каде прочита ти дека Александар касапел жени и деца? Нормално е во тоа време војските војувале со штит и меч, ти со што сакаш да ги убивале, со електрична столица? Ајде кажи кој војсководец освен Александар градел градови во освоените територии, Александрија и Вавилон и ден денес постојат и се worldwide познати!

Александар испаднал подобар за државите кои ги освојувал отколку за својата земја. А ако сакаш ти да мислиш дека бил касап грешиш, можеби Филип Втори го бараш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom