Ќе ти простам, ама ќе ти го извадам тоа низ нос...

Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Многу лоша работа е тоа. Ама на крај, може на другата страна да и' дојде преку глава од постојаното потсетување и држење лекции. Убаво кажа некој погоре, не е тоа простување. Тоа се вика ЛАЖЕН морал.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Којзнае како... Некогаш доаѓаме до ситуација каде нападот е најдоброто оружје за одбрана, па вадиме аргументи кои треба да останат таму некаде во минатото и да не се гибаат. (ова тргнувајки од мене си го пишувам)
Инаку тоа што е простено треба да е заборавено и не треба да се навраќаме на него.... (али јебига некогаш гордоста е поголема од се)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Може од 2 причини да се деси тоа да му вадиш на нос после грешката:
- или си злопамтило
- или работата што се десила остнала недоволно разјаснета

Во секој случај, глупаво е така да се прави:toe: , значи партнерот згрешил, никој не бара ти да ја заборавиш грешката како никогаш да не ни била направена, но доволно е да му простиш и да не го навраќаш на тоа, посебно ако знае дека погрешил, ако го навраќаш на грешката можеш само да ја влошиш врската.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
лоша работа! сигурно сега си вели жртвата.. "ај сега ќе му се смирам и за секоја негова грешка или ако неисполнува мое барање ќе му го спомнувам тоа и така да можам слободно да му се качам на глава и ништо не смее да ми рече" алооо каде каде...??
ако веќе си му простила тоа треба да биде заборавено а не насекое да се спомнува....тоа значи дека не си му простила вистински и единствената причина за "опростувањето" била тоа за после да го држиш во раце!
не е должен "грешникот" да ја трпи "жртвата" и постојано да биде "малтретиран" и "бомбардиран" со истото па истото...
лоша работа дефинитивно....ако простуваш,простуваш ако не,не.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.701
Поени од реакции
13.357
Мое лично мислење: тоа не е простување. тоа се вика злопамтење кое го користи за оружје за да на некој начин се исплати на рати (па дури и со камата која знае да забега во троцифрен број на проценти).
 

PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Сум, преживеал, сум почувствувал...

Како што можи се да се згреши, расипи и сл. можи се и да поправи, ако некој стварно се покајал и извинил и му било простено не значи да се однесува како ништо да не се случило, имаше порано една тема „ Те Сакам“ па во незе многу мина пишувавте (пишувавме) цитирам: „Јас повеќе покажувам дека го/ја сакам одколку што кажувам.“ Исто така ако сви(сни) се покајале и извиниле не треба тоа само да го кажете(кажеме), треба после простувањето и да го покажете (покажеме), за партнерот/ката да го забележи и заедно со заедничка помош пополека мнооогу пополека да се заборава, не е можно да се заборави во целост, ама доволно долго за врската да продолжи понатаму...
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Простување нема. Барем не во вакви комплицирани сутуации кога се чепка по нечија суета.
Значи, објективната изјава би звучела - ќе останам со тебе, ама ќе се обидам да не коментирам на глас секогаш кога ќе ме заболи.
На крај, што би рекол Хасо - боље да не знам. И ако знам, да се не секирам.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Па ако ме изневерил воопшто нема да му опростам.Незнам која е суштината ти опростувам ама ќе се караме за тоа.Ако решиш да останеш барем ќути.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А мене исто не ми се јасни тие што згрешиле. Грешката им е опростена, заради тоа се тормозени од другата страна, а они седат, ќутат и трпат.

Па мајку му, подобро ќе раскинам ако треба да трпам некој мојата грешка константно да ми ја вади низ нос.
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
фала богу не сум бил во ваква ситуација, ама веројатно затоа тоа што сум јас тоа што сум, доколку нештото ми се вади низ нос не е простено, а ако не можи да прости, тоа ти е :toe:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Eдно гласно и без размислување, не ни простувам, и нема ни од ничив нос да го извадам
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Го подржувам SCORPIO__20 бидејќи еднаш си направил грешка истата може уште еднаш или ххх пати да ја направиш. Значи не се опростува тука се завршува овде, а доколку и опростиш мислам дека во секој случај пак треба да ја прекинеш врската.
Лично мене ми се случило.:toe:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Епа какво простување е тоа...штознам јас би простил ама да го извадам од нос некако е многу пе*ерско,боље заврши и крај....
 
Член од
7 септември 2007
Мислења
99
Поени од реакции
1
Не се согласувам овде со тебе.
Знам случаеви каде дечкото и прости на девојката,ама затоа после и го направи животот мизерен.Ја навредуваше,понижуваше...

Значи не е само за девојките...
Па да не дека е само за девојките карактеристично тоа, се случува тоа и кај некои машки ама се случува ова кај СИТЕ девојки
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па да не дека е само за девојките карактеристично тоа, се случува тоа и кај некои машки ама се случува ова кај СИТЕ девојки
Ма немој!!

Од каде бе ти знаеш?

Кај сите девојки било ова како да не!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom