M
.:makedonec:.
Гостин
Шкотска чекори кон независност
Владата на Шкотска ќе достави законски предлог до парламентот во Единбург за организирање референдум за независност на овој дел од Британија во 2010 година, јави МИА.
Владата на првиот министер Алекс Салмонд, лидер на Шкотската националистичка партија (СНП), на овој начин сака да го исполни изборното ветување за референдумот, по кој треба да се знае дали Шкотска и понатаму ќе остане дел од унијата со Англија или ќе прогласи независност. Предлог-законот е на партијата што сега управува со Шкотска, меѓутоа, нема да помине во парламентот. Тоа е така бидејќи владата нема мнозинство, а и трите главни опозициски партии лабуристите, конзервативците и либералдемократите се противат на идејата за референдум и на растурањето на Обединетото Кралство.
Претставник на владата ја повика опозицијата да не им го одзема правото на Шкотланѓаните да кажат што мислат за независноста и излегувањето од унијата. Според предлогот, оставена е и можноста покрај за независноста, гласачите да се изјаснат и за зголемување на овластувањето на шкотскиот парламент.
Шкотските лабуристи, кои во парламентот имаат само едно пратеничко место помалку од владејачката СНП, се противат на одржувањето референдум.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FEDDBCE11B14B847AAC8C7F30797FAB3
Ако така и треба нека се распаднат да видат како е да се деле држава (како нас што не поделија на 3 поголеми дела ) нека се распадне Британија само што тешко дека ќе се реализира тоа пошто се на остров кај и да идат по копно па се тука не верувам ама ќе видемо времето ќе каже !
