Џемо Хаса

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Ако не приметувате јас да ви кажам: Темата е префрлена од "Општи муабети" овде во подфорум за "Историја".

Спрема тоа тука завршуваат сите беспредметни муабети што немаат никаква врска со историја.

Од: "МАНИФЕСТОТ ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД" објавен на 2 август (Илинден), 1944 г.

"...Во западна Македонија уште живеат албанските фашисти околу криминалците Джемо и Мефаил. Потпомогнати од Чкатровци и Коцаревци, палат тие македонски села и крволочно го избиваат македонското население."

.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Тоа што се случуваше 2001ва е само модерна реприза на настаните 1941-1945. Очекувам од поддржувачите на балистите (1941-1945) да се изјаснат зашто овој човек заслужува да има улица некаде во Македонија.
Точно, класично кукавички стил на тортура врз недолжно ненаоружано население. Балистите од секогаш се истакнувале како обични пи*иња во начинот на војување низ текот на историјата. Ме интересира дали модерниве балисти планираат да ја сменат улицата која го носи името на херојот од НОВ - Чеде Филиповски - Даме и како си замислуваат дека еден покрај друг може да стојат со овој крвник на македонскиот народ?
 
S

Sagan

Гостин
Џемаил Хасани е убиен од неговите тројца телохранители, на кои тогашната власт им ветила еден вид амнестија доколку го донесат жив или мртов на југословенските служби за безбедност. Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити, телохранители на Хасани и членови на криминалната група позната како “Горјани“, придобиени од службите преку Риза Раифи. Хасани бил баран за убиства на над илјада Македонци и наредба за стрелање на 20 партизани.

Околу 1 мај 1945, офицери на ОЗНА одат во Гора на состанок со соработниците, каде им е покажана главата на Хасани. За да се заштитат соработниците, ОЗНА објавува дека ЈНА го убила. Горенаведените биле амнестирани и им било дозволено да носат оружје, но не се придржувале кон договорот да престанат со извршување на криминални дела, поради што подоцна биле лишени од слобода и судени.

Проф. Батковски го има убаво обработено случајот во книгата “Великоалбанската игра во Македонија“ - 1994, Мугри.

С. Симница, Република Македонија :facepalm: :
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032

Истиот стил е користен од тн ОНА. Ниеден припадник на вооружените сили не беше убиен во фронтална битка, туку од заседи. Тие и се декларираа како наследници на балистите од Бали Комбетар.
 
M

macgowan

Гостин
Џемаил Хасани е убиен од неговите тројца телохранители, на кои тогашната власт им ветила еден вид амнестија доколку го донесат жив или мртов на југословенските служби за безбедност. Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити, телохранители на Хасани и членови на криминалната група позната како “Горјани“, придобиени од службите преку Риза Раифи. Хасани бил баран за убиства на над илјада Македонци и наредба за стрелање на 20 партизани.

Околу 1 мај 1945, офицери на ОЗНА одат во Гора на состанок со соработниците, каде им е покажана главата на Хасани. За да се заштитат соработниците, ОЗНА објавува дека ЈНА го убила. Горенаведените биле амнестирани и им било дозволено да носат оружје, но не се придржувале кон договорот да престанат со извршување на криминални дела, поради што подоцна биле лишени од слобода и судени.

Проф. Батковски го има убаво обработено случајот во книгата “Великоалбанската игра во Македонија“ - 1994, Мугри.

С. Симница, Република Македонија :facepalm: :
Точно, Саган.
Дедо ми, бог да го прости, беше учесник во борбите против балистите во `44 и `45 , бил ранет кај Колари. Ми раскажуваше се што се случувало таму и што гледал за време на неговата `служба` и за злосторствата на Џемо и Мефаиљ. Се е како што напиша.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Еве што е Џемо Хаса и за што се залагал тој... само сменете Евреи со Македонци.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Од Модератор:
Придржувајте се кон темата.
Офтопици полни со навреди нема да бидат дозволени и ако продолжат ќе следат санкции.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Дотичниов му има држено бајонет во уста на малечко бебенце присилувајки ги родителите пари да му дадат ако сакаат детето назад да си го добијат. Исто така силување попова керка додека попот го терале да гледа и ред други работи што само нечовек може да ги направи.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
„Горанците“- Абдула,Назив и Алија беа осудени на смрт
и егзекутирани,а Риза осуден на 15 години затвор.
(бидеиќи се беа поврзале през1950-51 год.со бандата
на Шаип Садику)
Инаку, убиството на Џемо,според поновата документација го извршил Љимани Ремзи од с.Ѓурѓевиште,брат на втората жена на Џемо. Тој,за срамот што фамилијата и го нанел Џемо со тоа што ја земал со сила за своја жена сестрата на Ремзи
(и покрај тоа што Џемо веќе имал жена и деца), само чекал поволен момент да го убие Џемо. Ремзи бил запознат со планот за ликвидација на Џемо,го прифатил него а со договор со тројцата Горјани,го убил Џема.А потоа тие му ја отсекле главата.Убиството е извршено крајот на април 1945 год.на Кораб,на местото наречено „Проѓузел“.
На тој начин бил ликвидиран најголемиот злосторник и водачот на балистите во Македонија Џемо Хаса.
А Мефаил Шеху Зајаси, најозогласениот балист од Кичевијата,бил ликвидиран во октомври 1945 год.Тој заедно со неговата банда убици бил откриен во местото „Арап Кула“
повеќе во книгата-„Балисти“-Ѓорѓи Малковски-Скопје 2002г.
 
Член од
2 декември 2010
Мислења
170
Поени од реакции
78
dzema go predale negovite sorabotnici i toa na padinite na suva gora samite tie go ubivaat a potoa mu ja odrubuvaat glavata da ja pokazat kako dokaz
za ova tie imaat dobieno poblagi presudi od partizanite i bile postedeni
 
Член од
28 декември 2012
Мислења
119
Поени од реакции
67
главата му била исечена и ставенз во стакло пред тетовската полициј сите да ја гледаат тоа е крајот на балистот на коњ кој е најодговорен за масакрот во белица.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom